thumb|The Обединети Нации,со своето седиште во Њујорк, е најголемата меѓународна дипломатска организација.
Зборот "дипломатија" потекнува од грчкиот збор диплома. Во Стара Грција дипломата била државен документ кој се давал на определено лице како препорака или уверение за неговите официјални овластувања да ја претставува државата во други земји. Носителот на диплома започнал да се нарекува дипломат, а од таму и дејноста сврзана со тие лица го добила името дипломатија.
Во меѓународната доктрина постојат различни определби за поимот дипломатија. Така некои автори сметаат дека дипломатијата е уметност - дипломатија е уметност и пракса на водење на преговори меѓу овластени личности, кои претставуваат групи или нации. Најчесто се однесува на меѓународна дипломатија, водење на меѓународни односи преку посредувањето на професионални дипломати во врска со прашања поврзани со постигнувањето на мир, култура, економија, трговија и војна. Додека други автори сметаат дека дипломатијата е наука со определени задачи, методи, правила и норми. Се среќава и разгледување на дипломатијата во тесна и широка смисла. Во првиот случај дипломатијата е уметност за претставување и водење на преговори со официјални лица од туѓи држави, додека во широка смиска дипломатијата е официјалната дејност на органите за надворешни/меѓународни односи, севкупност од разнообразни средства, методи и форми со коишто се користи државата во водењето на надворешните функции. Со анализа, се откриваат неколку општи црти за поимот дипломатија: прво- дипломатијата наоѓа израз во областа на меѓународните надворешни односи. второ- основен метод за спроведување на дипломатската дејност се преговорите. трето- дипломатската работа се извршува од официјално задолжени лица.
Дипломатската дејност се регулира од општо прифанатите принципи на современото меѓународно право, коешто ја создава основата на дипломатското право. Основниот универзален документ којшто ги содржи принципите на дипломатската дејност е Уставот на ООН. За реализација на својата надворешна политика секоја држава има специјализиран апарат со систем од органи за надворешни односи. Тие можат да бидат внатрешно-државни и задгранични органи за надворешни односи. Внатрешно-државни се: Парламентот, Претседателот, Министерството за надворешни работи и специјализирани внатрешно-државни органи. Додека задграничните органи се делат на постојани и времени, постојани се: дипломатските, трговските и претставништва во меѓународните организации.
Се смета дека најстарите споменици на дипломатијата потекнуваат од Египет- ЕлАмаранската преписка од 15 и 14 век п.н.е (360 глинени плочки кои содржеле дипломатски писма помеѓу египетски фараон и туѓи владетели).
Во неформална или општествена смисла, дипломатијата е употребување на такт да се добие стратешка предност, збир на алатки за формирање на изјавите на неконфронтирачки начин.
Историски развој
Стар Египет, Канаан и Империја на Хетити
Некои од најраните дипломатски записи се армана писмата, напишани меѓу фараоните на осумнаесеттата династија на Египет и владетелите на Амуру од Канаан за време на 14 век п.н.е. По битката на Кадеш во 1274 година п.н.е. за време на деветнаестата династија, фараонот на Египет и владетелот на Хетитското Царство постигнаа еден од првите познати меѓународни договори за мир кои опстојуваат на фрагментите од камената плоча.
Стара Грција
Грчките градови-држави понекогаш испраќаат пратеници едни до други за да преговараат за специфични проблеми, како што се војна и мир или трговски врски, но немаа дипломатски претставници кои редовно се поставени на територијата на другиот. Сепак, некои од функциите придодадени на модерните дипломатски претсавници во Стара Грција се пополнети со застаници, кои се граѓани од градот-домаќин кои имаат посебни пријателски врски со друг град- врска која е често наследна во фамилиите.
Европа
Антички почетоци
Способноста да се практикува дипломатијата е еден од дефинирачките елементи за држава. Како што е напишано погоре, дипломатијата се практикувала уште од создавањето на првите градови-држави пред еден милениум во Стара Грција. Поголемиот дел од човековата историја, дипломатите биле испраќани само за посебни преговарања и веднаш се враќале откако ќе ја завршеле мисијата. Вообичаено, дипломатите биле роднини на владејачката фамилија или биле со висок ранг со цел да имаат легитимитет кога ќе сакаат да преговараат со други држави.
Еден значаен исклучок е врската помеѓу Папата и Византискиот цар. Агентите на папата, наречени апокрисиари (дипломатски претставници за време на Антиката и раниот Среден век), и биле со постојано место на живеење во Цариград. Сепак, по 8 век конфликти меѓу Папата и царот (како што е контраверзијата иконоборство- намерно уништување на икони и црковни споменици) доведоа до кршење на екстремно блиските врски.
Потеклото на дипломатијата се наоѓа во стратешката и конкурентната размена на впечатливи подароци, коишто можат да се забележат уште во Бронзената ера и да се признаат како хомеров став за пријателски однос на гостинот. Според тоа, дипломатијата и трговијата биле уште од почеток постојано поврзувани. Дејвид Џакоби забележува дека,, во рамката на дипломатски односи вообичаено е да визанитиските цареви и муслиманските владетели, особено Абсиди и Фатмиди, како и муслимански владетели меѓу себе да разменуваат вредни подароци, со кои ќе се обидат да ги импресионираат или надминат колегите,`` во контекст на економијата на свилата во културната размена меѓу Византија, Исламот и Латинскиот запад: трговци придружувани од емисари кои често патувале со комерцијални бродови. Подоцна, ќе се прибележи дека англискиот авантурист и трговец Ентони Шерли го убедил персискиот владетел да ја направи првата персиска амбасада во Европа (1599-1602).
Извори на модерната дипломатија
Потеклото на раната модерна дипломатија често се бара во државите во Северна Италија во раната ренесанса, со воспоставувањето на првите амбасади во 13 век. Милано ја играл водечката улога, особено Франческо Сфорца, кој воспоставил постајани амбасади во другите градови-држави во Северна Италија. Тоскана и Венеција, исто така, биле центри каде што цветала дипломатијата од 14 век па наваму. Многу од модерната дипломатија започна токму на италијанскиот полуостров, како што е претставување на акредитиви на амбасадори до шефот на државата.
Практиката се прошири од Италија во другите европски региони. Милано е првиот град којшто испратил претставници во францускиот двор во 1455 година. Меѓутоа, Милано одбил да биде домаќин на француските претставници поради страв од шпионажа и дека француските претставници ќе интервенираат во неговите внатрешни работи. Бидејќи надворешната моќ на Франција и Шпанија станала се повклучена во италијанската политика се прифати потреба за прифаќање на емисари. Набрзо потоа, големите европски сили разменуваа претставници. Назначија амбасадор во англискиот двор во 1487 година. До доцниот 16 век, постојаните мисии станаа вообичаени. Сепак, Царевите на светото Римско Царство редовно не испраќаа постојани пратеници, бидејќи тие не можат да ги ”ретставуваат интересите на сите германски принцови (кој во теорија биле поданици на царот, но во пракса секој од нив бил независни).
За време на тој период правилата на модерната дипломатија дополнително се развија. Највисокиот ранг на претставништво беше амбасадор. Во тој период амбасадор беше благородник, а рангот на назначениот благородник варирал од престижот на државата во која тој бил назначен. Строгите стандарди за амбасадорите, бараат да тие имаат големи места на живеење, домаќини на богати забави и да играат значајна улога во дворскиот живот на нацијата-домаќин. Во Рим, најценети именувања за католички амбасадор, француските и шпанските претставници, имале придружба дури и до 100 луѓе. Дури и на помалите места, амбасадорите биле доста скапо платени. Помалите држави би испратиле и примиле пратеници, кои биле на ранг понизок од амбасадор. Некаде помеѓу двете била позицијата на ополномоштен министер.
Дипломатијата била сложена работа, дури и повеќе отколку сега. Амбасадорите од секоја држава биле рангирани преку сложено ниво на приоритет кои често се оспорувани. Вообичаено, државите биле рангирани со титулата на владетелот. За католичките нации емисарите од Ватикан биле најзначајни, потоа оние од кралствата, па од војводствата и кнежевствата. Претставниците од републиките биле рангирани најдолу (што најчесто ги правело гневни водачите на бројните германски, скандинавски и италијански републики). Одредување на првенство меѓу две кралства зависело од бројот на факторите кој често се менувал, што доведувало до блиски и чести препирања.
thumb|240px|left|Францускиот дипломат Шарл Морис де Телејранд-Периго се смета за еден од највештите дипломати на сите времиња.
Амбасадори, благородници со мало искуство во странство и накакви очекувања од кариара во дипломатија, имаа потреба да бидат поддржани од многубројниот кадар во амбасадата. Овие професионалци би биле испратени на подолги задачи и би биле со далеку поголемо знаење отколку високо рангираните службеници за земјата-домаќин. Кадарот на амбасадата би вклучил вработени од сите професии, вклучувајќи и некои кои се посветени на шпионажата. Потребата за вешти поединци во кадарот на амбасадите е исполнет со дипломците на универзитетите и ова доведе до зголемување на оние кои ги изучуваат меѓународното право, модерните јазици и историјата на универзитетите ширум Европа.
Истовремено, биле воспавени постајани надворешни министерства во речиси сите европски држави да ги координираат амбасадите и нивниот кадар. Формата на овие министерства е далеку од модерната форма, и многу од нив имале неважни внатрешни одговорности. Британија имаше два оддела со надлежности кои често се поклопувале сè до 1872 година. Тие, исто така, биле далеку помали од денешните. Франција, која ги поседуваше најголемите оддели за надворешни работи, имаше само 70 постојано вработени луѓе во осумдесеттите години на 18 век.
Елементите на модерната дипломатија бавно се проширија кон Источна Европа и Русија, пристихнувајќи во 18 век. Целата градба би била прекината од Француската револуција и последователните години на воена состојба. По револуцијата и обични луѓе ќе почнат да ја преземаат контролата врз дипломатијата во француската држава и оние освоени од револуционерните армии. Укинати се ранговите на првенство. Наполеон, исто така, одби да признае дипломатски имунитет, затворајќи неколку британски дипломати обвинети за правење на интриги против Франција.
По падот на Наполеон, Конгресот од Виена во 1815 година воспостави меѓународен систем на дипломатски рангови. Конфликти за првенство помеѓу нациите (а со тоа и соодветните користени дипломатски рангови) опстојаа уште еден век сè до крајот на Втората светска војна, кога рангот на амбасадор стана норма. Во меѓувреме, личности како германскиот канцелар Ото Фон Бизмарк беа обновени за меѓународна дипломатија.
Азија thumb|left|200px|Француски амбасадор во отоманска облека, нацртан од Антоан де Фавреј, 1766, музеј Пера, Истанбул.
Стара Индија