мини|десно|300п|Упростена илустрација на паралакса на еден предмет наспроти оддалечена позадина поради поместување на перспективата. Гледајќи од „Гледиште А“, предметот изгледа како да стои пред синиот квадрат. Ако смениме на „Гледиште Б“, предметот привидно се поместил пред црвениот квадрат. thumb|300px|right|Оваа анимација е пример за паралакса. Како што се поместува аголот на гледање, предметите кои се подалеку изгледа како да се движат побавно отколку објакетите кои се поблиску до камерата. Паралакса — видливо поместување или разликата во насоченоста на предметот гледан од две различни страни, а се мери преку аголот или полуаголот на наклонот меѓу двете видни линии. Поимот потекнува од грчкото παράλλαξις (паралаксис), што значи „промена“.

Блиските предмети имаат поголема паралакса од пооддалечените кога се гледаат од различни положби, па според тоа паралаксата се користи за одредување на далечината. Во астрономијата, паралаксата е единствениот непосреден метод преку кој може да се измери оддалеченоста на небесните тела (посебно на ѕвездите) што се наоѓаат надвор од нашиот Сончев Систем. Ова се нарекува ѕвездена паралакса.

Поврзано Триангулација Трилатерација Тригонометрија Ѕвездена паралакса

Надворешни врски Проекти за мерење на растојанието на месечината со паралакса, со точност од 2,3% Нагледна претстава на ѕвездената паралакса (бара Java)

Наводи

Категорија:Оптика Категорија:Вид Категорија:Агол Категорија:Астрометрија Категорија:Тригонометрија Категорија:Географија