Сибирски тигар (), познат и како амурски тигар, „источносибирски тигар“ и „усуриски тигар“ е редок подвид на тигар што живее на Далечениот Исток. Тој е најголемaта мачка на светот и истовремено со тоа еден од најмалобројните подвидови тигри. Внесен е во Црвената книга и е заштитен, до тој степен што, за убивање на сибирски тигар во Кина следува смртна казна.«Интересные факты об амурском тигре. Справка» — РИАНОВОСТИ .

Таксономија Felis tigris било научното име предложено од Карл Линеј во 1758 година за тигарот. Во 19 век, неколку примероци тигар биле собрани во источна Азија и опишани: лево|мини|280п|Женка во Зоо Скопје. Felis tigris altaicus предложен од Кунрад Јакоб Теминк во 1844 година биле кожи од тигар со долги влакна и густи палта продавани во Јапонија, кои потекнувале од Кореја, најверојатно од животни убиени на Алтајските и писиханските планини. Tigris longipilis предложен од Леополд Фитцингер во 1868 година се засновал на долговлакнест тигар во Природонаучниот музеј,во Виена. Felis tigris var. amurensis предложен од Чарлс Дод во 1871 година бил заснован на кожа од тигри од Амурскиот регион. Felis tigris coreensis од Емил Брас во 1904 година била кожа од тигар од Кореја.

Валидноста на неколку подвидови на тигрите била доведена во прашање во 1999 година. Повеќето претпоставени подвидови опишани во 19 и 20 век се разликувале врз основа на должината и бојата на крзното, моделите на риги и големината на телото - особености кои многу варираат во населенијата. Морфолошки, тигрите од различни региони се разликуваат малку, а се смета дека протокот на гени меѓу населенијата во тие региони е можен за време на плеистоценот. Затоа, било предложено да се признаат само два подвида тигри како валидни, имено Panthera tigris tigris во континентална Азија и P. t. sondaica на Големиte Сундски Острови и евентуално на Сундаленд. Во 2015 година, морфолошките, еколошките и молекуларните црти на сите подводни типови тигри биле анализирани во комбиниран пристап. Резултатите ја поддржуваат разликата на двете еволутивни групи: континентални и сундски тигри. Авторите предложиле признавање на само два подвида: имено P. t. tigris кои се состојат од населенија на бенгалски, малајски, индокинески, јужнокинески, сибирски и касписки тигри; и P. t. sodaica која се состои од населенија на јавански, балиски и суматрански тигри.

Во 2017 година, Мачешката специјалистичка група ја евидирала мачешката таксономија и сега ги признава сите населенија на тигри во континентална Азија како P. t. tigris.

Особености На должина се протега до 3 метри со опашот, висина од 1 метар во плеќите и тежина до 350 кг (расте цел живот). Нормалната тежина е околу 200 кг, а висината 90 см. Женките обично се помали — 100-180 кг. Крзното е жолтеникаво со црни ленти, оддолу на стомакот е бело. Долго и густо, тоа му овозможува да живее при температури и до -45 °C. Канџите се долги 10 см и мошне остри, а видот му е 5 пати подобар од човековиот. Сибирскиот тигар е ѕвер со огромна физичка моќ кој може да влече животно со размери на коњ со стотици метри. Независно од своите крупни размери може да трча со брзина од 50 км/ч, а некои единки и до 70 км/ч. Добар пливач е и многу ја сака водата. Секое животно има свое поединечно подрачје на живеење со просечна површина од 50 км2.

Исхрана Сибирски тигар се храни само со месо. 65-90% од пленот е обичниот елен. Исто така негови пленови се и лосот, срната, еленот сика, горалот, дивата свиња и рисот. Понекогаш лови и помал дивеч како зајаци и глувци. Наеднаш може да изеде до 20 кг месо.

Размножување Половата зрелост достигнува на 4 годишна возраст. Се парат по секое време на годината за околу десетина дена. Бременоста е 3-3½ месеци. Раѓаат 2-4 слепи мачиња. На 2-3 недели ги отвораат очите, а на четвртата неделе веќе добро гледаат. До двомесечна возраст цицаат, а потоа почнуваат да се хранат и со месо. Сепак цицаат до седум месечна возраст а понегаш и повеќе.

Распространетост Се среќава на Далечниот Исток, во Русија и Кина. Во Приморскиот крај на Русија живеат околу 450 единки, а во Кина нешто 40-50 (10%). Одделни единки се среќаваат и во Северна Кореја, до руско-кинеската граница. Како резултат на заштитата во последниве години популацијата споро се зголемува и ја проширува својата територија, враќајќи си ги старите живеалишта.

Поврзано Амурски леопард

Наводи

Надворешни врски

Амурски тигар — Црвена книга на Амурската област ALTA — Сојуз за амурскиот леопард и тигар Организација „Амур“

Категорија:Тигри Тигар Категорија:Далекуисточен федерален округ Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје