Аргир Наков Манасиев (Сехово, Гевгелиско, 15 мај 1872 - 7 септември 1932, Горна Џумаја) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.

Животопис

Манасиев завршил француски колеџ во Солун и потоа учителствувал во Ново Село и Негован, Солунско, Смоквица, Гевгелиско и градот Гевгелија.

Привлечен е од Гоце Делчев во редовите на ТМОРО. Активно учествува во создавањето на нови комитети и проширување на мрежата на Организацијата. мини|лево|250п|Четата на Аргир Манасиев Откриен од османлиските власти во 1901 година, тој станал нелегалец. Војвода е на чета во Гевгелиско. Учествува во Илинденското востание и заедно со Сава Михајлов организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија.

Нивните обединети чети водат повеќе борби, а тоа кај селото Клисура на 24 август, и заедно со кукушката чета на 25 септември на Пајак планина.

По востанието, тој останал во реонот и ја обновувал организацијата. Се истакнал како цврст противник на грчката вооружена пропаганда. Делегат е на Рилскиот конгрес од солунскиот округ. На конгресот ја поддржува десницата на Организацијата.

По 1906 година емигрира во Софија, а по Младотурската револуција се враќа во Гевгелија. За време на Првата балканска војна е на чело на чета, а од 1913 година живее во Струмица, каде е околиски управител.

По крајот на Првата светска војна, од 1919 година до крајот на својот живот живеел во Горна Џумаја.

Наводи

Надворешни врски Краток животопис на Аргир Манасиев

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски преселници во Горна Џумаја Категорија:Македонски општественици Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Починати во Горна Џумаја Категорија:Починати во 1932 година Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација