Алдебаран (α Tau, α Tauri, Алфа Таури) е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Бик и една од најсјајните ѕвезди воопшто на ноќното небо. Сместена е на главата на бикот, па низ историјата е нарекувана Окото на Бикот. Алдебаран е најсјајната ѕвезда член од расеаната група ѕвезди Хијади, кои се најблиската група ѕвезди до Земјата. Вселенскиот брод на НАСА Пионир 10, кој помина крај Јупитер во 1973 година, крај Алдебаран ќе помине за околу два милиони години.

Во 1997 година, виден е објект ѕвезден придружник на Алдебаран, со маса најмалку 11 пати поголема од масата на Јупитер и со период на орбита од околу 2 години. Но сепак, овој податок не е потврден.

Народни верувања во Македонија Сјајната ѕвезда Алдебаран во македонскиот народ е позната под повеќе имиња. Црвената боја на оваа ѕвезда и близината на многу познатото соѕвездие Квачка, ги инспирирала жителите на селата Негорци и Стојаково да ја наречат Лисица.Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 60.

Наводи

Категорија:Бик (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Глизеови објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Портокалови џинови Категорија:Бавни неправилни променливи ѕвезди Категорија:Хипотетички планетарни системи Категорија:TIC-објекти