Претседателот на Македонија (службено: претседател на Република Северна Македонија, уште и претседател на Републиката) — шеф на државата, како и врховен командант на вооружените сили и главен претставник на Републиката во земјата и во странство.

Обврски и надлежности

Внатрешна политика Во однос на внатрешната политика, во согласност со уставните надлежности, претседателот на Републиката:

го определува мандатот за состав на Владата; предлага двајца судии на Уставниот суд; предлага двајца членови на Судскиот совет; ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи; именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и закон; доделува одликувања и признанија; дава помилувања

Голем дел од активностите на претседателот на државата на внатрешен план не се дефинирани со Уставот и законите и произлегуваат од приоритетите на претседателот посветени на поддршка на политичкиот дијалог, промоција и поддршка на активности на младите, како и проекти и активности во областа на образованието, науката, заштитата на животната средина, граѓанскиот сектор, економската соработка, унапредувањето на правата на ранливите групи во општеството и подобрувањето на инклузијата.

Некои од таквите активности се: посети на локално ниво; средби со граѓани; учество на конференции и на други манифестации; покровителства на настани од национален и поширок интерес за државата; одржување предавања на настани; доделување стипендии во соработка со Министерството за образование и наука; активности поврзани со промоција на македонската наука и иноваторство; иницирање и реализирање проекти во соработка со научно-образовни институции и граѓански организации во државата; поддршка на спортски и на културни настани, како и поттикнување и поддршка на политичкиот дијалог.

Надворешна политика Во надворешната политика претседателот на државата има надлежности во однос на стратегиските правци на државата, нејзиното претставување надвор, начинот на кој се води надворешната политика, можностите за нова соработка, како и кадровската поставеност на дипломатијата.

Во согласност со меѓународното право и обичаи, како највисок претставник на Републиката, претседателот ја претставува државата во меѓународни рамки, особено во контактот и во комуникацијата со другите држави и меѓународни организации. Секогаш кога претседателот престојува во официјална или работна посета на странска држава, ја претставува Републиката, а официјалните изјави на претседателот се и официјален став на државата. Имајќи предвид дека претседателот се избира на општи и непосредни избори и дека својот мандат го црпи директно од граѓаните, претседателот има дополнителна одговорност во претставувањето на државата во странство.

Улогата на претседателот во претставувањето на Републиката е дефинирана со Уставот и Законот за надворешни работи. Според Законот за надворешни работи, претседателот на Републиката е прв меѓу четирите „органи за вршење на надворешни работи“, заедно со Собранието, Владата и Министерството за надворешни работи. Органите за вршење на надворешните работи ја создаваат, утврдуваат и спроведуваат надворешната политика на Републиката, согласно со Уставот и законите, и имено ги определуваат општите насоки, донесуваат и усвојуваат одлуки за активностите и ставовите и ги остваруваат со меѓусебна усогласена соработка сите државни активности поврзани со надворешните работи.

Според Законот за надворешни работи, во вршењето на надворешните работи претседателот на Републиката:

ја претставува државата во меѓународните односи, согласно со меѓународното право и неговите надлежности; учествува во создавањето на надворешната политика во соработка со Владата, преку утврдување на општите насоки на надворешната политика, вклучувајќи ги и прашањата од меѓународните односи со импликации врз безбедноста и одбраната на земјата; го следи спроведувањето на надворешната политика, а за резултатите и евентуалните несогласувања со другите органи за вршење на надворешните работи може да го извести Собранието; дава предлози и учествува во заземањето на ставови за одредени надворешно-политички прашања од неговата надлежност, вклучувајќи ги и безбедносните и одбранбените аспекти кои произлегуваат од меѓународните односи; поставува и отповикува со указ амбасадори и пратеници на Републиката во странство; дава согласност за издавање на агреман на шеф на странско дипломатско претставништво и ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници.

Одбрана и безбедност Во областа на одбраната и безбедноста, а во согласност со неговите уставни и законски надлежности, претседателот на Републиката како врховен командант на вооружените сили го поставува и го разрешува началникот на Генералштабот на Армијата и поставува и разрешува генерали. Тој е и претседател на Советот за безбедност и именува тројца од членовите на Советот. Претседателот, исто така, го именува и го разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање.

Според Законот за одбрана, претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата:

донесува стратегија за одбрана на Републиката; донесува план за одбрана на Републиката; ги пропишува мерките на приправност и наредува нивно спроведување; пропишува организација и формација на Армијата; донесува документи за употреба на Армијата и наредува нејзина употреба; дава согласност на документите за развој на Армијата; ги определува мерките за зголемување на борбената готовност на Армијата и наредува нивно спроведување; наредува мобилизација на Армијата; го пропишува командувањето во Армијата; донесува прописи што се однесуваат на борбената готовност, вооружената борба и мобилизацијата на Армијата; поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство.

