Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин (, — , ) — македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Самобор, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.
Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зел од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.
Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен-костурницата во Велес, каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари. Повеќе пати до денес се предложила и разгледала идејата Кочо Рацин да биде погребан во засебен гроб во центарот на Велес. Идејата била прифатлива за семејството Солеви и градоначалникот на Велес, но не и од Сојузот на борци на Велес.Ќе добие ли Рацин сопствен гроб?, tirekovmirece.com, посетено 06.11.2020
Псевдоним Иако Рацин користел неколку псевдоними во текот на својот живот, неговиот најпознат е Рацин, по неговата прва љубов Рахилка (Раца) Фирфова Ѓоргова. Рацин во текот на својот живот испратил 34 картички до Раца (од кои 7 се изгубени), а во една од нив (од 6.10.1928), напишал:
Живот мини|лево|Коста Солев (долу, втор од лево) во III одд. со учениците од своето одделение држи лист хартија со текст „Да живее Гарибалди“. мини|десно|Документот за крштевањето на Рацин мини|лево|Внатрешноста на куќата на Кочо Рацин во Велес
Семејството на Рацин Кочо (Коста Солев) Рацин е роден во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи поголемо образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Поради тоа, по завршувањето на првиот клас од нижа гимназија, веќе во својата тринаесетта година, Кочо бил присилен да му се посвети целосно на татковиот занает. Мајка му на Кочо се викала Марија Солева, по потекло од Којник. Таа умрела на 28 јуни 1967 година, а била погребана во Којник, каде по ослободувањето на Македонија биле пренесени посмртните останки на Кочо Рацин. Нејзината смрт е опишана во расказот на Димитар Солев, „Запис од испраќањето на Марија Солева“. Чичко на Рацин бил Георги Солев, таткото на писателот Димитар Солев, кој му подарил железен кревет кој денес се наоѓа во Рациновиот музеј.Васил Тоциновски, „Рациновата божествена надареност“, Современост, број 3, 2023, стр. 68-69.
Коста Рацин имал две сестри (Деса Солева и Грозда Солева) и тројца браќа (Александар Солев, Димко Солев и Никола Солев).Сеќавања на Александар Солев, брат на Кочо Рацин, Денешен Весник, (посетено 6.11.2020)„Биографија на авторот“, во: Кочо Рацин, Бели мугри. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2018, стр. 47.
Љубовниот живот на Рацин Рацин имал неколку големи љубови. Негова голема, но невозвратена љубов била русокосата Рахилка (Раца) Фирфова. Негови девојки биле: Малина Поп Иванова, Невенка Вуиќ и уште неколку други. Руменка Хаџи Панзова била студентка по филозофија и германистика, инаку ќерка на познатата учителка Павлина Хаџи Панзова. Руменка трагично се удавила во Дунав во Белград.Васил Тоциновски, „Рациновата божествена надареност“, Современост, број 3, 2023, стр. 69. Рацин бил долгогодишен пријател на семејството на Руменка: по повод шестемесечниот помен на Ганчо Хаџи Панзов во Шпанската граѓанска војна (1936 година), Рацин ја прочитал песната „Испанска балада“, напишана на македонски јазик. Подоцна, на средбата со Руменка во затворот, Рацин ѝ раскажал за ненадејното апсење, кога полицијата му ја одзела песната. Рацин бил близок соработник и често другарувал со Руменка, оти двајцата биле членови на партијата, а негов другар и соработник бил и најмалиот брат на Руменка, Благој Хаџи Панзов. За време на една нивна средба, Благој го прашал Рацин зошто не се ожени, а тој одговорил: „Јас сум венчан за марксизмот и револуционерната борба, за Партијата. Вторпат ќе се женам кога ќе победиме. Тогаш, три дена и три ноќи сакам да свират зурли и тапани, така што да чуе цел Велес и јас самиот дека Кочо Солев се жени со слободна Македонија.“Васил Тоциновски, „Рациновата божествена надареност“, Современост, број 3, 2023, стр. 71-72.
На Четвртиот конгрес на КПЈ, одржан во Дрезден од 10 до 15 ноември 1928 година, Рацин бил единствениот делегат од Македонија. Неговиот говор оставил силен впечаток, а тој бил избран за член на Централниот комитет на КПЈ. И таму, Рацин бил во постојано друштво на Малина Поп Иванова, која била членка на привременото раководство на ЦК на КПЈ, а потоа била избрана за членка на ЦК. Таа во 1924 година заминала во Москва, каде студирала на Комунистичкиот универзитет на националните малцинства (КУНМЗ). Нивната врска продолжила и за време на илегалниот престој на Рацин во Загреб, кога тој и Малина си ветиле дека по ослободувањето ќе создадат семејство при што првата рожба би била машко дете. Судбината на Малина Поп Иванова била трагична: откако бил уапсен нејзиниот сопруг Владимир Сакун, истакнат функционер на Балканската комунистичка федерација, во 1937 година тој и Малина биле протерани во градот Тјумен, во Сибир, каде таа починала од мозочен удар. Малина поп Иванова е мотив на циклусот од девет песни, „Малина Поп Иванова“ од Ката Мисиркова-Руменова, а неговата невозвратена љубов е тема и на романот „Антологија на болката“ на Јордан Леов.Васил Тоциновски, „Рациновата божествена надареност“, Современост, број 3, 2023, стр. 73-74.
Невенка Вуиќ била најголемата љубов на Рацин поради која го присвоил псевдонимот Невен Пејко. Тој често навраќал во нејзиниот дом, а во средбите со неа разговарале за книжевноста, за тековната политичка состојба, а со татко ѝ и за марксизмот. Според кажувањето на Невенка, тие имале омилено место за средби, место надвор од градот, во близина на болницата, кое го викале Волшебен брег.Васил Тоциновски, „Рациновата божествена надареност“, Современост, број 3, 2023, стр. 74-75.
Активист во комунистичкото движење Во 1924 година Рацин станува член на СКЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 година станува и член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес. Истовремено е активен и во синдикатот. Во 1924 година синдикално се организира, во 1926 година станува дописник на весникот „Организовани радник“ (орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ), а на 19 октомври 1928 година е избран за секретар на Месниот синдикален совет во Велес.Славко Николов, „Учеството на Кочо Рацин на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден“ Во ноември 1928 година учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 година заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац.
мини|десно|Кочо Рацин (прв од лево) како грнчар во работилницата на Коце Ќускиев во Велес По воведувањето на диктатурата во Југославија во 1929 година, партиската организација во Македонија е целосно разбиена. Дури во 1932 година започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во август 1933 година се создава и Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегуваат: Никола Оровчанец, Кочо Рацин и Живоин Ќурчиќ. Од ноември истата година ОК започнува да го издава месечниот весник „Искра”, чиј уредник е Рацин. Излегуваат само два броја на весникот, бидејќи на почетокот на јануари 1934 година се случува провала во која се уапсени 15 македонски комунисти, вклучително и Рацин. Рацин е подложен на дури 42 испрашувања, при што морал да признае многу од она што не смеел да го каже.Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 107 стр. Во септември истата година, Рацин е осуден на четири години робија во Сремска Митровица, но таму останува околу една година. Ослободен е во декември 1935, по донесувањето на законот за амнестија. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на учење. Меѓу другото, со останатите затвореници Македонци, тој се обидува да состави речник на македонскиот јазик и учествува во преводот на „Комунистичкиот манифест“ на македонски јазик.„Биографија на авторот“, во: Кочо Рацин, Бели мугри. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2018, стр. 48.
Подем и пад: „Бели мугри“ и исклучување од партијата
мини|233x233пкс|Документ од Бановина Хрватска каде што ја забранува продажбата на Бели Мугри. После нејзиното објавување брзо било забрането од југословенската власт заради тоа што било напишано во македонски јазик.
По излегувањето од затвор, во 1938 година, Рацин работи во Белград, во печатницата на весникот „Правда”.Коста Рацин, „Песни“, Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1946. Во Белград, Рацин живеел полуилегално и живеел во станот на Александар Вучо, а своите текстови ги потпишувал со иницијали или со разни псевдоними.Владимир Милчин, „Рацин беше за нас некој вид божество“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 9. Во овој период Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога ја објавува својата стихозбирка „Бели мугри“. Во меѓувреме пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, филозофијата и историјата, што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на Кралството Југославија.
Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940 година кога доаѓа до нарушување на односите помеѓу Рацин и КПЈ. Во тоа време е во полн ек т.н. судир на книжевната левица и од Рацин е побарано да напише статија против Мирослав Крлежа и неговите соработници од списанието „Печат“. Бидејќи Рацин не постапува така, ЦК КПЈ донесува одлука за исклучување на Рацин од партијата.Антун Колендиќ „Рацин на робија“, „Књижевност“, Београд, 1986, бр. 1-2, 236-238 стр. Дополнително, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940 година (на која Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија), поради посетата на Рацин на тогашниот бан на Вардарската Бановина, Жика Рафајловиќ (или на помошникот на банот Александар Цветковиќ), како и поради критика на покраинското раководство, Рацин е казнет со бојкот.Иван Катарџиев, „Одлуката за бојкотот на Рацин и неговиот однос спрема неа“
Од јануари до 27 март 1941 година Рацин е затворен во логорот „Меѓуречје“, јужно од Ивањица. При нападот врз Југославија од Силите на Оската, Рацин се јавува на мобилизацијата и е испратен на кумановскиот фронт, на месноста Страцин, каде што веќе на 7 април е заробен од страна на Германците. Сепак, набрзо успева да побегнеАнтун Колендиќ „Рацин на робија“, „Књижевност“, Београд, 1986, бр. 3, 513 стр. и, откако кратко време живее во Велес, заминува за Софија. Таму живее заедно со својот сограѓанин Коле Неделковски и со Волче Наумчески, а работи во железничкото депо како обичен работник. Набрзо по смртта на Коле Неделковски, околу 4-5 септември 1941 година, Рацин се враќа во МакедонијаВолче Наумчески „Стихови 1939-1941“, Скопје, 1979, 20-22 и 33 стр. и извесно време работи во Народната библиотека во Скопје.
Во следниот период доаѓа до подобрување на односот на КПЈ кон Рацин. Новото партиско раководство на чело со Бане Андреев, во првите месеци на 1942 година, одлучува да се тргне бојкотот над Рацин, но тој не е примен повторно во партијата.Антун Колендиќ „Рацин на робија“, „Књижевност“, Београд, 1986, бр. 3, 517 стр.