Растенијата или билки се многуклеточни автотрофи (многу мал број се хетеротрофи, како на пример некои паразитски растенија) што обично живеат прикрепени на почвата. Тие сочинуваат посебно царство - Plantae (порано познато и како Vegetabilia). Најраните фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија. Фосилните и биохемиските истражувања укажуваат на тоа дека растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално, растенијата се делат на неваскуларни (оние кај кои ситестите клетки не содржат лигнин и кај кои отсуствува спроводен систем - ксилем и флоем) и васкуларни (оние кај кои ситестите клетки содржат лигнин и имаат ксилем и флоем). Науката што ги проучува растенијата се нарекува ботаника (или, многу поретко, фитологија).

Од еколошки поглед, растенијата се примарни произведувачи на органска материја (по пат на фотосинтеза) во сите копнени и помал дел од водните екосистеми, со што претставуваат основна храна за сите останати живи организми во дадениот екосистем. Тие го започнуваат движењето на енергијата во екосистемот преку метаболитичките процеси на организмите, со што ја намалуваат ентропијата.

Растителни клетки, ткива, органи и органски системи

Раститителните клетки, за разлика од животинските, покрај универзалните органели содржат и клеточен ѕид, кој го содржи јаглехидратот целулоза и често имаат пластиди во нивната цитоплазма. Кај растенијата не се забележани центриоли (кои се присутни во животинската клетка). Растителните ткива можат да бидат творни (меристемски) или трајни (диференцирани). Растителните органи се групирани во две групи - генеративни и вегетативни. Органски системи, растенијата ги имаат два - стеблолисен и коренов.

Еволуција на растенијата

Се мисли дека растенијата еволуирале од веќе спомнатите зелени алги, меѓутоа не се знае точно кои. Така, различни групи на зелени алги се спомнуваат дека се предок на растенијата, но, најчесто се спомнуваат харофитите. Кладистичките студии го поддржуваат вклучувањето на харофитите (па и колеохеталите) како сестрински таксон на васкуларните растенија. Тие тоа го појаснуваат со тоа што пред околу 500 и 400 милиони години некои алги (кои живееле во океаните) транзитирале на копното, станувајќи растенија со развивање на серија од адаптации кои им помагале да преживеат надвор од водата. Стеблените, т.е. васкуларни (воздушни) растенија се појавиле пред околу 350 милиони години,со што по неколку години (пред 300 милиони години) се појавуваат и првите шуми.

Една од можните филогенетски шеми (филогенетско дрво) на растенијата е онаа дадена од Кенрик и Крејн во 1997 година.Kenrick, Paul & Peter R. Crane. 1997. The Origin and Early Diversification of Land Plants: A Cladistic Study. (Washington, D.C.: Smithsonian Institution Press). ISBN 1-56098-730-8. Prasinophyceae може да е парафилетска основна група на сите зелени растенија.

Животен циклус на растенијата

Во својот животен циклус, растенијата имаат т.н. смена на генерациите: диплоидно,споропродуцирачко растение (спорофит), кое е алтернативно со хаплоидното гаметопродуцирачко растение (гаметофит). Кај растенијата митозата се случува во спорите, кои се производ од мејозата, а стануваат плодни во гаметофитната генерација (фаза). Големината на гаметофитот достигнува од три клетки (во поленот) до неколку милиони (кај нижите растенија, како мововите). Смената на генерациите се случува кај растенијата каде по спорофитот следи гаметофитот. Спорофитната фаза произведува спори со мејоза во спорангиум. Гаметофитната фаза произведува гамети со митоза во антеридиум и/или архегониум. Во царството на растенијата, доминантноста на фазите варира. Кај неваскуларните растенија и мововите, доминантен е гаметофитот. Васкуларните растенија покажуваат прогресија на зголемена доминантност на спорофитот, и тоа од папратите и нивните сродници, па сè до скриеносемените растенија.

Хомоспорија и хетероспорија

Постојат некои разлики во животните циклуси на растенијата. Така, има растенија кои продуцираат бисексуален гаметофит. Тој потекнува од т.н. изоспори (грчки:iso-исто) што се со иста големина. Оваа појава се нарекува изоспорија или хомоспорија (грчки:homo-исто). Кај растенијата, пак, кои произведуваат одделни (хетеросексуални) машки и женски гаметофити, тие им потекнуваат од спори со различни големини (хетероспори, од грчки:hetero-различно). Машкиот гаметофит продуцира сперма, која е асоцирана со микроспори. Женскиот гаметофит е асоциран со мегаспори. Оваа појава, хетероспорија, ботаничарите ја сметаат за значаен чекор кон развитокот на семето.

