Првата сезона од Вовед во анатомија, американска медицинско драматична телевизиска серија развиена од Шонда Рајмс, започна да се емитува на 27 март 2005 на ABC. Сезоната заврши на 22 мај 2005, по 9 емитувани епизоди. Членови на глумечката екипа кои имаат редовна улога во првата сезона се Елен Помпео, Сандра О, Кетрин Хајгл, Џастин Џејмберс, Т.Р. Најт, Чандра Вилсон, Џејмс Пикенс Џуниор, Исаија Вашингтон и Патрик Демпси.
Целата сезона отпрвин служела како средносезонска замена за адвокатската драма Boston Legal, веднаш по Очајни Домаќинки. Првата сезона се емитуваше во неделите во 22 часот во САД, достигнувајќи 18.5 милиони гледачи неделно. Се најде на #9 место по гледаност. Сезона беше скратена од страна на мрежата на 9 епизоди наместо планираните 14, правејќи ја епизодата Кој кого набљудува? финале на првата сезона наместо планираното финале Донеси ја болката кое всушност се емитуваше како петта епизода од втората сезона.
Глумечка екипа Продукција Епизоди Епизода Наслов Напишана од Режирана од Емитување во САД Емитување во РМ
Категорија:Вовед во Анатомија