Робин ван Перси (роден во Ротердам) — холандски фудбалер, напаѓач на Фејенорд и на холандската репрезентација.
Како син на двајца уметници, Ван Перси бил охрабруван и самиот да стане уметник и да тргне по стапките на неговите родители, но нему повеќе му се допаднал фудбалот и станал член на младиот состав на СБВ Екселсиор во 2001. Неговиот пробив беше во клубот од неговиот роден град Фејенорд, каде што помина три сезони и го освои купот на УЕФА во 2002. Во 2004, се пресели во Англија и потпиша за Арсенал, со кого истата сезона го освои Комјунити Шилд, а во сезоната 2004-05 и ФА Купот.
Ван Перси има повеќе од 100 настапи и 32 голови за Холандската репрезентација, за која учествувал и на Светското Првенство во 2006, Светско првенство во 2010, Светско првенство 2014 и на Европското првенство во 2008 и 2012 година.
Животопис Робин ван Перси пораснал во Ротердамската населба Кралинген. Неговата мајка, Хосе Рас, била сликар, а неговиот татко, Боб, бил вајар.Young Gunner , timesonline.co.uk. Retrieved September 19 2008. Тој има две сестри, Лили и Кики.Robin Van Persie Bio , tv.com. Retrieved November 16 2007. Често бил охрабруван да тргне по стапките на неговите родители и да стане уметник, но тој го избрал фудбалот.
Клупска Кариера Фејенорд Ван Перси стана член на холандскиот младинскиот тим на СБВ Екселсиор во 2001, но си замина поради конфликти со тренерскиот состав и потпиша за Фејенорд. Набрзина се проби до првиот тим поради повреди на некои од играчите, дебито за клубот му беше на 17 години, прв од вкупно 15 настапи. На крајот на сезоната 2001-02, беше прогласен за Најдобар Млад Талент во холандската прва лига.
На почетокот на следната сезона, Ван Перси потпиша нов три годишен професионален договор со Фејенорд, и постигна пет гола на натпреварот од Амстел Купот против АГОВВ кој заврши 6-1 на 6 февруари 2003. FEYENOORD DRINK FROM CUP OF CHEER - feyenoord.com, 2/6/03. Посетено на 11/9/08. Но, поради несогласувања со менаџерот Берт ван Марвијк Ван Перси беше префрлен во резервниот состав, за што Ван Марвијк изјави, „Поради неговото однесување, невозможно беше тој да остане во почетниот состав, па затоа ќе им се приклучи на резервите.“Take care with Persie - The Sun Sport, 4/29/04. Посетено на 11/9/08. За време на натпревар помеѓу резервите на Феенорд и Ајакс, тој беше еден од неколкуте играчи на Феенорд кои беа нападнати од страна на хулигани кои навлегоа на теренот. Разликите помеѓу Ван Перси и Ван Марвијк се продлабочија кога Ван Перси беше испратен дома пред натпреварот од Супер Купот против Реал Мадрид откако наводно тренерот не бил задоволен од говорот на телото на Ван Перси, кога му било кажано да се загрее за натпревар од лигата. Ван Перси ја заврши својата деби сезона во првиот тим, имаше вкупно 28 настапи и осум голови, таа сезона Феенорд загуби во финалето на Холандскиот куп.
Феенорд неуспешно се обиде да го продолжи договорот на Ван Перси за време на летото. Сезоната 2003-04 ја помина на клупата поради се полошите односи со Ван Марвијк. Повторно играше 28 натпревари, но постигна само 6 голови. Фејенорд го понудија на продажба на крајот на сезоната, но поради неговото дисциплинарно досие немаше многу заинтересирани. Во јануарскиот преоден рок во 2004, холандскиот клуб започна преговори со Арсенал. Арсенал имаше потреба од долгорочна замена за ветеранот Денис Беркамп. Двете страни не успеаја да се договорат во јануари, но пет месеци подоцна, во летниот преоден рок, Ван Перси се пресели во Арсенал за 2,75 милиони фунти, малку повеќе од половина од оригиналната цена поставена од Феенорд, 5 милиони фунти.Feyenoord slap £5m price tag on Van Persie - The Telegraph, 1/20/04. Посетено на 11/9/08.
Арсенал На 17 мај 2004, Ван Перси потпиша четиригодишен договор со Арсенал.Arsenal win the race to capture £3m Van Persie, Independent Online Edition, April 29 2004. Посетено на 1 декември 2007. Менаџерот Арсен Венгер, кој планирал да го претвори Ван Перси од лево крило во напаѓач, што претходно му успеа со Тјери Анри, за новиот играч изјави, „Може да игра на лево во средниот ред, како креативен играч зад напаѓачите или како напаѓач.“ Арсенал дополнително го засилија напаѓачкиот ред со купувањето на шпанецот Хосе Антониот Рејес,CBBC Newsround, Arsenal sign Reyes for record fee, January 27 2004. Посетено на November 30 2007. со што дојде до ситуација во која овие двајца треба да се борат за место во првиот тим, но Ван Перси прв го имаше дебито за тимот, и при тоа освои и трофеј, кога влезе како замена на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Комјунити Шилд на 8 август 2004 кој Арсенал го освои со 3:1.BBC Sport, Arsenal 3-1 Man Utd, August 8, 2004. Посетено на November 30 2007.
Ван Перси поминуваше многу време на клупата во почетокот на сезоната 2004–05, неговото натпреварувачко деби беше на 27 октомври 2004 кога го постигна и својот прв гол во победата од 2:1 на натпреварот од Карлинг Купот против Манчестер Сити.Man City 1-2 Arsenal, BBC Sport, October 27 2004. Посетено на November 30 2007. Сепак, првиот црвен картон во Арсенал го заработи веќе на 26 февруари 2005 за време на гостивањето кај Саутхемптон кој заврши 1:1. Картонот го доби поради старт врз левиот бек на Саутемптон Грем Ле Со,Southampton 1-1 Arsenal, BBC Sport, February 26 2005. Посетено на November 30. по што вообичаено смирениот Венгер бил виден како му вика на Ван Перси додека овој го напуштал теренот. Подоцна Венгер го критикуваше Ван Перси и на прес-конференцијата со изјавата: „Не го поддржувам Ван Перси денес, но на полувреме изгледаше како да има се под контрола. Кога судијата му дава црвен на домашен играч, тогаш тој е под притисок, што значи дека ако некој требаше да се контролира, тоа беше тој.“ Во меѓувреме, спортскиот писател на Телеграф Клајв Вајт во својот извештај за натпреварот го опиша Ван Перси како „9 годишно момче во телото на 21 годишник.“Brain is not used by Van Persie - The Telegraph, 2/26/05. Посетено на 11/9/08. По ова Ван Перси беше приморан да седи на клупа неколку натпревари, почнувајќи со повторениот натпревар од ФА Купот против Шефилд Јунајтед,Van Persie wants to make amends - ESPN Soccernet, 3/11/05. Посетено на 11/9/08. и беше вратен во составот само поради повредата на листот на Тјери Анри, на првиот натпревар откако се врати постигна два гола на победата во полуфиналето на ФА Купот против Блекбурн Роверс. Сезоната заврши за Ван Перси набрзо потоа поради повреда, но тој сепак имаше постигнато 10 голови на 40 настапи.4thegame Profile , посетено на November 30.
Добрата форма на Ван Перси му донесе награда Играч на Месецот на Премиер Лигата за ноември откако имаше осум голови на осум настапи,Van Persie hits spot for Wenger - The Guardian, 12/3/05. Посетено на 11/9/08. по што беше награден со петгодишно продолжување на договорот на 4 јануари 2006.Van Persie signs new Arsenal deal, BBC Sport, January 6 2006. Посетено на November 30 2007. Но, два дена по потпишувањето на новвиот договор, Ван Перси се здоби со нова повреда, на натпреварот од ФА Купот против Кардиф, еден од противничките играчи го згазна на стапалото и му скрши еден од прстите.Arsenal's Van Persie to miss cup tie with broken toe - ESPN Soccernet, 1/10/06. Посетено на 11/9/08. Ван Перси играше на следните три натпревари со дупка во копачката, исечена за да се намали притисокот, а со тоа и болката, по што беше одморен на Премиерлигашкиот натпревар против Вест Хем Јунајтед на 1 февруари. На првото финале на Арсенал во Лигата на Шампионите во 2006 беше на клупата, но не влезе во игра, Арсенал загуби со 2:1 од Барселона.Barcelona 2-1 Arsenal - BBC Sport, 5/17/06. Посетено на 11/9/08.
