Црквата Света Петка Самарџиска е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Бугарската православна црква. Посветена е на Света Петка Самарџиска.
Историја
Оваа црква била изградена во 11 век, но се смета дека на нејзино место имало црква од многу порано. Најстарите задржани фрески датираат од 14 век. Црквата претставува мала еднокорабна градба, делумно вкопана во земјата. Под нејзините темели биле откриени стари римски гробници. Ѕидовите на црквата се дебели 1 метар, изградени од тули и камења. Иконостасот во црквата е дело на дебарските мајстори од фамилијата Филипови.
Според писателот Николај Хајтов во оваа црква бил погребан Васил Левски.
Галерија
Категорија:Цркви во Софија Категорија:Православни цркви во Бугарија Категорија:Цркви од 11 век Категорија:Дела на Дебарската школа