Револуционерен пат () е американски филм на Сем Мендес од 2008 година. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Ричард Џејтс од 1961 година.
Синопсис Ејприл и Френк Вилер се млада, брачна двојка која со своите деца живее во периферијата на Конектикет, во средината на 50-тите години. Нивната самоувереност и лажно задоволство од личниот живот е само обична маска зад која се кријат многу поголеми фрустрации, поради неможноста да се чувствуваат исполнето од врската и кариерата. Френк е заглавен и незадоволен од својата канцелариска работа, а Ејрпил е домаќинка, која сè уште не може да ја прежали пропаднатата глумечка кариера. Решени да сменат нешто во своите животи и да им докажат на сите дека се поинакви, посупериорни од тие што живеат во нивна близина, планираат преселба во Франција, за каде што се надеваат дека ќе ги исполнат своите соништа. Но, не се свесни дека сепак многу ризикуваат...
Критики Брилијантно одглумен и емотивно многу силен. Овој филм е привлечна адаптација на популарниот роман на Ричард Џејтс. Така гласи консензус критиката на мрежното место Ротен Томатоес, но мораме сите да признаеме дека очекувавме многу повеќе од оцена од 68%. За тоа, излега, главен виновник е Сем Мендес бидејќи вака пишуваа медиумите – ‘Филмот е едноставно предолг, пренапорен и премногу мелодраматичен.’ (Arizona Republic), ‘Сјајна глума, но досадна режија.’ (Boston Globe). Но негативните критики сепак се во помал број, а кога станува збор за позитивните, повеќето од нив тврдат дека се работи за ремек-дело.
Глумечка екипа
Глумци ЛиковиКејт Винслет Ејприл ВилерЛеонардо ДиКаприо Франк ВилерКети Бејтс Хелен ГинингсКетрин Хан Мили КембелДејвид Харбор Шеп КембелМајкл Шенон Џон Гивингс
Награди и номинации
66то изданиеЗлатен Глобус Најдобар драма филм - номиниран Најдобра главна глумица во драма (Кејт Винслет)– победник Најдобар главен глумец во драма (Леонардо ДиКаприо) – номиниран Најдобар режисер во драма (Сем Мендес) - номиниран
Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо
Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови на Сем Мендес Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Кејт Винслет Категорија:Филмови со Леонардо Ди Каприо