Вилијам Вордсворт () ( — ) — англиски поет-романтичар, кој со Семјуел Тејлор Колриџ придонел да започне романтизмот во англиската литература со објавување на заедничката збирка Лирски балади во 1798 година.
За ремек дело на Вордсворт се смета Прелудиум, полуавтобиографска поема, напишана во неговите млади години, која поетот ја менувал и проширувал неколкупати. Поемата е посмртно насловена и објавена, откако била општо позната како поема „за Колриџ“. Ворсдворт бил анлиски поет лауреат од 1843 година сè до неговата смрт во 1850 година.
Животопис Ран живот Второто од петте деца на Џон Вордсворт и Ен Коксон, Вилијам Вордсворт, е роден на 7 април 1770 во куќата Вордсворт во Кокермаут, Камберленд,, дел од живописниот регион во северозападна Англија, Лејк Дистрикт. Неговата сестра, поетеса и пишувач на дневник, Дороти Вордсворт, со која тој бил многу близок целиот свој живот, е родена следната година и двајцата биле крстени заедно. Тие имале и други браќа и сестри: Ричард, најстариот, кој бил адвокат; Џон, роден по Дороти, можел да стане поет и да ужива во природата заедно со Вилијам и Дороти, но загинал во 1805 во бродолом; и Кристофер, најмладиот, кој станал црковен авторитет и предавач на Тринити колеџот во Кембриџ. Нивниот татко бил правен застапник на Џејмс Лутер, првиотот ерл од Лонсдејл и преку неговите врски живеел во голема куќа во мал град. Вордсворт како и неговите браќа и сестри не биле многу приврзани со нивниот татко и тие биле далечни со него сè до неговата смрт во 1783 година.Moorman 1968 pp. 5–7.
Таткото на Ворсдворт, иако ретко присутен, го учел поезија, вклучувајќи ја онаа на Милтон, Шекспир и Спенсер, дозволувајќи му на својот син да се користи со библиотеката на својот татко. Освен што го поминувал времето читајќи во Кокермаут, Вордсворт исто така престојувал и во куќата на родителите на неговата мајка во Пенрит, Камберленд. Вордсворт не можел да се справи со неговите баба и дедо и неговиот вујко, па неговите непријателски односи со нив го потресле до таа мера што помислувал на самоубиство.Moorman 1968:9–13.
По смртта на нивната мајка во 1778, Џон Вордсворт го испратил Вилијам во Хоксхедското основно училиште во Ленкшир, а Дороти да живее со роднини во Јоркшир; таа и Вилијам не се виделе следните девет години. Иако првпат посериозно почнал да учи во Хоксхед, Вордсворт научил да чита од својата мајка, а посетувал и мало училиште од слаб квалитет во Кокермаут. Потоа бил испратен во училиште во Пенрит за деца од семејства од повисока класа, подучувани од Ен Биркет, жена која инсистирала да им ги всади на учениците традициите, кои вклучувале извршување иучилишни и месни активности, особено за фестивалите за Велигден, 1 мај и Чист вторник. Вордсворт бил подучуван за Библијата, како и од Спектејтор, но не и други работи. Токму на ова училиште тој се запознал со Хачинсонови вклучувајќи ја Мери, која во иднина ќе биде неговата сопруга.Moorman 1968:15–18.
Вордсворт го направил своето деби во 1787 година, кога објавил сонет во Европското списание. Истата година се запишал на Колеџот Сент Џон, Кембриџ и дипломирал во 1791 година. Се вратил во Хоксхед за време на неговите први два летни одмори и честопати ги користел празниците за прошетки и посетување места познати по својата убавина. Во 1790 тргнал на тура низ Европа, за време на која потемелно ги прошетал Алпите, а и ги посетил околните области од Франција, Швајцарија и Италија.
Врската со Анета Валон Во ноември 1791 година ја посетил револуционерна Франција и се воодоошевил од републиканското движење. Се заљубил во французинката Анета Валон, која во 1792 го родила нивното дете Каролина. Поради недостигот од пари и нетрпеливоста меѓу Британија и Франција, наредната година тој се вратил сам во Англија.Everett, Glenn, "William Wordsworth: Biography" at The Victorian Web, accessed 7 January 2007. Околностите од неговото враќање и неговото последователно однесување поттикнале сомневања за неговата желба да се ожени со Анета, но тој се грижел за нејзината и неговата ќерка најдобро што можел во подоцнежниот живот.
