Јамајка (англиски: Jamaica) — островска држава на Средна Америка и е дел од островската група Големи Антили. Островот Јамајка е долг 34 и широк околу 80 км. Зафаќа површина од 10.990 км2. Јамајка се наоѓа во Карипското Море, на околу 145 километри јужно од Куба, и 191 км западно од Хиспаниола, островот на кој се наоѓаат државите Хаити и Доминиканска Република. Службен јазик на е англискиот, а главен град на државата е Кингстон.
Јамајка првично станала шпански посед познат како Сантјаго, потоа во 1655 година Јамајка била под англиска управа, а подоцна британска колонија позната како „Јамајка“. Островот се здобил со целосна независност во 1962 година. Со 2,8 милиони жители, таа е третата најнаселена англофонска држава во Америка, после САД и Канада. Кралот Чарлс III останал како монарх на Јамајка.
Потекло на поимот
Староседелски народ на Јамајка е народот Таинци кој зборува на арауакански јазик и тие го дале името Шаjмака или Xaymaca, што во превод значи „земја на дрво и вода“ или „земја на извори“.
Историја
Праисторија
Месното население Араваци и Таинци, кое е со потекло од Јужна Америка, се населиле на островот помеѓу 4000-та и 1000 година п.н.е. Кога пристигнал Кристофер Колумбо во 1494 година, имало преку 200 села каде што владееле caciques (шефови на селата). Јужниот брег на Јамајка бил најнаселениот, посебно околу пределот денес познат како „Олд Харбор“. Кога Англија преземала контрола врз островот, народот Таинци сè уште ја населувале Јамајка. The Jamaican National Heritage Trust, се обидуваат да лоцираат и документираат никаков доказ за староседелските народи.
Шпанска власт (1509–1655) Кристофер Колумбо ја прогласил Јамајка како шпанска колнија, по пристигнувањето во 1494 година, и најверојатно тој пристигнал во регионот „Олд Харбор“, денес наречен „Дискавери Беј“. Денес има дебата за тоа дали се приземјил во „Заливот Св. Ен“ или на „Дискавери Беј“. Заливот Св. Ен е местото каде што бродот „Света Глорија“ на Колумбо, најпрвин ја здогледал Јамајка. Една милја западно од заливот Сент Ен е местото на првата шпанска населба на островот, Севиља ла Нуева, која била напуштена околу 1524 година поради тоа што била прогласена за нездрава. Главниот град бил преместен во Спениш Таун, тогаш наречен „Вила де ла Вега“, околу 1534 година и се наоѓа во денешна Сент Кетрин.
Британска власт (1655–1962)
Од сите британски колонии на Карибите, Спениш Таун ја има најстарата катедрала. Шпанците биле насилно протерани од страна на Англичаните на Очо Риосво Сент Ен. Во 1655 Англичаните, под водство на Вилијам Пен и генералот Роберт Венаблс, ја зазеле и последната шпанска тврдина во Јамајка. Името на Монтего Беј, главниот град на парохијата на Сент Џејмс, е изведено од шпанското име manteca bahíааили „заливот на салото“ поради големата употреба на диви свињи во индустријата за произведување на маст (сало).
Во 1660 година, населението на Јамајка е околу 4.500 белци и околу 1,500 црнци а во почетокот на 1670-тите години,Donovan, J. (1910). Jamaica. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company црнците го формираат мнозинство од населението.A failed settler society: marriage and demographic failure in early Jamaica, Journal of Social History, Fall, 1994, by Trevor Burnard
Кога Англичаните ја окупирале Јамајка во 1655 година, шпанските колонисти избегале после ослободувањето на нивните робови. Робовите избегале во планините, приклучувајќи се кон оние што претходно избегале од Шпанците, за да живеат со народот Таинци. Овие робови во бегство, кои станале познати како „јамајски бегалци“, се бореле против Британците во текот на XVIII век. Тоа име денес сè уште се користи за нивните современи наследници. За време на долгогодишното ропство, бегалците формирале слободни заедници во планинската внатрешноста на Јамајка, и таму ја одржувале нивната слобода и независност со генерации.
Во текот на првите 200 години под британско владеење, Јамајка станала една од светските водечки извозници на шеќер, произведувајќи повеќе од 77.000 тони шеќер годишно меѓу 1820 и 1824 година. По укинувањето на трговијата со робови (но не и ропството само по себе) во 1807 година The Sugar Revolutions and Slavery, U.S. Library of Congress , Британците увеле индиски и кинески работници како вработени чираци, за да се дополни работната сила. Потомците на вработените чираци од индиско и кинеско потекло продолжиле да живеат во Јамајка и денес.
До почетокот на XIX век, големото ослонување на ропството во Јамајка, резултирало со надминување на бројот на белците од страна на црнците во сооднос од речиси 20 спрема 1. Иако Англија го забрани увозот на робови, некои сè уште се шверцувале во колониите. Британската влада изготвила закони држејќи го под строга контрола укинувањето на ропството, но тие исто така вклучиле и инструкции за подобрување на начинот на животот на робовите. Во овие инструкции се вклучени забрана на употребата на жита од областа, забрана за камшикување на жените, известување дека на робовите им е дозволено верско образование, услов да им се даде на робовите дополнителен слободен ден во текот на неделата, кога тие би можеле да го продаваат своето производство, како и забрана на неделните пазари.
Во Јамајка овие мерки биле попречувани од страна на Домот на народното собрание. Собранието тврдело дека робовите биле задоволни и се противело на мешањето на парламентот во островските работи, иако многу сопственици на робови стравувале за можни револти. По серија буни и менување на ставовите во Велика Британија, нацијата формално го укинала ропството во 1834 година, со целосно ослободување од робовладетелство, прогласено во 1838 година. Во 1834 година населението изнесува 371.070 од кои 15.000 белци, 5.000 слободни црнци, 40.000 „обоени“ или со мешани раси и 311.070 робови.
Британците основале определен број на ботанички градини. Тука спаѓале и градината Кеслтон, формирана во 1862 година, да ја замени градината Бат (создадена во 1779) која била предмет на навали. Градината Бат била местото за садење овошје донесено во Јамајка од Тихиот Океан од страна на Капетанот Вилијам Блај. Други градини биле плантажата Чинчона основана во 1868 година и градината Хоуп основана во 1874 година. Во 1872 година, Кингстон станал главен град на островот.
Во 1945 година, Сер Хорас Хектор Херн станал главен судија и чувар на протоколот во Јамајка. Тој застанал на чело на Врховниот суд во Кингстон, во периодот меѓу 1945 и 1950/1951. Потоа се пресели во Кенија, каде што бил назначен за главен судија.
Независност (1962) Јамајка полека добила зголемување на независноста од Велика Британија и во 1958 година Јамајка станува провинција во Западноиндиската Федерација. Јамајка стекнала целосна независност со напуштање на федерацијата во 1962 година.
Силен економски раст, во просек околу 6% на годишно ниво, ги одбележала првите десет години од независноста за време на конзервативните влади кои биле предводени од премиерите Александар Бустаманте, Доналд Сангстер и Хју Ширер. Растот бил поттикнат од силните инвестиции во боксит и алуминиум, туризам, индустриско производство и во помала мера земјоделскиот сектор.
Оптимизмот на првата декада бил придружен со растечко чувство на нееднаквост, и чувство дека придобивките од растот не биле искусени од страна на сиромашните во урбаните краеви. Ова, во комбинација со ефектите од забавувањето на глобалната економија во 1970 година, го поттикнал електоратот да ја промени власта, избирајќи ја ННП (Народна национална партија) во 1972 година. И покрај напорите за создавање на социјално-правична политика во образованието и здравството, Јамајка продолжила да заостанува економски, со својот бруто-национален производ паднат во 1980 година до некои 25% под нивото од 1972 година. Зголемувањето на странските и локалните долгови, придружувани со големи фискални дефицити, резултирало со покана од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансирање од страна на САД и другите, и наметнување на ММФ мерки за штедење (со поголема од 25% каматна стапка на годишно ниво ).
Економското влошување продолжило и во средината на 1980-тите, влошено од голем број фактори; првиот и третиот по големина производител на алуминиум, Алпарт и Алкоа, се затвориле, и тука имло значително намалување на производството од страна на вториот по големина производител, Алкан. Понатаму и туризмот се намалил и јамајските рудници Рејнолдс се откажале од индустријата на Јамајка.
Политика
Јамајка е парламентарна демократска и уставна монархија, каде монархот е застапен од генералниот гувернер. Шефот на државата е кралот Чарлс III, кој официјално ја користи титулата „Монарх на Јамајка“, кога ја посетува земјата или врши должности во корист на Јамајка.Queen of Jamaica http://www.royal.gov.uk/MonarchAndCommonwealth/Jamaica/Jamaica.aspx Генералниот гувернер е номиниран од страна на премиерот и целиот кабинет и истиот е назначен од монархот. Сите членови на Кабинетот се назначуваат од страна на генералниот гувернер по совет на премиерот. Монархот и генералниот гувернер имаат главно церемонијални улоги, настрана од нивната силна резервна моќ, да го разрешат премиерот или парламентот.
Сегашниот устав на Јамајка е направен во 1962 година од страна на двопартиски заеднички комитет од законодавната власт на Јамајка. Уставот стапува во сила заедно со јамајскиот договор за независност во 1962 од законодавното тело на Обединетото Кралство, кога и била дадена политичка независност на Јамајка.
Законодавното тело на Јамајка е дводомно и се состои од Собрание (долен дом) и Сенат (горен дом). Членовите на собранието (познати и како членови на парламентот или пратеници), се избираат директно, и членот на Претставничкиот дом, кој, по проценка на генералниот гувернер, најдобро може да командува со довербата на мнозинството од членовите на таа куќа, е назначен да биде премиер, од страна на генералниот гувернер.Сенаторите се номинирани заеднички од страна на премиерот и парламентарниот водач на опозицијата и потоа се назначени од страна на генералниот гувернер.
Во февруари 2006 година, Портија Симпсон-Милер била избрана од страна на делегатите на владејачката Народна национална партија (ННП) за замена на П.Ј. Петерсон, како претседател на партијата. На крајот на март 2006 година, кога Петерсон ја напуштил канцеларијата, Симпсон-Милер станала прва жена премиер на Јамајка. Поранешниот премиер Петерсон бил на таа функција од оставката на Мајкл Менли во 1992 година. Петерсон бил реизбран трипати, последен пат во 2002 година.
На 3 септември 2007 година, Брус Голдинг од Работничката партија на Јамајка, бил избран за премиер со стекнување 33 места во негова корист и -27 места во корист на Портиа Симпсон-Милер и ННП на општите избори на Јамајка во 2007 година. Портиа Симпсон- Милер признала пораз на 5 септември 2007 година. На 11 септември 2007 година, откако бил инаугуриран од Генералниот гувернер Кенет Хал, Х. Брус Голдинг ја презел функцијата како премиер на Јамајка.
Јамајка има традиционално двопартиски систем, со моќ често да балансира помеѓу Народната Национална Партија и Работничката Партија на Јамајка (РПЈ). Во текот на изминатата деценија, се појавила нова политичка партија наречена Народно Демократско Движење (НДД), во обид да се спротивстави на двопартискиот систем, иако тоа станало во голема мера нерелевантно во овој систем, со добивање на само 540 гласови од над 800.000 гласови на изборите во септември .
Административна поделба
Јамајка е поделена на 14 парохии, кои се групирани во три историски окрузи, кои немаат административни цели.
КорнволГлавен градкм2МидлсексГлавен градкм2СуриГлавен градкм2 1 ХановерЛусиа 450 6 КларендонМеј Пен1,196 11 КингстонКингстон25 2 Сент ЕлизабетБлек Ривер1,212 7 МанчестерМандевил 830 12 ПортландПорт Антонио814 3 Сент ЏејмсМонтего Беј 595 8 Сент ЕнСент Енс Беј1,213 13 Сент ЕндруХалф Веј Три453 4 ТрелавниФалмаут 875 9 Сент КетринСпениш Таун1,192 14 Сент ТомасМорант Беј743 5 ВестморлендСавана-ла-мар 807 10 Сент МериПорт Марија 611
Војска