Крсте Битовски (Габреш, Костурско, 1926 - Скопје, 9 јануари 2009) — македонски историчар и еден од основоположниците на современата македонска историографија. Заедно со Манол Пандевски се нарекувани „двата столба“ на оваа област. Има објавено над 100 научни труда, монографии, збирки на документи, статии, мемоари на историски личности, итн. Автор е и на еден том од повеќетомната „Историја на Македонија“.

Роден е 1926 година во с. Габреш - Костурско, егејскиот дел на Македонија. За време на Втората светска војна, тој се преселил во вардарскиот дел на Македонија, во Битола. По завршувањето на војната, и по завршувањето историја на Филозофскиот факултет, тој се вработил во Институтот за национална историја, но набрзо, следен од УДБА и домашните предавници, тој завршил 2,5 години на островот на смртта, Голи Оток, во досиејата на тајните служби воден како „интелектуален македонист“.

По излегувањето од затвор својот работен век го продолжува во Институтот за национална историја. Во 1965 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Дејноста на Пелагониската митрополија (1878-1912)“.

За своите дела е добитник е многубројни државни награди. Добитник е на највискоката награда на Град Скопје - „13 Ноември“, републичката „11 Октомври“ и наградата „Гоце Делчев“.

Значајни дела

„Дејноста на Пелагониската митрополија (1878-1912)“, Скопје, 1968. „Македонија и Кнежевството Бугарија (1893-1903)“, Скопје, 1977. „Македонија во време на Големата Источната криза (1875-1881)“, Скопје, 1882. „Дипломатските огласи на Илинденското востание“, Скопје, 1983. „Солунските атентати“, Скопје, 1985. „Континуитетот на македонските национално ослободителни борби во XIX и почеток на XX век“, Скопје, 1998. „Грчката „Македонска борба“, Скопје, 2001.

Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Луѓе од Габреш (Костурско) Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Затвореници на Голи Оток Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Затвореници и притвореници во Хрватска Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“