Домашната коза (лат. Capra aegagrus hircus) ― домашно животно, подвид на дивата коза од Азија и Источна Европа.

Нејзиното припитомување се одвивало уште во текот на 11 век п.н.е, на подрачјето на Блискиот Исток. Обично се претпоставува, дека припитомувањето многу брзо доведува до морфолошки промени на скелетот на таквите животни, како што е промената на роговите, и нивната помала големина. Луѓето од козите го користат месото, кожата, млекото и волната.

Историја Козите се меѓу најраните животни припитомени од луѓето. Најновата генетска анализа ги потврдува археолошките докази дека дивата анадолска коза од планините Загрос е веројатно изворниот предок на веројатно сите домашни кози денес.

Неолитските фармери започнале да пасат диви кози првенствено за лесен пристап до млеко и месо, како и до измет, кој се користел како ѓубриво; а нивните коски, коса и жила се користеле за облека, градби и алатки.Hirst, K. Kris. "The History of the Domestication of Goats". About.com. Пристапено на 16 април 2021. Најраните остатоци од домашни кози кои датираат 10.000 години пред денес се наоѓаат во Ганџ Дарех во Иран. Остатоци од кози се пронајдени на археолошките места во Ерихон, Чога Мами,<ref>Maisels, C.K. [https://books.google.com/books?id=1WOPkmChaFsC&pg=PA124&lpg=PA124&dq=choga+mami+goat&source=bl&ots=DAPCktHUVm&sig=HyDu9QXrdVcyJY37orgclD8ax1Q&hl=en&sa=X&ei=w311UKHMJIrW0QXS5YHYDg&sqi=2&ved=0CCQQ6AEwAQ#v=onepage&q=choga%20mami%20goat&f=false The Near East: Archaeology in the Cradle of Civilization] Routledge, 1999; стр. 124</ref> Џејтун и Чајону, датирајќи го припитомувањето на кози во Западна Азија пред околу 8.000 до 9000 години.

Студиите за докази на ДНК предложуваат 10.000 години БП како датум на припитомување.

Историски гледано, козјата кожа била користена за шишиња за вода и вино и при патување и при превоз на вино за продажба. Користена била и за производство на пергамент.

Исхрана Ако ги имаат на располагање сите делови на билки, козите јадат околу 60% листови и стеблести растенија, околу 20% зелено растение и само околу 20% трева. Порано, но и денес се чуваат во повисоките места, зошто се способни за искачување како и за подрачја на кои не можат да се одгледуваат говеда.

Размножување Козата достигнува полна зрелост на 5 месеци (мажјакот), односно на 7 месеци (женката) од животот. Таа може да носи млади до својата седма година, а вообичаено раѓа 1 до 3 млади. Циклусот кај козите трае 21 ден, започнувајќи во есен и повторувајќи се неколку месеци до оплодувањето.

Козата како тема во уметноста и во популарната култура мини|десно|250п|Жена во народна носија како молзе коза. „Јарецот живодерец“ (српски: Јарац живодерац) - српска народна приказна.Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 144-145.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 330-332. „Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим.Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.Браќа Грим, Сказни, Наша книга, Скопје, 1972, стр. 14-17. „Стрмина“ - краток расказ на македонскиот писател Петко Дабески.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 75. „Козата на господинот Сегин“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 41-48. „Јарецот, бикот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 71. „Лисицата и јарецот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 77. „Волкот и козата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 80-81. „Иде коза рогушеста“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.Иван Ивановски, Ах ти мило детенце. Култура, Скопје, 1980, стр. 4. „Јаренца“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 65-66. Гоут (англиски: Goat = коза) — шведска рок-група.Goat (22) (пристапено на 10.4.2025) „Коза“ (англиски: Goat) — музички албум на истоимената шведска рок-група од 2024 година.Goat (22) – Goat (пристапено на 10.4.2025) „Грла јарци“ - песна на македонската рок-група Funk Shui''.Funk Shui, R.E.M., TR003, 22 Records.

Наводи

Категорија:Добиток Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј