Подметнување е американски драма трилер – филм на Клинт Иствуд од 2008 год. Главните улоги ги играат: Анџелина Џоли, Гатлин Грифит, Ајми Рајан, Џон Малкович итн. Во 2008 година, филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал. Во 2009 година, филмот имал номинации за три награди „Оскар“ и две номинации за „Златен глобус“.IMDb, Changeling (2008), Awards (пристапено на 30.5.2015)

Синопсис Дејството на филмот се одвива во Лос Ангелес, во 1928 година. Самохраната мајка Кристин Колинс (ја игра Џоли) се враќа од работа и дознава дека го нема деветгодишниот син Волтер (го игра Грифит). По неколкумесечна истрага, полицијата пронаоѓа едно дете во Илиноис, кое одговара на описот и кое кажува дека е нејзиниот син. Тогаш, се вклучуваат и медиумите, кои сакаат да ја разгласат приказната со среќен крај, но мајката тврди дека тоа не е нејзиниот син. Полицајците ја сметаат мајката за лажливка или за хистерична жена. Но, кога таа ќе му се придружи на еден свештеник (го игра Малкович) во критиката на работата на полицијата, државните служби се свртуваат против мајката. Во меѓувреме, на еден ранч, еден полицаец пронаоѓа имигрант од Канада со нерегулирани документи за престој. Тогаш, момчето од Канада ја соопштува застрашувачката приказна...„Замена“, Антена, број 881, 15.5.2015, стр. 15.

Глумечка екипа

Глумци ЛиковиАнџелина Џоли Кристин КолинсЏефри Донован Џ.Џ. ЏонсЏон Малкович Густав БриглебЏејсон Батлер Харнер Гордон НорткотЕјми Рајан Карол ДекстерМајкл Кели Лестер Ибара Награди и номинации

66то изданиеЗлатен Глобус Најдобра главна глумица во драма (Анџелина Џоли)– номинирана Најдобар саундтрак (Клинт Иствуд) – номиниран

81во издание Оскар Најдобра глумица во главна улога (Анџелина Џоли) - номиниран Најдобра кинематографија - номиниран Најдобра уметничка режија - номиниран

Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Клинт Иствуд Категорија:Филмови со Анџелина Џоли Категорија:Филмови со Џон Малкович Категорија:Филмови од 2008 година