Капрарола (итал. Caprarola) — гратче во провинцијата Витербо, во регионот Лацио во централна Италија. Гратчето е сместено на верига од вулкански ридови, познати како Чимини.

Градот е најпознат по импозантниот ренесансен дворец наречен Вила Фарнезе, изграден за кардиналот Алесандро од видното благородничко семејство Фарнезе во средината на XVI век од архитектот Јакопо Бароци да Вињола.

Категорија:Општини во Витербо (покраина) Категорија:Градови во Италија