Паихија (, ) — главното туристичко место на Заливот на Островите во округот Далечен Север на Северниот Остров на Нов Зеланд. Гратчето се наоѓа недалеку од историското место Расел и Керикери, 60 км северно од Фангареи. Местото е забележително по тоа што тука е одигран првиот натпревар во крикет во Нов Зеланд.

Недалеку на север се наоѓа и историски важното место Ваитанги, како и Харуру Фолс/Ватеа на запад; селото Опуа и селцето Те Хауми на југ.

Паихија брои 1.960 жители (јуни 2016), што претставува пораст во однос на претходните години. Гратчето има основно училиште.

Поврзано Нортленд Залив на Островите

Наводи

Надворешни врски

Паихија на Википатување Паихија: Бисер на Заливот на Островите — туристичка инфостраница Карта на Паихија Училиште во Паихија

Категорија:Населени места во Нов Зеланд Категорија:Нортленд