Топкапи-сарај (; отомански: طوپقاپو سرايى) — музеј во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно Море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.
Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на царството и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога царството било во своите најдобри години, во палатата живееле над 4.000 луѓе. Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница. Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по заземањето на Цариград. Првично палатата била позната како Јени сарај или Нова палата, за да се разликува од Екси сарај или Старата палата. Името Топкапи (топовска порта), палатата го добила според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година.
Во текот на 17 век, Топкапи-сарај постепено започнал да ја губи својата важност поради тоа што султаните претпочитале да го поминуваат времето во нивните нови палати на Босфорот. Во 1856 година, султанот Абдул Меџит решил резиденцијата да ја префрли во Долмабахче, како прва палата изградена според европски стил. Но, некои административни делови, како на пример на султанската ризница и библиотеката, останале во Топкапи. Во 1923 година Топкапи-сарај бил претворен во музеј. Денес, објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Топкапи-сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.
Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во списокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси изграден во времето на Османлиите.
Историја Цариград
Палатата Топкапи се наоѓа на еден висок рид многу блиску до морето, кој гледа кон Златниот Рог и Босфорот. За време на Стара Грција и Византија на ова место се наоѓал Акрополот, кој вклучувал цистерна, која се наоѓа во вториот двор на Топкапи, како и остатоци од мала црква која се викала Палата Базилика. Камените и столбовите кој останале од византиската палата биле искористени за изградба на дел од Топкапи. Денеска сè уште се чува и е под заштита системот кој користел за снабдување на вода во дворецот. Во еден од дворовите се наоѓа и кадата односно местото каде биле крштевани припадници (дел) на византиското царско семејство. Надвор од античкиот Акропол денеска е зачувана црквата Света Ирина, која денеска се наоѓа во предниот двор на Топкапи-сарај.
Изградба
По падот на Цариград во 1453 година, султанот Мехмед II ја нашол Големата императорска палата во рушевини. Како центар на освоениот град од Османлиите станал Стариот дворец или Ески-сарај кој денеска се наоѓа во дворот на Истанбулскиот универзитет.
Султанот сакал да пронајде подобро место за новиот дворец и како место го избрал Акрополот. Така, на највисокиот дел од ридот била изградена неговата резиденција додека подолу од ридот во насока кон Босфорот биле изградени останатите градбиNecipoğlu, pg. 6. Целиот комплекс бил заобиколен со високи ѕидови, а некои од нив се истите кои го заобиколувале античкиот акропол. Според изворите, султанот имал намера да ги собере најдобрите мајстори и материјали од сите делови на земјата за да го изгради својот дворец. Палатата не била изградена врз основа на еден архитектонски план. Во текот на историјата, планот на палатата биле дополнуван со нови објекти и елементи, но главниот распоред од времето на Мехмед II останал ист. Најголеми промени палатата доживеала во времето на Сулејман I кој владеел во периодот од 1520 до 1560 година. Со брзиот подем на царството, тој сакал својата сила да ја прикаже и преку изградба на дворецот. Како главен архитект во тоа време бил избран Персиецот АладинNecipoğlu, pg. 23, кој исто така бил одговорен за проширувањето на харемот.
Пожарот од 1574 година ги уништило кујните во палатата. Султанот Селим II задачата за реновирање на комплексот му ја доверил на Мимар Синан. Така под негова контрола биле обновени опожарените делови на палатата, а исто така бил проширен и самиот комплекс и биле реновирани харемот, бањите, личната одаја на султанот и неколку киосци во дворот. Палатата својот денешен изглед го добила кон крајот на 16 век. Поголемиот број од зградите во комплексот се расфрлани, има многу галерии и пасуси, мал број од зградите се на два ката, и скоро секоја од нив е опкружена со градина, дрвја, фонтани. Вратите и прозорците на зградите гледаат кон внатрешните дворови. На тој начин се создавал отворен простор и атмосфера со цел да се обезбеди ладен воздух во текот на топлите лета. Султанскиот дел од палатата бил изграден на начин кој му обезбедил на султанот максимално спокојство и недостапност. Палатата погледната од високо личи на неправилен правоаголник, разделен на четири основни дворови и харем. Првиот двор е најдостапното место во комплексот, додека во четвртиот се наоѓале личните покои на султанот и непристапниот харем. Петтиот двор бил најоддалеченото место на палатата кој се граничел со морето. Пристапот до секој двор е ограничен со изградените високи ѕидини и контролните порти. Освен четирите основни дворови, во комплексот има множество на мали внатрешни дворови кои се затворени помеѓу секоја зграда. Целата плоштина на комплексот изнесува помеѓу 592.600Necipoğlu, pg. 4 и 700.000 квадратни метри во зависност од тоа кои делови се бројат.
Јужниот дел (првиот двор) и северниот дел (зад султанските покои) граничат со голем парк, денес познат како Ѓулхан. Околу палатата на јужната и источната страна се наоѓа Мраморно Море. Во дворецот се наоѓаат разни поврзани помеѓу себе објекти, киосци и павилјони. Во минатото комплексот бил поголем од тоа што претставува денес. Дел од објектите биле разрушени поради изградба на брегот од морето железничка пруга во текот на XIX век. Последниот објект кој е зачуван во морскиот дел од комплексот е Баскетмакерс киоск кој бил изграден во 1592 година во времето на Мурат III.