Во 1802 година, тој заминал во Калаис со неговата сестра Дороти и се сретнал со Анета и неговата ќерка Каролина. Причината за посетата била да создаде услови за неговиот претстоен брак со Мери Хачинсон. Во текот на овој период, тој ги напишал своите познати стихови „тоа е прекрасна вечер, мирна и слободна“, мислејќи на прошетките со својата ќерка, која ја немал видено десет години. При раѓањето на оваа песна, тој всушност ја немал претходно видено својата ќерка. Во стиховите тој ја открил својата голема љубов и кон детето и кон мајката. Власта на теророт го оддалечил од републиканското движење, а војната меѓу Франција и Британија го спречило да се види повторно со Анета и Каролина неколку години. Постојат силни мислења дека Вордсворт можеби бил депресивен и емоционално нестабилен во 1790-те.
Со мировниот Амјенски договор патувањето кон Франција повторно било дозволено и во 1802 година Вордсворт и неговата сестра Дороти ги посетиле Анета и Каролина во Франција, при што дошле до заемна согласност во врска со обврските на Вордсворт.Gill (1989) Pp. 208, 299
Рана кариера Прво објавување на Лирски балади
Во својот предговор кон Лирски балади, кој е наречен манифест на англиската романтичарска критика, Вордсворт ги нарекува своите песни експериментални. Во 1793 година ги објавил првите збирки поезија Вечерна прошетка и Дескриптивни белешки. Тој добил наследство од 900 фунти од Рејсли Калверт во 1795 за да може да продолжи да пишува поезија. Истата година се запознал со Семјуел Тејлор Колриџ во Самерсет. Двајцата бргу развиле блиско пријателство. Во 1797 година Вилијам со неговата сестра Дороти се преселиле во Алфокстон Хаус, Самерсет, на неколку милји од домот на Колриџ во Недер Стови.
Заедно Вордсворт и Колриџ (со забелешки од Дороти) ја создале Лирски балади (1798), значајно дело на англискиот романтизам. via archive.org На изданието ги немало имињата на Вордсворт и Колриџ како автори. Една од најпознатите поеми на Вордсворт „Тинтерн Аби“ била објавена во изданието заедно со поемата на Колриџ „Римата на стариот морнар“. Второто издание во 1800 година како автор го има единствено името на Вордсворт и вклучува предговор кон поемите, кој значително се зголемил во изданието од 1802 година; via archive.org. Тоа било значително зголемено во следното издание, објавено во 1802 година. via archive.org. Овој предговор кон Лирски балади се смета за централно дело во романтичарската литературна теорија. Во него Вордсворт зборува за она што тој го смета за елементи на нов вид поезија, кој се заснова на „реалниот човечки јазик“, а ги избегнува поетските стилови од поезијата од 18 век. Овде Вордсворт ја дава неговата позната дефиниција за поезијата како „спонтано излевање на моќни чувства, кое потекнува од емоции приспомнати во спокојство“. Четвртото и последно издание на Лирски балади било издадено во 1805 година. via archive.org.
Германија и преселба во Лејк Дистрикт
Во есента 1798 година, Вордсворт, Дороти и Колриџ заминале во Германија. Додека Колриџ бил интелектуално стимулиран од патувањето, Вордсворт станал носталгичен. За време на острата зима во 1798-99, Вордсворт живеел со Дороти во Гослар, каде и покрај големиот стрес и осаменост, тој започнал да работи на автобиографското дело подоцна насловено како Прелудиум. Напишал неколку познати песни вклучувајќи ги „Песни за Луси“. Тој и неговата сестра се вратиле во Англија во Лејк Дистрикт, каде што живеел неговиот колега, поетот Роберт Саути. Вордсворт, Колриџ и Саути станале познати како поетите од Лејк. Низ овој период многу од неговите поеми обработуваат теми како што се смртта, истрајноста, разделбата и тагата.