Изборна постапка мини|десно|Гордана Сиљановска-Давкова како претседателски кандидат гласа во вториот круг на изборите во 2024 Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за мандат од пет години, со можност за најмногу два мандата. Изборот на претседател на Републиката го распишува претседателот на Собранието. Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од која било причина, изборот на нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

Изборот се врши со модифициран систем од два круга. Кандидат може да биде избран во првиот круг само ако добие половина од гласовите од вкупниот број избирачи. Доколку во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добие потребното мнозинство гласови, во вториот круг можат да учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од вкупниот број избирачи. Доколку и во вториот круг не се исполнат условите, целата изборна постапка се повторува.

Квалификации Претседателот на Републиката мора: да биде македонски државјанин; на денот на изборите наполнил најмалку 40 години живот; до денот на изборите бил жител на Републиката најмалку десет години во последните петнаесет години.

Кандидат за претседател на Републиката може да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.

Пензија и бенефиции Според закон, поранешните претседатели имаат право на пензија, чиј износ е еднаков на платата што ја прима актуелниот Претседател. Тие исто така имаат право на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица, лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Водачи на Македонија (1943 - 1991)

Социјалистичка Република Македонија Партија

Статус

#ИмеLeaders of Macedonia СликаМандат Политичка партија Претседател на Иницијативниот Комитет на АСНОМ 1 Методија Андонов - Ченто 1 октомври 1943 2 август 1944 Комунистичка партија на Македонија Претседател на АСНОМ Методија Андонов - Ченто 2 август 1944 1 јануари 1945 Комунистичка партија на Македонија Претседатели на Президиумот на Народното Собрание1945–1953 Методија Андонов - Ченто 1 јануари 1945 15 март 1946 Комунистичка партија на Македонија — Димитар Несторов 16 март 1946 30 декември 1946 Комунистичка партија на Македонија 2 Богоја Фотев 1947 4 јануари 1951 Комунистичка партија на Македонија — Видое Смилевски 4 јануари 1951 1953 Комунистичка партија на МакедонијаСојуз на комунистите на Македонија Претседатели на Народното Собрание 3 Димче Стојанов 1953 19 декември 1953 Сојуз на комунистите на Македонија 4 Лазар Колишевски 19 декември 1953 26 јуни 1962 Сојуз на комунистите на Македонија 5 Љупчо Арсов 26 јуни 1962 24 јуни 1963 Сојуз на комунистите на Македонија 6 Видое Смилевски 25 јуни 1963 12 мај 1967 Сојуз на комунистите на Македонија 7 Мито Хаџивасилев 80x80пкс 12 мај 1967 1 август 1968 Сојуз на комунистите на Македонија 8 Никола Минчев 23 декември 1968 6 мај 1974 Сојуз на комунистите на Македонија Претседатели на Претседателството 9 Видое Смилевски 6 мај 1974 31 октомври 1979 Сојуз на комунистите на Македонија 10 Љупчо Арсов 31 октомври 1979 29 април 1982 Сојуз на комунистите на Македонија 11 Ангел Чемерски 29 април 1982 29 април 1983 Сојуз на комунистите на Македонија 12 Благоја Талески 29 април 1983 29 април 1984 Сојуз на комунистите на Македонија 13 Томе Буклески 29 април 1984 26 април 1985 Сојуз на комунистите на Македонија 14 Ванчо Апостолски 26 април 1985 28 април 1986 Сојуз на комунистите на Македонија — Матеја Матевски 28 април 1986 30 април 1986 Сојуз на комунистите на Македонија 15 Драгољуб Ставрев 30 април 1986 мај 1988 Сојуз на комунистите на Македонија 16 Јездимир Богдански мај 1988 28 април 1990 Сојуз на комунистите на Македонија 17 Владимир Митков 28 април 1990 27 јануари 1991 Сојуз на комунистите на Македонија 18 Киро Глигоров 27 јануари 1991 18 септември 1991 Независен

Претседатели на независна Македонија Киро Глигоров

Прв претседател на независна Република Македонија. Тој е роден на 3 мај 1917 година, а почина на 1 јануари 2012 година. Тој ја водеше земјата во периодот на нејзината независност и транзиција. По дипломирањето на Правниот факултет во Белград, тој активно учествуваше во создавањето на првата македонска влада. Во 1991 година, Глигоров беше избран за прв претседател на независна Република Македонија, а неговиот мандат е обележан со тежок период на меѓународно признавање на земјата. Во 1995 година, преживеа обид за атентат, но продолжи да ја води државата до 1999 година.

Борис Трајковски

Тој е на 25 јуни 1956 и трагично загина на 26 февруари 2004 година. За време на мандатот на Претседателот Борис Трајковски во Република Македонија се случуваа борбени дејствија, во кои безбедносните сили на републиката се бореа против недефинирана воена сила (ОНА). После борбените дејствија дојде до промена на уставното уредување на Република Македонија со што Македонија од граѓанска држава на Македонскиот народ и останатите народи стана држава на етничките заедници на Македонците, Албанците и останатите. Претседателот Борис Трајковски го заврши својот мандат после неговата трагична смрт во авионска несреќа под неразјаснети околности, со владиниот авион во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Бранко Црвенковски