Оваа статија е за дело од Данте Алигиери. За верскиот поим видете Пекол. мини|300п|Карта на Пеколот
Пеколот () — првиот дел од Божествената комедија на Данте Алигиери, проследен од Чистилиштето и Рајот. Поемата е напишана во раниот XIV век. Делото е алегориско раскажување на патувањето на Данте низ средновековен концепт за пеколот, предводен од римскиот поет Вергилиј. Во поемата, Пеколот е прикажан низ девет круга на страдањето, сместени во Земјата. Алегорично, Божествената комедија го претставува патувањето на една душа до Господ, во Пеколот опишувајќи го признавањето и одбивањето на гревот.Dorothy L. Sayers, Hell, notes on page 19.
Предворие на Пеколот мини|лево|250п|Гравура на Гистав Доре илустрирана во Божествената комедија (1861–1868); Данте изгубен во шумата во првата песна од Пеколот.
На средина од мојот живот земен го изгубив јас така својот пат: се најдов в шума сам, сред густеж темен.
А таа шума, дива, чуден кат, зарастена во трње, в буеж сета, сред срце раѓа спомен, страв и лад.
Погорчлива одвај е смртта клета! Но, за блаженството што сум го пил, ќе раскажам за сè што таму сретнав.Данте Алигиери „Пеколот“, песна прва (стих 1-9), препев Георги Сталев; Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга; Скопје, 1982 мини|250п|десно|Средба со пантерот (симбол на зависта и на Фиренца); илустрација од Гистав Доре мини|250п|десно|Средба со лавот (симбол на гордоста и Франција); илустрација од Гистав Доре мини|250п|десно|Волчицата (симбол на среброљубието и папите; Средба со Вергилиј); илустрација од Гистав Доре
Во првиот стих на „Пеколот“, Данте кажува дека своето патување го започнува „на средина на мојот живот земен“ (Nel mezzo del cammin di nostra vita). Во тоа време, во согласност со библиските ставови, се верувало дека просечниот животен век на човекот изнесува седумдесет години (Псалм 90:10), така што почетокот на неговото патување низ задгробниот живот паѓа во 1300 година. Навистина, во стварноста, Данте го започнал своето дело многу подоцна, но намерно ја избрал 1300 година како почеток на неговиот пат со цел настаните што се случиле подоцна да може да ги прикаже како пророштва.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 7. Притоа, во средниот век се верувало дека Бог го создал светот во пролет, кога Сонцето се наоѓало во хороскопскиот знак на Овенот, т.е. за време на рамноденицата. Оттука потекнува ставот на историчарите на книжевноста дека своето патување низ задгробниот живот Данте го започнал на Велики петок, т.е. на 8 април 1300 година, а патувањето траело седум дена.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 8.
Поемата започнува така што поетот е изгубен во мрачна шума, што ја симболизира тогашната Фиренца, односно нејзината општествено-политичка положба (политичките борби во кои Данте ќе се вклучи и кои ќе го принудат да ја напушти) и се качува по рид - што треба да му донесе мир и блаженство. Но, качувањето е тешко и на тој пат му се препречуваат трите ѕверки: пантерот, лавот и волчицата, на кои не може да им избега, не можејќи да го најде „вистинскиот пат“ (diritta via) за спас. Пантерот ја симболизира зависта, но и самата Фиренца; лавот, пак, е симбол на гордоста, како и на Франција која се мешала во политиката на Италија и не ѝ дозволувала самостоен напредок; а волчицата е симбол на алчноста и среброљубието преку која ги претставил папитеБилјана Богданоска - Воведна песна на „Пеколот“.
Алегорично, Пеколот ја претставува христијанската душа која го гледа гревот каков што е, а трите ѕверки претставуваат три вида грев: хедонистички, насилен и злонамерен.Dorothy L. Sayers, Hell, notes on page 75. Овие три вида грев служат и како трите главни оддели на Пеколот на Данте: горен пекол (првите 5 круга) за хедонистичките гревови; шестиот и седмиот круг за насилните гревови; и осмиот и деветтиот круг за злонамерните гревови. ... Да тргнам горе смелост собрав, клет,
но ниту надеж остана, ни сила. Ко трговец што чука глава в ѕид (галијата ја скрши морска спила!)
се мрачи сè пред очниот му вид, — ме стресе така ѕверон и ме столчи, следејќи ме од оној стрмен рид
во катон кај што сонцето си молчи. Бегајќи јас низ рид пред ѕвера три, пред Лав, пред Пантер и пред поглед волчи,
— пред мене човек никна чии дни изгаснале пред не знам колку века.Данте Алигиери „Пеколот“, песна прва (стих 54-65), препев Георги Сталев; Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга; Скопје, 1982 ...
Секоја казна на еден грев во Пеколот е contrapasso, симболичен пример за заслужeната казна; на пример, гатачките мораат да одат напред со главите свртени назад, не можејќи да гледаат напред, бидејќи се имаат обидено преку разни нешта, да гледаат напред во иднината на животот. Вакви contrapasso се во „функција, не како облик на божествена одмазда, туку повеќе како исполнетоста на судбината и слобдна одбрана од секоја душа за време на нејзиниот или неговиот живот.“Peter Brand and Lino Pertile, The Cambridge History of Italian Literature, 2nd ed, Cambridge University Press, 1999, ISBN 0521666228, pp. 63-64.
Свесен дека се турка себеси кон „дното“ (basso loco) „каде што сонцето молчи“ (l sol tace), Данте го здогледува Вергилиј, кој му нуди да му биде водач во патувањето до рајот. Најпрвин, поетот го прифаќа предлогот со восхит, но подоцна започнува да се колеба. Тогаш, Вергилиј му кажува дека убавата Беатриче (љубовта на поетот) дошла од рајот во пеколот за да го замоли да го доведе поетот кај неа, кажувајќи му дека тоа е желба на уште две жени во рајот – Богородица и Св. Луција. Слушајќи го тоа, на поетот му се враќаат волјата и силата да помине низ задгробниот живот.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 3-13.
мини|250п|десно|Проколнатите души во чамецот на Харон го преоѓаат Ахерон; илустрација на Гистав Доре
Данте ја преминува портата за Пеколот, каде наоѓа натпис, деветтиот (и последен) ред од познатата фраза, Lasciate ogne speranza, voi ch'intrate - „Вие што влегувате, откажете се од секоја надеж“, или според препевот на Георги Сталев: Но, ти, што ќе го стапнеш овој праг —ЗАСЕКОГАШ ОТКАЖИ СЕ ОД НАДЕЖ!Данте Алигиери „Пеколот“, песна трета (стих 8-9), препев Георги Сталев; Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга; Скопје, 1982 Во англиските препеви постојат бројни варијанти на овие стихови.<ref>There are many English translations of this famous line. Some examples include
All hope abandon, ye who enter here - Henry Francis Cary (1805–1814) All hope abandon, ye who enter in! - Henry Wadsworth Longfellow (1882) Leave every hope, ye who enter! - Charles Eliot Norton (1891) Leave all hope, ye that enter - Carlyle-Wicksteed (1932) Lay down all hope, you that go in by me. - Dorothy L. Sayers (1949) Abandon every hope, you who enter. - Charles S. Singleton (1970) Abandon all hope, ye who enter here - John Ciardi (1977) No room for hope, when you enter this place - C. H. Sisson (1980) Abandon every hope, who enter here. - Allen Mandelbaum (1982) Abandon all hope, you who enter here. - Robert Pinsky (1993) Abandon every hope, all you who enter - Mark Musa (1995) Abandon every hope, you who enter. - Robert M. Durling (1996) All hope abandon, you who enter here. - James Finn Cotter (2000) Abandon all hope upon entering here! - Marcus Saunders (2004) All hope is lost when you pass through this portal. - Colm Ryan (2008) Verbatim, the line translates as "Leave (lasciate) every (ogne) hope (speranza), ye (voi) that (ch) enter (intrate)."</ref>
Пред конечно да влезат во Пеколот, Данте и Вергилиј ги гледаат Неодлучните, души на луѓе кои ништо не направиле во својот живот, ниту добро ниту зло (помеѓу нив Данте го препознава или Папа Целестин V или Понтиј Пилат; текстот е двосмислен). Помешани со нив се прогонети луѓе кои не заземале страна во Бунтот на ангелите. Овие души не се ниту во Пеколот ниту надвор од него, туку опстојуваат на бреговите на реката Ахерон, нивна казна е вечно да бркаат знаме што се вее (т.е. себичност, користољубие), а патем ги прогонуваат оси и стршлени, додека црви и други слични инсекти ја пијат нивната крв и солзи. Ова ја симболизира нивната грижа на совест и одвратноста на гревот. Како и Чистилиштето и Рајот, така и Пеколот ја содржи структурата 9+1=10, со ова „предворие“ различно по природа од деветте круга на Пеколот, а разделено од нив со Ахерон.
