Жолна или обична жолна, златка или вуга () — птица преселница, која на лето живее во Европа и западна Азија, а зиме живее во тропските краишта. Ја има и во Македонија.

Таксономија

Сариазмата е единствениот член на семејството птици-врапчарки наречена жолни кои живеат во умерените предели на северната полутопка.

Опис и поведение

Жолната живее во високи листопадни дрвја во шумовити предели, овоштарници и паркови. Во Велика Британија живеат многу мал број на вакви птици, каде се гнездат во индустриски насади на црна топола.

Оваа птица гради уредно гнездо во чаталот на дрвото, и во него сместува 3-6 јајца. Се храни на инсекти и овошје кои ги наоѓа во крошните, каде впрочем златката проведува голем дел од времето.

Мажјаците се упадливи со типичното жолто-црно перје, но женките се еднолично зелени. Жолните се мошне повлечени птици, па дури и мажјаците се многу тешко забележливи во жолто-зеленото шаренило на крошните.

Летот им е налик на оној на дроздот, силен и насочен со извесни спустови при долги летови.

Жолната пее слично на сојка, но песната ѝ е помилозвучна и непогрешлива.

Поврзано Список на птици во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Развој и размножување (PDF) Песнопој на жолната Видеоинсерти со жолни Фотографии на жолни

Галерија

Категорија:Жолни Категорија:Птици на Азија Категорија:Птици на Европа Категорија:Птици на Турција Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј