Елифас Леви, роден како Алфонс Луј Констант, (8 февруари 1810 г. - 31 мај 1875 г.) — француски окултистички писател и кабалист.

„Елифас Леви“ името под кое ги печател своите книги, било негов обид да го преведе своето име на хебрејски.

Елифас Леви бил опат на римската црква, филозоф и уметник, врвен книжевен стилист, голем шегаџија, и длабок симболист. Се интересирал за мистицизмот и окултизмот, па така стигнал и до тарот картите. За време на неговиот престој во Англија, заедно со Кенет Мекензи, исто така познат окултен научник во тоа време и слободен ѕидар со висок степен, ги преуредиле тарот картите и ги издале како шпил карти кои се засноваат врз научни основи.

Интересно е дека врз основа на тарот картите Елифас Леви ја започнал големата студиозна книга Магика, во која секое поглавје се заснова врз одредена карта од Големата аркана на Таротот. Со тоа, Елифас Леви го прекршил заветот на молчење со кој се обврзал кога му е доверена на чување тајната на Таротот.

Поврзано Кабала Херметизам Езотерија Окултизам Тарот карти

Надворешни врски

''Онлајн книги на Леви Доктрината на трансценденталната магија (HTML) Клучот за големите мистерии Проширена биографија на француски

Категорија:Родени во 1810 година Категорија:Луѓе од Париз Категорија:Родени на 8 февруари Категорија:Починати во 1875 година Категорија:Починати на 31 мај Категорија:Окултни писатели Категорија:Француски писатели Категорија:Починати во Париз