Македонски претседателски избори (2009) — четврти претседателски избори во Република Македонија. Беа одржани на 22 март и 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествуваа седум кандидати, а победи Ѓорѓе Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Предизборни анкети Според анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема да се кандидира за претседател, пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.
Анкета од февруари 2009 покажала дека Иванов води со 27%, а по него следеле Фрчкоски со 13%, Бошкоски со 10%, Селмани со 9% и останатите кандидати заедно со 18%. Во двобој, Иванов би победил над Фрчкоски со 36% наспрема 21%, но со голем број на неодлучени граѓани. Анкета која била спроведена кратко пред изборите покажала дека Иванов води со 23,1% пред Селмани со 13,3% и Фрчкоски со 9,7%; 23,9% биле неодлучени.
Прв круг Во првиот круг, Иванов водел значајно пред другите кандидати со 35%, наспроти Фрчкоски кој добил 20% доволни за второ место, и со тоа продолжил во вториот круг. Имер Селмани од Нова демократија кој бил наречен „македонскиот Обама“ за неговата способност да ги пречекори етничките граници и да ги привлече и македонските гласачи, покрај албанските, бил најуспешниот од останатите кандидати, освојувајќи 15% од гласовите доволни за трето место, со независниот Бошкоски блиску зад него. 103 гласачки места не можеле да бидат отворени поради обилните врнежи од снег; гласањето требало да биде одложено таму. Меѓутоа, поради фактот што гласањето во тие места не можело да го промени на конечниот редослед во никој случај, тие сепак не биле отворени.
Скоро 7.000 македонски и 500 странски набљудувачи ги следеле изборите во околу 3.000 гласачки места. Фер и демократски избори е точка која се смета за важен фактор за приклучувањето на Македонија кон НАТО и Европската Унија.
Втор круг
Нова анкета, спроведена една седмица пред вториот круг, покажала дека Иванов води со 25,4% од гласовите наспроти Фрчкоски со 13,8% (односно, 69% наспроти 31% од одлучените граѓани).
Неколку дена пред да се одржи вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се согласиле да се поддржат една со друга и на локалните и на претседателските избори.Makfax News Agency
Делумно поради постоењето на многу гласачи во избирачките списоци кои ја напуштиле Македонија пред многу години и живеат во странство, и делумно поради недостигот на мотив за етничките Албанци да учествуваат во вториот круг, постоеле стравувања дека може да не биде исполнет минималниот цензус од 40% во вториот круг, правејќи ги изборите неважечки.
Резултати Во првиот круг кој бил одржан на 22 март 2009 никој од кандидатите не го освоил потребното апсолутно мнозинство, па бил одржан втор круг на 5 април 2009, во којшто се гласало за двата кандидати со најголем број гласови во првиот круг - Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски.
Одзивот на гласачите во вториот круг бил 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%.
Неважечки ливчиња
Имало значаен број на неважечки ливчиња и во двата круга: 3,15% во првиот круг и дури 5,87% во вториот. Според извештаи од медиумите, тоа било резултат на апатијата на гласачите и разочараноста од истите. Имало извештаи за група на Facebook наречена „Гласајте за Чак Норис за претседател“ со илјадници обожаватели.Jane's Foreign Report: Macedonian voters search for a hero Имало извештаи според кои на илјадници ливчиња биле рачно допишани имиња како „Чак Норис“, „ГОСПОД“, „Џими Хендрикс“ или „Џорџ Буш“.Macedonians affirm their sense for humour during elections...
Извори
Надворешни врски
2009 Категорија:Избори во Европа во 2009 Категорија:Македонија во 2009 година