Кресна (до 1978 г. Станица Пирин, ) — град во Благоевградската Област, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија. Претставува административен центар на Општина Кресна.
Географија Градот е сместен во подножјето на Пирин планина од нејзината западна страна, во долината на реката Струма,
Градот Кресна е сместен од двете страни на меѓународниот пат Е-79. Пред градот, на живописниот завој на реката Струма, се наоѓа споменикот на загинатите во Македонското востание од 1878 година. Се наоѓа на надморска височина од 232 метри.
На Пирин се наоѓа одморалиштето Синаница (Син Врв), низ кое минува и популарната пешачка патека до езеро, едно од најубавите на Пирин Планина.
Историја Во регионот се пронајдени остатоци од античкиот град Нејне (во близина на селото Долна Градешница) и од средновековниот манастир „Свети Кузман и Дамјан“ (кај селото Влахи). алт=Kresna Church.JPG|мини|Црквата „Свети Јован Рилски“ Населбата се среќава по 1926 година како Станица Пирин. Таа е призната како станица без административен акт во 1934 година. А во 1956 година, населението на Ново Село е преброено заедно со населението на Станица Пирин. Во 1959 година кон Станица Пирин е споено и селото Крива Ливада.
На 29 септември 1978 година, населбата е прогласена за град и преименувана во Кресна, а дотогашното село Кресна - во Стара Кресна.
Демографија Според пописот од 2011 година, во Кресна живееле 3.470 жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот: националностброј%Бугари3.31395,4Роми150,43Турци/0други/0не се самоопределиле130,37не одговориле1153,31Вкупно3.470100 Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
На табелата е прикажан бројот на населението во Кресна за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население73816792667327536414059411638493470 Според проценките на Националниот статистички институт, во 2015 година Кресна имала 3.628 жители.
Личности
Наводи
Категорија:Општина Кресна
Категорија:Градови во Пиринска Македонија