Бујук џамија (турски: Büyük Camii во превод Голема џамија) е поранешен муслимански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија.
Првото име според писмени извори на џамијата било Коџа Махмуд-паша џамија или џамијата на Големиот Махмуд-паша. Изградбата на храмот започнала во 1451 и завршила 20 години по смртта на Коџа Махмуд-паша во 1494 година.
Околу џамијата имало и други објекти: ан, медреса, водосклад и фонтана. Маалото околу џамијата го носело нејзиното име.
За време на Руско-турската војна (1877-1878) џамијата била претворена во болница. Подоцна била библиотека, музеј и печатница, а од 1892 година во неа е сместен Националниот археолошки институт со музеј.
Наводи
Надворешни врски Слики од џамијата
Категорија:Џамии во Софија Категорија:Поранешни џамии Категорија:Архитектура од 15 век