Крсте Гермов познат како ШакирПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 67 (, - , ) — македонски револуционер, мариовски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација. После ослободувањето, тој учествувал во раководењето на ДФ/НР Македонија.
Животопис мини|лево|Трајко Зојката (лево), Коста Костурчето (во средината) и Шаќир војвода (десно, чита писмо) Гермов бил роден во 1868 година во Прилеп. Работeл како кројач. Во 1901 година, тој влегол во ТМОРО,Илинденски сведоштва, том I, дел II, ДАРМ Скопје 2016, стр. 959 а откако во 1902 година го убил шпионот кој ја предал четата на Методи Патчев во Кадино Село, Крсте Гермов заминал во илегала, и се вклучил во четата на Петар Ацев. До Илинденското востание и за време на востанието, Гермов бил секретар на мариовската чета, која била раководена од војводата Толе Паша, а кон крајот на 1903 година, по смртта на Толе Паша, го заменил и станал реонски војвода во Мариово.
За време на Илинденското востание, тој учествувал во повеќе борби против османлиската војска, а по востанието, против истата војска и башибозук, исто така и против српски и грчки чети.
Пролетта на 1904 година, тој бил во придружба на Ѓорче Петров, а потоа бил заедно со војводата Никола Каранџулов. Во 1906 година, тој бил уапсен од страна на османлиската власт и бил осуден на доживотен затвор. Одлежал две години на робија, а потоа бил амнестиран од Младотурците во 1908 година. Васил Балевски за Шаќир вели:
ляво|мини|250п|Четата на Шаќир војвода
По востанието
Во 1910 година во разоружувачката акција од страна на турската власт бил подложен на мачење, потоа заминал за Софија, каде отворил свое кафе, па работел и како кондуктер во Дирекцијата на трамваите.
Учествувла во Балканските војни, во македонскиот доброволен одред (Македонско-одринско ополчение). Добил орден За храброст IV ред „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 176.. По војната живеел во Софија.
Соработувал со списанието Македонски вести (Софија 1935-36) уредувано од Ангел Динев.
Втора светска војна лево|мини|Септември, 1944 година Апел до Македонците во Бугарија. Еден од потписниците е и Крсто Гермов. мини|десно|250п|Панко Брашнаров на митинг во ослободениот Велес, ноември 1944 г. Десно до него стои Крсто Ѓермов-Шаќир, а лево претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Михаил Герџиков и др.
Се вратил во Асномска Македонија, бил избран за народен пратеник од Прилепско во Народното собрание на Македонија.мини|250п|Група стари македонски револуционери снимени во април 1948. Седат од лево на десно: Ризо Ризов, Крсто Гермов, Александар Мартулков. Стојат од лево на десно: Димитар Поп Евтимов, Анастас Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев.
На 1 септември 1946 година во Скопје ја отворил Првата седница на Македонското народно собрание токму како Шаќир Војвода, како највозрасен народен пратеник. Починал во Скопје на 17 декември 1962, а бил погребан со високи почести во родниот град - Прилеп. Пред својата смрт војводата во разговор со Лазар Колишевски во 1961 година истакнал:
Извори
Надворешни врски Кратка биографија на Шакир војвода
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски борци Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Отомански Македонци Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Добитници на Илинденска пензија Категорија:Отомански затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Отоманското Царство