Медина () е покраина во Саудиска Арабија, на западниот дел од земјата, крај крајбрежјето на Црвеното Море. Зафаќа површина од 173.000 км² и има население од 1.310.400 жители (1999). Главен град е светиот град Медина. Други градови се Јанбу ел-Бар и Бадр Хунајн. Управник на покраината е принцот Абдулазиз ибн Меџид, внук на основоположникот на Саудиска Арабија, кралот Абдулазис ибн Сауд.

Надворешни врски Покраина Медина - службен портал

Категорија:Покраини во Саудиска Арабија