На почетокот на сезоната 2006–07 на натпреварот против Чарлтон Атлетик, Ван Перси постигна гол од волеј, во скок, за кој Венгер рече „таков (гол) се постигнува еднаш во животот“,Wenger: 'Winner was the goal of a lifetime' , Arsenal.com, September 30 2007. Посетено на December 10 2007 (dead link)
Подоцна беше прогласен за Гол на Месецот за септември од страна на BBC,Goal of the month, BBC SPORT, January 8 2007. Retrieved December 8 2007. а годината ја заврши како Ротердамски Спортист на Годината за 2006. Сепак, неговата сезона беше предвреме завршена по вторпат во својата кариера на 21 јануари 2007, кога заработи фрактура на коска во десното стапало додека го прославуваше израмнувачкиот гол на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Сезоната ја заврши со 13 постигнати голови.
Откако Анри си замина во Барселона пред почетокот на сезоната 2007–08, Ван Перси ја презеде улогата на главен напаѓач на Арсенал. Сезоната ја започна добро откако го постигна победничкиот гол во натпреварот против Интер од Купот на Емирати кој заврши 2:1. Истото го постигна и на натпреварот против Ајакс од Купот на Амстердам кој заврши 1:0. По серијата од седум голови на десет натпревари во лигата, Ван Перси повторно се повреди, овојпат повредата беше на коленото, а ја доби на натпревар за Холандија.Van Persie could be sidelined for a month , Arsenal.com, October 20, 2007. Посетено на November 30, 2007. Враќањето во форма му беше на натпреварот од фазата по групи од Лигата на Шампионите против Стеауа на 12 декември,Arsenal 2–1 Steaua Bucharest, BBC SPORT, December 12, 2007. Посетено на December 12, 2007. а во Премиер Лигата се врати против Виган на 9 март, кога влезе како замена во второто полувреме. Првиот гол по враќањето го постигна од пенал во победата од 3:2 против Болтон Вондерерс.
Ван Перси ја започна сезоната 2008-09 на 31 август со два гола во победата од 3:0 против Њукасл Јунајтед.Van Persie double seals winning display - The Guardian, 8/31/08. Посетено на 11/9/08. На 29 октомври, го постигна својот педесетти гол за Арсенал во дербито против соперниците Тотенхем кое заврши 4:4. На 1 ноември го доби и својот прв црвен картон за 2008-09 откако го турна голманот Томас Соренсен на поразот од 2:1 против Стоук Сити. Соренсен подоцна призна дека го „зафркавал“ Ван Перси со цел да го испровоцира реакција.Stoke keeper admits: I wound van Persie up to get him red card Northampton Chronicle and Echo, 11/3/08. Посетено на 11/9/08.
Манчестер Јунајтед На 15 август 2012 година, Арсенал објавија дека се договорени условите со Манчестер Јунајтед за неговиот трансфер, но Ван Перси требаше уште да ги договори личните услови со клубот. На 17 август 2012 година, Ван Перси и официјално стана фудбалер на Манчестер Јунајтед за сума од £ 24.000.000, потпишувајќи четиригодишен договор. Тој е првиот играч којшто преминал од Арсенал во Манчестер Јунајтед уште од Вивијан Андерсон кој во 1987 направи ваков трансфер. За својата прва сезона го добил дресот со број 20, бидејќи асистенот Рене Мулестен верувал дека ван Перси ќе помогне да се освои 20-тата лигашка титула.
На 20 август 2012, ван Перси го направи своето деби за Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена во 68-мата минута на местото на Дани Велбек во поразот на неговиот тим со 1-0 од Евертон."Everton 1-0 Man Utd" BBC Sport. 20 August 2012. Retrieved 20 August 2012. Пет дена подоцна тој го постигна својот прв погодок за клубот со својот прв удар за клубот, за да го израмни резултатот на 1-1 во натпреварот со Фулам на Олд Трафорд. Јунајтед забележа победа од 3-2 на тој натпревар.
Фенербахче