Африканскиот крокодил (Crocodylus cataphractus), наречен и тенкомуцест крокодил, е вид крокодил кој спаѓа во родот Crocodylus. Според последните истражувања на морфологијата и ДНК на овој вид, се отвора можноста дека припаѓа на посебен род именуван MecistopsMcAliley, Willis, Ray, White, Brochu & Densmore (2006). Are crocodiles really monophyletic?—Evidence for subdivisions from sequence and morphological data. Molecular Phylogenetics and Evolution 39: 16-32.. Сепак сѐ уште се користи класификацијата во Crocodylus за африканскиот крокодилCrocodylus cataphractus. CROCODILIANS Natural History & Conservation. Accessed 2008-06-28McAliley, Willis, Ray, White, Brochu & Densmore (2006). Are crocodiles really monophyletic?—Evidence for subdivisions from sequence and morphological data. Molecular Phylogenetics and Evolution 39: 16–32. и дека треба да биде поделен на два вида.

Опис Африканскиот крокодил живее во слатките води во централна и западна Африка. Тие се крокодили со средна големина и растат околу 3-4 метри во должина. Има карактеристична тенка муцка, според која и го добил името. Најчесто овие крокодили се хранат до риби, ракови и водоземци.

Поведение Овој вид не живее во групи, освен за време на сезоната на парење. Сезоната на парење на африканскиот крокодил почнува за време на дождовната сезона. Женката го гради гнездото, кое има форма на насип и е составено од растителен материјал. Најчесто овие гнезда се изградени на брегот на реката. Јајцата имаат долг период на инкубација споредено со останатите видови на крокодили, и изнесува дури и до 110 дена. Африканскиот крокодил во просек положува околу 16 јајца (минимум 13, максимум 27). Женката останува блиску до гнездото за време на целиот период на инкубација, но не го брани така жестоко како останатите видови на крокодили. Кога младите крокодили ќе почнат да излегуваат од јајцата, тие испуштаат специфични звуци со кои ја повикуваат маката која го отвора гнездото и им помага при излегувањето од јајцата.

Статус За овој вид не се знае многу и направени се само неколку проучувања на дивата популација. Според извештај од 2014, се смета за критичнозагрозен вид и се чини дека целосно исчезнал од некои земји каде порано бил присутен а во други, популацијата се намалува.IUCN2015.1 Crocodile Specialist Group (2014) „Mecistops cataphractus“ 18 January 2016 Сепак, иако загрозен, доста голема популација е забележана во централниот дел на Африка особено во Габон. За разлика оттаму, многу ретко се среќава во Западна Африка каде скоро и да исчезнал. Заканите се ловот (главно заради кожата), загуба на живеалиштето, немање храна (главно се храни со риби). Не се знае со сигурност колкава е неговата населеност во дивината, но се проценува помеѓу 1,000 до 20,000. Крокодили од овој вид се среќаваат во повеќе зоолошки градини во Европа и САД.

Таксономија Традиционално сместен во родот Crocodylus,проучувањата на DNA и морфологијата покажаа дека може да постојат два вида Mecistops. Генетски докази објавени во 2014 сугерираат дека овој крокодил ги бележи видовите Mecistops cataphractus (Централна Африка) и видот кој е присутен во Западна Африка, кој сè уште не е именуван.

Галерија

Надворешни врски

crocodilian.com: Crocodylus / Mecistops cataphractus Crocodylus cataphractus

Наводи

Listed as Data Deficient

Категорија:Крокодили Категорија:Животни Категорија:Африка