Православие (или ортодоксија) — христијанско верско учење (дел од христијанството), најбројна христијанска црква по католицизмот. Го разработува животот и делото на Исус Христос, како и на неговите дванаесет апостоли, односно Новиот завет од Библијата (Светото писмо). Православните верници веруваат во Света Троица — Отецот, Синот и Светиот Дух, како и во Мајката Божја.

Православните христијани се крстат со три прсти по три и тоа во името на Отецот (челото), Синот (под стомакот) и Светиот Дух (десната и левата страна на градите), амин.

Дел од православните христијани ги почитуваат и слават верските празници според јулијанскиот календар, односно 14 дена поназад од католиците. Вселенската патријаршија, Александриската патријаршија, Антиохијската патријаршија, Романската патријаршија, Бугарската патријаршија, и црквите во Грција, Албанија, Чешките и Словачките Земји, Полска, и Северна Америка го почитуваат Реформираниот Јулијански Календар, додека црквите во Ерусалим, Русија (вклучувајќи ги и Украина и Белорусија), Србија, Македонија и Грузија слават по Стариот Јулијански Календар.

Земји со најбројно православно население во Европа се: Русија (и неколку држави од поранешниот СССР како Украина, Белорусија, Грузија и Ерменија), Србија, Црна Гора, Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија дел од Албанија, Босна и Херцеговина и некои други земји надвор од Европа со православна христијанска заедница како Етопија во Африка и Јапонија и Кина во Азија.

Чинови во Православната црква (хиерархија)

Патријарх Архиепископ Митрополит Епископ Свештенство

Некои православни цркви Автокефални православни цркви Македонска православна црква Цариградска патријаршија Александриска патријаршија Антиохиска патријаршија Ерусалимска патријаршија Руска православна црква Српска православна црква Грузиска православна црква Романска православна Црква Бугарска православна црква Православна црква во Кипар Православна црква во Грција Православна црква во Албанија Православна црква во Чешкоите и Словачките Земји Православна црква во Полска Православна црква во Америка

Автономни православни цркви Јапонска православна Црква Финска православна Црква Украинска православна црква - Московска патријаршија Православна охридска архиепископија - Пеќска патријаршија Руска задгранична црква

Непризнаени православни цркви Црногорска православна Црква Украинска православна Црква - Киевска патријаршија

Надворешни врски Официјално мрежно место на македонската православна црква Вики проект на православните верници од целиот свет на македонски јазик Официјално мрежно место на албанската православна црква Официјално мрежно место на бугарската православна црква Официјално мрежно место на ерменската православна црква

Категорија:Христијански вероисповеди Категорија:Религијата во Византија

Категорија:Христијанството во 1 век Категорија:Христијански организации