thumb|right|200px|Сообраќајна карта на Пелопонез, 2007

Пелопонез (грчки: Πελοπόννησος) — голем полуостров и регион во Јужна Грција, и го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии; поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика.

Префектури Аркадија Арголида Коринтија (освен општините Агии Теодори и поголемиот дел од Лутраки-Перахора, кои се наоѓаат источно од Коринтскиот Канал) Лаконија Месинија Ахаја Префектура Елис Пиреј (само општините Метана, Тризина, и дел од Порос)

Географија Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето на Коринтскиот Канал во 1893, Пелопонез всушност во целост бил издвоен од копното, и може да се смета за остров. Тој има две врски со копното, една преку вливот на Коринт, и една преку мостот Рио-Андирио, изграден во 2004.

Внатрешноста на полуостровот е планинска. Две групи на острови лежат во близина на крајбрежјето: Арго-Саронските Острови на исток и Јонските Острови на запад.

Надворешни врски Управен портал на Пелопонез Преживеаните од огнените стихии во Грција тажат на Пелопонез. Атинско-спартанската војна на Lycurgus.org

Категорија:Пелопонез (област) Категорија:Полуострови во Грција