Откако го поминуваат „предворието“, Данте и Вергилиј досегнуваат чамец кој ги носи низ реката Ахерон до самиот Пекол. Чамецот го управува Харон, кој не сака да го пушти Данте да влезе, бидејќи е човечко суштество. Вергилиј го натерува Харон да попушти со уште еден познат стих Vuolsi così colà ove si puote, кој се преведува како „Значи се бара таму каде што е моќта“, однесувајќи се на фактот дека Данте е тука врз основа на божествени нешта. Плачот, викотниците и богохулењето на проколнатите души додека се наоѓа на бродот на Харон се спротивност на радосното пеење на благословените души за време на пристигнувањето со чамец во Чистилиштето. Како и да е, вистинскиот премин низ Ахерон не е опишан бидејќи Данте (раскажувачот), се онесвестува и се буди дури на другата страна.
Потоа Вергилиј го води Данте низ деветте круга. Круговите се концентрични, претставувајќи постепен раст на чудност, кулминирајќи во центарот на земјата, каде Сатаната е во ропство. Грешниците на секој круг се казнуваат соодветно со нивните злодела: секој грешник е вечно потиштен од главниот грев што го извршил. Луѓе кои грешеле, но молеле за прошка пред нивната смрт не се наоѓаат во Пеколот туку во Чистилиштето, каде се обидуваат да бидат ослободени од гревот. Во Пеколот се наоѓаат луѓе кои се обиделе да ги оправдаат своите гревови и не се каат за истите.
Деветте круга на Пеколот
Првиот круг мини|десно|250п|Данте е прифатен за еднаков со античките поети алт=Семирамида, кралица на Вавилон, симболистичко дело на сликарот Чезаре Сакаги|мини|369x369пкс|Семирамида, кралица на Вавилон, симболистичко дело на сликарот Чезаре Сакаги Во првиот круг на пеколот (наречен Лимб) ги среќаваат сите луѓе родени пред Христа, т.е. луѓето кои не направиле гревови, но не биле христијани, односно многубошците, некрстените, доблесни пагани.
И плач и воздив, стон се креваше сред воздухот без ѕвезда ниту една. Низ образ солза ми се слеваше. . . . И души гледаш ангелски пред пекол што пасивни останале до крај: ни против, ни со бога минел векот!
Ги прогнал бог: Тој сака пречист рај, но нејќе да ги прими нив ни адот. подлабоко, да не зрачат, пак, сјај! Данте Алигиери „Пеколот“, песна трета (стих 22-24; 37-42), препев Георги Сталев; Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга; Скопје, 1982
Во овој круг има зелени полиња и замок со седум порти кои ги претставуваат седумте доблести. Замокот е живеалиште на најмудрите мажи на антиката, вклучувајќи го Вергилиј и поетите Хомер, Хорациј, Овидиј и Лукан. Малку нескромно, но Данте самиот се вклучува во ова друштво, тој станува шестиот меѓу големите („Ме прифатија/ со чест во кругот: шести јас се сторив“Данте Алигиери „Пеколот“, песна четврта (стих 100-101), препев Георги Сталев; Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга; Скопје, 1982). Освен поетите, тука се наоѓаат и амазонската кралица Пентесилеја (убиена од Ахил под Троја), математичарот Евклид; научникот Диоскорид; државникот Цицерон; првиот доктор Хипократ и други научници како Гален, Евклид, Анаксагорa; филозофите Сократ, Платон, Демокрит, Емпедокле, Зенон, Хераклит, Диоген, Сенека, Талес, Авицена, Аристотел и Авeроес, историските личности Саладин, Лукреција, Луциј Јуниј Брут и Јулиј Цезар; како и митолошките ликови: Хектор (заштитник на Троја), Енеј, Електра (ќерка на Атлант, основач на Троја), Камила (од „Енеида“, паѓа во борбата против Тројанците), Латин (крал на Лација), Орфеј и многу други.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 15-25.
Вториот круг мини|десно|250п|Минос, со опашката го определува кругот во кој ќе влезе грешникот