Функционалност
Палатата претставувала главна резиденција на османлискиот султан и неговата администрација. Пристапот во палатата бил строго регулиран и комплексот делувал како самостоен субјект односно град во град и сè она што би било потребно за еден живот на човекот. Палатата имала сопствени канали за водоснабдување преку подземни цистерни, како што била Цистерна базилика која се наоѓала во близина на Аја Софија. Палатата располагала со големи кујни во кои била приготвувана храната за илјадниците жители, библиотека, градини, училишта, џамии. Овде работеле и неколку занаетчии и мајстори кои ги произведувале некои од најдобрите дела во целото царство.
Животот во палатата бил строго контролиран а самиот султан заедно со неговото семејство имал голема изолација од остатокот од светотNecipoğlu, pg. 15. Една од најголемите одлики на палатата била големата тишина во внатрешните дворови. Овој принцип на изолација со текот на времето се одразил и во градежните работиNecipoğlu, pg. 16-17. Архитектите при изградба морале дополнително да се осигуруваат, за султанот и неговата фамилија да уживаат максимално во нивната приватност и дискрецијаNecipoğlu, pg. 20.
Главна порта
Портата претставува главен влез во Првиот двор на палатата. Главната улица што води кон палатата во времето на Византија била улицата Месе, денеска Диван Јолу или улицата на советот. Улицата Месе била користена за царските поворки во времето на византиската и османлиската ера. Улицата започнувала од Аја Софија и завршувала до палатата пред фонтаната на Ахмед III. Султанот во палатата влегувал преку Султанската порта ( или латински: Porta Augusta), во јужниот дел од палатата. Портата била изградена во 1478 година, а мермерот со која е покриена, датира од XIX век. Основата на портата е правоаголна, на два ката и арка помеѓу внатрешниот и надворешниот дел. Горниот дел од портата се користел од страна на султанот за набљудување на различни свечености. Позлатената отоманска калиграфија го краси врвот од структурата на арката, со стихови од Куранот и тугри на султанитеNecipoğlu, pg. 36.
На еден од натписите на портата пишува:
На двете страни од портата се наоѓаат соби за обезбедувањето на портата. Портата била отворена во текот од утринската молитва до последната вечерна молитва. Според старите документи, до 19 век над портата се наоѓал дрвен апартманDepiction from the 16th-century miniature Hünername. За првпат како павилјон бил употребен од страна на султанот Мехмед II, а некое време овде се наоѓало и министерството за финансии. Објектот исто така се користел и од дамите од харемот во специјални приликиNecipoğlu, pg. 38-39.
Прв двор
Во првиот двор (I. Avlu или Alay Meydanı) се влегува преку Султанската порта. Дворот е опкружен со високи ѕидови. Овој двор е најголемиот од сите останати во палатата и имал претежно објекти со секојдневни функции кои не биле наменети за свечености. Денеска поголемиот број од овие згради не се зачувани.Necipoğlu, pg. 46-50, но можат да се видат Монетниот двор (Darphane-i Âmire) кој бил изграден во 1722 година, црквата Света Ирина и неколку фонтани. Византиската црква никогаш не била разрушена од Османлиите и се користела како магацин за оружје и касарна за јаничарскиот корпусNecipoğlu, pg. 46.
Овој двор исто така е познат и како Дворот на јаничарите и Дворот на парадата. Во овој двор посетителите требало да се симнат од својот коњ и да продолжат пешки кон следниот двор. Исто така овој двор служел како чекална на странските амбасадори, јаничарите, службениците. Овој двор бил единствениот кој често бил отворен за јавноста. За влез во вториот двор, требало да се помине преку Портата на поздравотNecipoğlu, pg. 44.
Порта на поздравот
Големата порта (Bâb-üs Selâm) или Средната порта водела кон Вториот двор на палатата. Портата има две големи осумаголни кули. Времето на изградбата на оваа порта не е познато, бидејќи за нејзина изградба повеќе бил користен византискиот архитектурен стил отколку османлискиот. Се смета дека оваа порта постоела во византиско време и била нарекувана порта на Света Варвара, додека се користела како влез кон брегот на БосфоротNecipoğlu, pg. 51. Според некои извори, портата била изградена во 1468 година во времето на Мехмед II, додека пак во времето на Сулејман I била реновирана. Портата е украсена од двете страни и во горниот дел на портите со верски натписи и монограми на султаните. Двете кули наликуваат на оние кои биле градени во Западна Европа пред палатите. Местото кое било користено од страна на стражарите од двете страни денеска е разрушено.
Влезната врата на портата е од железо и е дело на Иса бин Мехмед од 1524 година. На портата може да се забележи потписот на Махмуд II и Мустафа III, мермерни плочи со натписи од 1758 година. Портата од својата внатрешна страна била реновирана во рококо стил во XVIII век, додека дел од нејзините пејзажи датираат од XIX век. Пристапот за влез преку оваа порта бил забранет за секого, освен за службениците и странските амбасадори. Преку оваа порта единствено султанот имал право да влегува преку неа качен на коњNecipoğlu, pg. 50. Ова претставувало традиција која била практикувана во Големиот царски дворец каде единствено византискиот цар смеел да влезе преку портата Чалке качен на коњ. Во овој двор се наоѓа чешмата на огубувачот, место каде џелатот ги миел своите раце и меч по извршената работа, иако постојат некои несогласувања околу тоа дали навистина истата е чешмата на џелатотDavis, pg. 26-27.
Втор двор