Брак и деца
Во 1802 година, по враќањето од неговото патување од Франција со Дороти, наследникот на Лутер, Вилијам Лутер, првиот ерл од Лонсдејл, го плаќа заостанатиот долг од 4000 фунти на таткото на Вордсворт кој се задолжил поради неможноста на Лутер да го плати неговиот помошник. Истата година, Вордсворт се оженил со Мери Хачинсон, пријателка од детството. Дороти продолжила да живее со нив и се зближила со Мери. Наредната година Мери го родила првото од петте деца: Џон Вордсворт (18 јуни 1803 -1875). Се оженил четири пати: Изабела Карвен - имале шест деца: Џејн, Хенри, Вилијам, Џон, Чарлс и Едвард Џејн Стенли (1833–1912), која се омажила за свештеникот Бенет Шерард Кенеди (вонбрачен син на Роберт Шерард, 6-ти гроф од Харборо) и нивниот син Роберт Харборо Шерард станал првиот биограф на неговиот пријател, Оскар Вајлд Хелен Рос Мери Ен Долан - имале една ќерка: Дора Дора Вордсворт (1858–1934) Мери Дора Вордсворт (16 август 1804 - 9 јули 1847). Се омажила со Едвард Квилинан Томас Вордсворт (15 јуни 1806 - декември 1812) Катерина Вордсворт (6 септември 1808 - 4 јуни 1812) Вилијам Вили Вордсворт (12 мај 1810 - 1883) Се оженил со Фани Греам и имале четири деца: Мери Луиза, Вилијам, Реџиналд и Гордон
Подоцнежна кариера Автобиографско дело и „Песни во два тома“
Вордсворт со години правел планови да напише долга филозофска поема во три дела, која сакал да ја именува како Осаменикот. Во 1798-99 започнал со пишувањето на автобиографска поема, на која не ù ставил наслов, но ја нарекувал Песна за Колриџ, која би послужила како прилог кон Осаменикот. Во 1804 почнал да го проширува ова автобиографско дело откако одлучил тоа да претставува вовед наместо прилог. До 1805 година го завршил, но одбивал да го објави како лично дело сè додека не ја заврши целата поема Осаменикот. Смртта на неговиот брат, Џон, во 1805 година имала големо влијание врз него. мини|Рајдал Маунт, – дом на Вордсворт 1813–1850 година. Стотици посетители доаѓале овде да го видат низ годините
Изворот на филозофската посветеност на Вордсворт прикажана во Предговор и во многу пократки дела како Стихови напишани на неколку милји над Тинтерн Аби бил извор на многу критички дебати. Иако долго време се претпоставувало дека Вордсворт главно се потпира на Колриџ за филозофски насоки, понови сознанија упатуваат на тоа дека идеите на Вордсворт биле формирани години пред тој и Колриџ да се запознаат во 1790-те. Додека бил во револуционерниот Париз во 1792, 22-годишниот Вордсворт се запознал со мистериозниот патник Џон „Вокер“ Стјуарт (1747-1822),Kelly Grovier, "Dream Walker: A Wordsworth Mystery Solved", Times Literary Supplement, 16 February 2007 кој бил на крајот од неговото триесетгодишно патешествие од Мадрас, Индија низ Персија и Арабија, преку Африка и цела Европа, па сè до САД. Уште пред да се запознаат, Стјуарт имал издадено амбициозно дело за оригинална материјалистичка филозофија наречено „Апокалипсата на природата“ (Лондон, 1791), на кое се должат многу од филозофските размислувања на Вордсворт.
Во 1807 била издадена неговата Песни во два тома, вклучувајќи ја Ода: Претчувства на бесмртноста според сеќавања на раното детство. Дотогаш Вордсворт бил јавно познат по Лирски балади и се надевал дека оваа збирка ќе го зацврсти неговиот углед. Меѓутоа, таа наишла на слаб прием. Извесен период (почнувајќи од 1810) Вордсворт и Колриџ се отуѓиле поради зависноста од опиум на Колриџ. Две од неговите деца, Томас и Катерина, починале во 1812 година. Следната година бил назначен за доставувач на марки во Вестморленд, па 400-те фунти што ги добивал годишно го осигурале финансиски. Неговото семејство, вклучувајќи ја и Дороти, се преселило во Рајдал Маунт, Амблсајд во 1813 година, каде тој останал до крајот на својот живот.
Предговор
Во 1814 ја објавил „Патувањето“ како втор од трите дела на Осаменикот. Никогаш не ги завршил првиот и третиот дел. Меѓутоа, напишал поетски Предговор кон Осаменикот во кој тој ги објаснува структурата и намерата на поемата. Предговорот содржи некои од најпознатите стихови на Вордсворт за врската помеѓу човечкиот ум и природата: