Настани 1750 — врв на Малото ледено време. 1751 — Дејвид Хјум го објавил Истражување на моралните принципи. 1752 — Бенџамин Френклин го пронашол громобранот. 1755 — голем земјотрес го погодил Лисабон. 1756 — започнала Седумгодишната војна. 1757 — Битката за Пласеј го означува почетокот на британското владеење во Индија. 1758 — Дејвид Хјум го објавил Испитување на човечкиот разум.
Личности Родени 1750 — роден Антонио Салиери, италијански композитор и диригент. 1750 — роден Каролин Херсел, британски астроном. 1751 — роден Џејмс Медисон, претседател на САД. 1752 — роден Муцио Клементи, англиски класицистички композитор (родум од Италија). 1753 — родена Филис Витли, првата афроамериканска поетеса и првата афроамериканска жена чии дела биле објавени. 1754 — роден Павле I, император на Русија во периодот од 1796 до 1801 од династијата Холштаин-Готорп-Романов. 1754 — роден Жозеф Пруст, француски хемичар. 1755 — роден Матео Албенис, шпански композитор и свештеник од времето на класицизмот. 1755 — роден Андре Мари Ампер, основач на електродинамиката, француски физичар и математичар. 1755 — роден Жан Антелм Брија-Саварен, француски правник и политичар, кој се прославил како епикуреец и гастроном. 1755 — роден Јан Хенрик Домбровски, полски војсководец и национален херој. 1755 — роден Џејмс Паркинсон, англиски лекар, геолог, палеонтолог и политички деец. 1756 — роден Волфганг Амадеус Моцарт, австриски композитор. 1757 — роден Вилијам Блејк, англиски поет, визионер, сликар и бакрорезец. 1757 — роден Жилбер Лафајет, француски аристократ и воен офицер, генерал во Американската револуционерна војна и водач на националната гарда во Француската револуција. 1759 — роден Роберт Бернс, шкотски поет - лиричар. 1759 — роден Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција. 1759 — роден Марија Терезија фон Парадис , австриски музичар и композитор. 1759 — роден Серафим Саровски, православен светец, еден од најголемитe руски подвижници, претскажувачи и чудoтворци. 1759 — роден Ференц Казинци, унгарски поет. 1759 — роден Фридрих Шилер, германски поет и драмски писател.
Починати 1750 — починат Јохан Себастијан Бах, германски композитор и оргулар. 1750 — почината Рахел Раус, холандска сликарка. 1751 — починат Жан Филип де Шезо, швајцарски астроном. 1752 — починат Јакопо Амигони, венецијански сликар. 1753 — починат Христофор Жефарович, македонски уметник и хералдичар. 1753 — починат Балтазар Нојман, германски воен инженер и архитект. 1753 — починат Џорџ Беркли, англо-ирски филозоф. 1754 — починат Махмуд I, дваесет и четвртиот султан на Отоманското Царство. 1754 — починат Абрахам де Моавр, француски математичар. 1755 — починат Шарл Монтескје, француски филозофско-политички писател. 1756 — починат Пајсиј II Цариградски, вселенски патријарх. 1756 — починат Кристоф Томас Шефлер, германски сликар од периодот на рококото. 1757 — починат Осман III, дваесет и петтиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1754 до 1757 година. 1757 — починат Доменико Скарлати, италијански композитор од барокниот период. 1757 — починат Бернар ле Бовије де Фонтенел, француски писател. 1758 — починат Папа Бенедикт XIV, римски папа од 17 август 1740 до 3 мај 1758. 1758 — починат Џонатан Едвардс, проповедник, теолог и мисионер кај домородните Американци. 1759 — починат Фернандо VI, крал на Шпанија. 1759 — починат Георг Фридрих Хендл, германски и подоцна британски барокен композитор.
Откритија
...
Категорија:18 век Категорија:1750-ти