Настани
1450
7 февруари - Џон де ла Пол, се оженува со Лејди Маргарет Бофорт. 26 февруари - Франческо Сфорца влегува во Милано по опсадата, станувајќи војвода на градот-држава и основајќи династија што ќе владее со Милано еден век. 15 април - Битка кај Формини: Француските војници на чело со Жан II Бурбон ја поразуваат англиска војска на чие чело се наоѓа Сер Томас Кирел кај Каен. 8 мај - Востание на Џек Кејд. 9 мај - Убиен е Абдал-Латиф Мирза. 13 мај - Карл VIII Шведски, кој исто така служи и како Карл I Норвешки, е прогласен за соборен од вториот престол, во полза на Кристијан I Дански. 6 јули - Каен се предава на Франција. 12 јули - Џек Кејд е убиен во престрелка. 12 август - Шербур Октевил, последната англиска територија во Нормандија, се предава на Франција. 5 октомври - Евреите се протерани од Долна Баварија по наредба на војводата Лудвиг IX. 3 ноември - Основан е Универзитет Барселона. 23 ноември - Прва опсада на Кроја: отоманската војска е принудена да ја повлечат опсадата.
1451
3 февруари - Мурат II, Султан на Отоманското Царство, умира и е наследен (на 18 февруари од неговиот син, [(Мехмед II)]. 14 февруари - Луј XI се ожени за Шарлота Савојска. 11 април - Цеље добива статус и градски права како трговски град по наредба на грофот Фредерик II од Цеље. 19 април - Во Делхискиот султанат, авганистанската Династија Лоди ја наследува турската Династијата Сајид. 30 јуни - Француски војници на чело со Жан Орлеан го освоиле градот Бордо. 20 август - Француските сили го освојуваат Бајон, последното упориште на Англичаните во регионот. октомври - По атентатот врз Богдан II, Петру Арон го зазема престолот. 28 октомври - Востание во Гент против Филип III Добриот, Војвода од Бургундија.
1452
февруари - Александар го зазема престолот на Молдавија по неговата долга борба со Петру Арон. 22 февруари - Вилијам Даглас го убил шкотскиот крал Јаков II. 17 март - Реконквиста - Битка кај Лос Алпорчонес: Комбинираните сили на Кралство Кастиља и Мурсија ги поразуваат силите на Гранадскиот Емират. 19 март - Фридрих III станува последен цар крунисан во Рим 31 мај - Востание во Гент: Филип III Добриот, Војводата од Бургундија, официјално прогласува војна против Гент. 18 јуни - Папа Никола V ја издава папската була Dum Diversas. Октомври Англиски војници на чело со Џон Талбот, 1. гроф од Шрузберија, повторно го преземаат поголемиот дел од провинцијата Гиен, без борба. Отоманско-византиски војни: Османлискиот гувернер на Тесалија, Турахан-бег, по четврти пат го пробива Хексамилеон и го зазема Пелопонез, со цел да го спречи Морејското Деспотство да му помогне на Цариград, кој треба да биде ставен под опсада од Османлиите наредната година.
1453
април - Тарабија и Студиј се преземени од страна на Отоманското Царство, како крајна подготовка за нападот на Цариград.
6 април - 29 мај - Опсада и Пад на Цариград: Отоманскиоѕ султан Мехмед II става крај на постоењето на Византија, царство кое постоело повеќе од 1000 години, освојувајќи ја престолнината Цариград, денешен Истанбул. 22 мај - Затемнување на Месечината, делумно затемнување, видливо за време на опсадата на Цариград.
17 јули - Битка кај Кастилон: Во последната битка на Стогодишната војна, француските сили на чело со Жан Биро ги поразуваат англиските на чело со Џон Талбот, кој и бил убиен во битката. 23 јули - Битка кај Гавере во Фландрија: Филип III Добриот, војводата од Бургундија, победува над бунтовниците во Гент, што доведува до предавање на градот и крај на востанието на Гент. 10 октомври - Сеџо Чосон го убива својот непријател генерал Ким Јонг-сео. 19 октомври - Француските сили го враќаат Бордо, завршувајќи ја Стогодишната војна и оставајќи им го на Англичаните единствено Кале во рамките на денешна Франција. 28 октомври - Ладислав V е крунисан за Крал на Бохемија. Јохан Гутенберг го измислува печатењето со подвижни букви. Ова е, исто така, важен настан според кој оваа година се смета за крај на средниот век.
