Јован XII (лат. Ioannes PP. XII; 937 - 14 мај 964) — римски папа од 16 декември 955 до 14 мај 964Сите папи досега: целосен список на The Guardian. Тој бил син на Алберих II и Алда Рлска. По мајчина линија бил седмо поколение на Карло Велики, а бил и внук на Марозија. Тој бил последниот папа во периодот на порнократијата.
По папата Јован II (533-535), тој бил вториот папа кој го сменил своето име со доаѓањето на папската столица.
Животопис
Јовн станал папа на само 18 години. Правел голем број на злосторства, па неговите современици го сметале за олицетворение на ѓаволот. Против Беренгар II, Јован побарал помош од Отон I, и кога германскиот крал победнички влегол во Рим, папата нему му ја доделил императорската круна. Отон го утврдил дотогашното влијание на црквата, па дури и го проширил, а за таа услуга папата и Римјаните му ја ветиле својата верност и му обеќале дека при изборот на папа, строго ќе се политуваат канонските правила и избраниот ќе го посветат повторно по утврдувањата на императорот. По желба на отон, папата Јован се подготвувал за обраќањето на Словените во архиепископијата во Магдебург и епископијата во Мерзебург. лево|120п Откако императорот се оддалечил од Рим, папата се здружил со неговиот непријател, па по враќањето на Отон, на собор го содуил Јован, кој бил заменет со Лав VIII.
Смртта
По оддалечувањето на императорот Отон, Јован повторни завладеал со Рим и го исфрлил својот противник. Но скоро потоа, починал од рани, кои се смета дека ги добил во љубовните авантури.
Наводи
Категорија:Починати во 946 година Категорија:Папи Категорија:Италијански папи Категорија:Италијанци од 10 век Категорија:Архиепископи од 10 век Категорија:Луѓе од средновековен Рим Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Починати во 964 година