Палатата Ајналикавак () — отоманска резиденција која се наоѓа во Бејоглу, Истанбул, Турција. Овој објект бил изграден во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините* Sema Öner. Aynalıkavak Pavilion. TBMM. Istanbul, 1994.
Во оваа палата бил потпишан истоимениот договор меѓу Руската и Османлиското Царство во 1779 година.
Историја
Палатата Ајналикавак претставувала отоманска резиденција, изградена во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините. За ова место постојат извори според кој местото претставувало и место за одмор на византиските императори. По освојувањето на градот познато е дека овде одмарале османлиските благородници. Познатиот патописец Евлија Челебија наведува дека објектот бил изграден во времето на султанот Мехмед II. Комплексот бил реновиран во времето на Селим III (1789-1807) и го добил денешниот изглед.
Ајналикавак е единствениот кој постои денес од целиот комплекс како и еден од последните изградени во класичен османлиски стил.
Наводи
Надворешни врски
Department of National Palaces | Aynalıkavak Palace
Категорија:Султански резиденции во Турција Категорија:Златен Рог Категорија:Музеи во Истанбул Категорија:Знаменитости во Истанбул Категорија:Бејоглу (Истанбул) Категорија:Отомански палати во Истанбул