1454
4 февруари - Тринаесетгодишна војна: Тајниот совет на Пруската конфедерација испраќа формален чин на непослушност кон Големиот мајстор на Тевтонските витези, а граѓаните на Торуњ започнуваат бунт против Тевтонските витези. 6 март - Казимир IV се откажува од верност кон Тевтонските витези. 27 март - Ричард, трет војвода од Јорк) станува заштитник на кралот Хенри VI. 9 април - Договор од Лоди: Франческо Сфорца го претставува трјниот сојуз меѓу Војводство Милано, Република Фиренца и Кралство Неапол. август - Во Молдавија, Петру Арон го презема престолот од Александар. 18 септември - Тринаесетгодишна војна - Битка кај Хојнице: полската армија е поразена од помала, но попрофесионална армија на Тевтонските витези.
1455
8 јануари - Папа Никола V ја објавува булата Romanus Pontifex, упатена до кралот Афонсо V Португалски, со кое се санкционира освојувањето на нехристијанските земји. 23 февруари - Гутенбергова Библија е првата отпечатена книга. 8 април - Папа Каликст III го наследува папа Никола V, како 209-тиот папа. Пролет - Во Англија започнува Војна на розите. 1 мај - Битка кај Аркинхолм: Силите лојални на кралот Јаков II ги победуваат приврзаниците на Ерлот од Даглас. 22 мај - Прва битка јај Сент Олбанс: Ричард Плантагенет го поразува и кралот Хенри VI. 15 ноември - Конфликтот помеѓу Владислав II и Јанош Хуњади ескалира, па затоа тој следната година одлучува да го поддржи Влад Цепеш за престолот на Влашка.
1456
18 мај - Вторa Битка кај Ороник (1456): Отоманските сили од 15.000 војници претрпуваат пораз од силите на Лешката лига на чело со Скендербег. 9 јуни - Халеевата Комета е забележана од научникот Платина. 7 јули - Повтореното судење на Јована Орлеанка ја ослободува од ерес, 25 години по нејзиното убиство. 21 јули - 22 јули - Битката кај Белград: Унгарците на чело со Јанош Хуњади против силите на османлискиот султан Мехмед II. 20 август - Владислав II, владејачки принц од Влашка, е убиен од приврзаници на Влад Цепеш. 17 октомври - Основан е Универзитет Грајфсвалд, што го прави вториот најстар универзитет во Северна Европа.
1457
24 февруари - Карл VIII Шведски е прогласен за соборен од престолот. Архиепископот на Шведска и државникот Ерик Акселсон Тот стануваат ко-регенти на Шведска. Престолот потоа се понудил на Кристијан I Дански и Норвешки. 12 април - Стефан Велики го обезбедува престолот на Молдавија, владеејќи со земјата во следните 47 години. 23 јуни - Кристијан I Дански е избран за крал на Шведска, завршувајќи ја војната меѓу Шведска и Данска и овозможувајќи враќање на Калмарската унија. 14 август - Мајнчкиот псалтир, втора поголема книга отпечатена на Запад, станува прва книга што е целосно завршена механички (вклучувајќи и боја), и прва што носи печатена дата. 2 септември - Битка кај Уџебарда: Важната победа на Скендербег против војската на Османлиите.
1458
24 јануари - Матија Корвин станува крал на Унгарија, на возраст од 14 години. 25 март - Денот на љубовта е изведена во Лондон, со што Хенри VI се обидува да ги обедини завојуваните фракции кои ја започнале Војната на розите 19 август - Папата Пиј II го наследува папа Каликс III, како 210-ти папа. 24 октомври - Кралот Афонсо V Потугалски го освојува Ксар ес Сегир, во Северна Африка Непозната дата Основан е Магдален колеџ во Оксфорд. Јиржи Подебрадски станува крал на Бохемија. Алвизе Кадамосто ги открива првите острови на Зелениот ’Рт. Престанува да постои Атинското Војводство. Отоманските властите издаваат декрет за заштита на акрополот, по освојувањето на Атина. Монтесума I започнал неуспешна воена експедиција. Голем вулкан еруптира од Кувае во Тихиот Океан.
1459
23 септември - Војна на розите - Битка кај Блор Хит: Силите на династија Јорк на чело со Ричард Невил ги поразуваат силите на династија Ланкастер. 12 октомври - Војна на розите: Поради напредокот на кралските сили кон неговата тврдина Ладлоу, Ричард побегнува во Ирска, додека неговиот сојузник Ричард Невил оди до Кале.
Непозната дата За првпат се споменува градот Букурешт. Основан е градот Џодпур во Западна Индија. Ричард, војводата од Јорк, се враќа при втората посета на ИрскаThe Oxford Illustrated History of Ireland. Foster, RF. Oxford University Press, Oxford. 1989
Наводи
Категорија:15 век Категорија:1450-ти Категорија:Сончеви календари