Еколошки поделби

Освен автотрофни, мал број на растителни видови се хетеротрофни организми. Такви се на пример паразитските растенија (на пример, Cuscuta) кои се зависни за храна од други (домаќински) живи организми (најчесто зелени растенија). Освен паразитите, хетеротрофни се и сапрофитските растенија кои се исхрануваат со мртва органска материја.

Во зависност од животната средина, растенијата може да бидат водни (акватични), копнени (терестрични) и епифити (со своите корења се прикачени за други растенија, а не на почва). Според побарувачката за вода, растенијата се делат на ксерофити (живеат на суви места), мезофити (имаат средна потреба за вода) и хидрофити (живеат во воденикави или влажни места, имаат голема потреба за вода).

Животниот век кај растенијата е различен. Така, имаме:

едногодишни растенија: го завршуваат својот животен циклус за време од една растечка (вегетативна) сезона; двегодишни растенија: најчесто тревести, имаат потреба од две вегетативни сезони. Образуваат цветови и семе во втората сезона; повеќегодишни растенија: растат многу години, најчесто се дрвенести или тревести.

Растителниот хабитус може да биде: дрво: со единечно задрвенето стебло; грмушка: со дрвенесто релативно кратко стебло кое дава многу разграноци; тревесто растение: со меко кратко стебло кое е краткорочно; ползач: ползи по почвата или по други предмети (тие растенија кои ползат по дрвјата се наречени лијани).

Растенијата како мотив во уметноста и во популарната култура Растенијата како мотив во книжевноста „Јавор цутит, јавор капит“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 33. „Во царството на растенијата“ — краток расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 350. „Дрво“ — песна на норвешкиот поет Беристерне Бернсон.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 85-86. „Бамбус на неверството“ — расказ на македонската писателка Виолета Бојковска од 2019 година. .Виолета Бојковска, Барем наутро. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 56-59. „Лисја трева“ (англиски: Leaves of Grass) — поетска збирка на американскиот поет Волт Витман.Volt Vitmen, Vlati trave, Beograd: Rad, 1969.Volt Vitman, Izabrana poezija, Beograd: Plato books, 2008. „Дрвото на јаничарите“ - роман на писателот Џејсон Гудвин.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18. „Ливада со трева“ (англиски: An Acre of Grass) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 165. „Исекоа три дрва“ (шпански: Cortaron tres arboles) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 66. „Дрвце дрвце“ (шпански: Arbolé arboleé) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 73-74. „Зеленика“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 218. „Уште расте тревата“ — драма на американскиот писател Артур Милер.Нада Момировска, „Поговор“, во: Артур Милер, Сите мои синови. Скопје: Наша книга, 1983, стр. 85. „Булки без саксија“ — расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 70-72. „Трева и камење“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1956 година.Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 263-265. „Појадок на трева“ (српски: Doručak na travi) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 35. „Зимски дрвја“ (англиски: Winter Trees) - поетска збирка на американската писателка Силвија Плат од 1971 година.Vladislava Gordić Petković, „Opasno leto 1953: lekcije o suicidu“ во: Silvija Plat, Stakleno zvono. Beograd: Laguna, 2017, стр. 16. „Принцезата бреза — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 9-10. „Дрво што крвави“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 8. „Две стебла благуни“ - песна на Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 67. „Сама бука“ - поема на Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 171-172. „Антијар“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1828 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 173-174. „Високи дрвја“ - песна на полскиот поет Леополд Стаф.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 19. „Дрво“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 26. „Бреза и јавор“ — песна на Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 71. „Борови“ — песна на Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 27. „Непознато дрво“ - песна на полскиот поет Јулијан Тувим.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 35-36. „Дрво“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 241. „Молчењето на билките“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 306-307. „Кромид“ — песна на Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 201-202. „Дрво на ридот“ - песна од истоимената книга на македонскиот поет Ацо Шопов од 1980 година.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 156.„Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160.

Растенијата како мотив во популарната музика „Стаклен кромид“ (англиски: Glass Onion) — песна на британската рок-група Битлси од 1968 година.DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019) „Еден ден во животот на дрвото“ (англиски: Day in the life of a tree) — песна на американската рок-група Бич бојс (Beach Boys) од 1971 година.YouTube, Beach Boys - A Day In The Life Of A Tree (пристапено на 10.5.2017) „Млад кромид“ (англиски: Green Onions) — песна на американската група Booker T. & The M.G.'s од 1962 година.YouTube, Booker T. & The M.G.'s - Green Onions (пристапено на 30.8.2017) „Уште кромид“ (англиски: Mo' Onions) — песна на Booker T. & The M.G.'s од 1962 година. „Сенки и високи дрва“ (англиски: Shadows And Tall Trees) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1981 година.Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021) „Дрвото Џошуа“ (англиски: The Joshua Tree) — музички албум на У2 од 1987 година.U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton.