Полска повивка (лат. Convolvulus arvensis) е вид на повивка која расте во Европа и Азија. Ова е повеќегодишно тревесто растение кое расте од 0.5–2 m во висина. Листовите му се спирално подредени, линерани до стрелести, со должина од 2–5 cm, со дршки од 1-3 см. Цветовите му се во облик на труба, со пречник од 1-2,5 см, бели или светло розови, со пет малку потемно розови радијални пруги. 220px|thumb|left|Цвет со црвени грини

Постојат два вариетета: Convolvulus arvensis сорт. arvensis. Пошироки листови. Ова е широко распространето низ Македонија. Convolvulus arvensis сорт. linearifolius. Потесни листови.

Иако дава убави цветови, повивката се смета за непожелно растение и коров заради нејзиниот забрзан раст и со тоа ги гуши сите останати растенија. Ова растение е донесено во Северна Америка, каде претставува инвазивен вид во некои подрачја. Таму расте во густи покривки и навлегува во полињата, со тоа намалувајќи го приносот; само во 1998 ова растение направило штета на американското земјоделство во износ од $377 милиони.Coombs, E. M., et al., уредн. (2004). Biological Control of Invasive Plants in the United States. Corvallis: Oregon State University Press, 151.

Во Македонија Расте покрај патишта, железнички пруги, на плочници, тревници, тротоари, како плевел во ниви и лозја, по брдски пасишта и на други места. Се посочува дека расте на голем број локалитети низ Македонија: Битолско, Струмичко, Крива Паланка, Скопје, Водно, Алшар, Прилеп, Богданци, Валандово, Тетовско, покрај реката Вардар од Велес до Гевгелија, и на други места.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 73-74, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Наводи

Надворешни врски

Опширен профил на полската повивка (Convolvulus arvensis)

Европска флора: Convolvulus arvensis Кинеска флора: Convolvulus arvensis

Категорија:Повивки Категорија:Инвазивни растенија Категорија:Плевели Категорија:Лековити растенија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија