алт=Џамбатиста Лоли|мини|Џамбатиста Лоли

Џамбатиста Лоли (роден во 1698 во Модена - починал на 4 јуни 1769) бил италијански шахист и шаховски теоретичар. Автор е на делото „Набљудување на теоријата и практиката на шаховската игра“, објавено во 1763. Делото претставува шаховска енциклопедија која содржи голем број на анализи на сите елементи во една партија. Во отворањето Кралев гамбит, постои варијанта која го добила неговото име. Исто така Лоли дал и неколку анализи кои имаат големо значење во завршницата.

Книги «Osservazioni teorico-pratiche sopra il giuoco degli scacchi», Bologna, 1763.

Користена литература Шахматный словарь. Москва: Физкультура и спорт, 1964. С. 276. Шахматы: Энциклопедический словарь. Москва : Советская энциклопедия, 1990. С. 221. ISBN 5-85270-005-3. Бондаренко Ф. С. Становление шахматного этюда. Киев: Здоров’я, 1980, стр. 38-39.

Категорија:Италијански шахисти Категорија:Италијански шаховски теоретичари Категорија:Родени во 1698 година Категорија:Починати во 1769 година