Читачот ( ) е американски филм од 2008 година, во режија на Стивен Долдри. Филмот е адаптација на истоимената германска новела на Бербард Шлинк од 1996. Филмската адаптација ја напишал Дејвид Хер. Рејф Фајнс и Кејт Винслет се дел од глумечката екипа заедно со младиот глумец Дејвид Крос. Ова е последниот филм на продуцентите Антони Мингела и Сидни Полак бидејќи и двајцата починале пред да биде промовиран филмот. Продукцијата започнала во Германија во септември 2007 година, а филмот својата американска премиера ја имал на 10 декември 2008.
Синопсис мини|250п|лево|Мајк и чита на Хана после водењето љубов Приказната се случува во поствоена Германија каде тинејџерот Мајкл Берг ќе се разболи, а помош ќе најде кај Хана, необична туѓинка што е двојно постара од него. Мајкл закрепнува од болеста и ќе тргне да ја бара Хана за да ѝ се заблагодари. Тие двајца ќе бидат вовлечени во страстна, но тајна љубовна афера. Мајкл открива дека Хана сака да слуша додека ѝ читаат. Додека тој нејзе ѝ чита од "Одисеја", "Хак Фин" и "Дамата и малото куче", нивната врска се продлабочува. Сепак и покрај нивната интензивна врска, Хана еден ден мистериозно исчезнува, а Мајкл останува сам со скршено срце. Осум години подоцна, додека Мајкл е студент на правен факултет и ги следи судењата за воено злосторство на нацистите, тој е изненаден кога ќе ја сретне повторно Хана, но овој пат како обвинета во случајот. Додека нејзиното минато се открива, Мајкл дознава за една голема тајна, која ќе донесе големи промени во животот на двајцата.
Глумечка екипа
Глумци ЛиковиКејт Винслет Хана ШмицДејвид Крос Мајкл БергРејф Фајнс Мајкл Берг (возрасен)Александра Марија Лара Илана МадерБруно Ганц РолЛена Олин Роуз Мадер
Продукција Во април 1998 Мирамакс се стекнал со правата за романот Читачот, а главната фотографија започнала во септември 2007 веднаш откако Стивен Долдри бил назначен за режисер а Фајнс бил одбран да ја толкува главната улога. Винслет првично била одбрана да ја игра Хана, но не можејќи да го усогласи тајмингот со снимањето на Револуционерен пат, се откажала од филмот па Никол Кидман била одбрана како нејзина замена.Kaminer, Ariel. "Translating Love and the Unspeakable." New York Times. December 5, 2008. Во јануари 2008, Кидман го напуштила снимањето поради семејни обврски. Таа немала снимено ниту една сцена па студиото можело повторно да ја ангажира Винслет.
Снимањето било во Берлин, во Герлиц и завршило во Келн на 14 јули. Шлинк инсистирал снимањето да биде во Англија наместо во Германија. Долдри и Хер ги бирале локациите од романот заедно со авторот Шлинк, гледале документарни филмови од тој период на Германија, читале книги и написи за жените кои служеле како СС чуварки во логорите.
Винслет освоила Оскар за најдобра женска улога за филмот Читачот. Винслет исто така освоила Златен глобус за најдобра глумица за Револуционерен пат и Златен глобус за најдобра споредна глумица за Читачот.
Entertainment Weekly изјавил дека за да ја „остарат“ Хана и за трансформацијата од заводничка до затвореничка за воено злосторство, шминкањето на Винслет секој ден одземало од седум до осум часа.Jeff Labrecque, "Best Actress," Entertainment Weekly 1032/1033 (Jan. 30/Feb. 6, 2009): 45. Сексуалните сцени во филмот биле снимени дури откако Крос наполнил 18 години
Прикажување На 10 декември 2008, Читачот се прикажал лимитирано во 8 кина и заработил $168,051. Филмската премиера била на 30 јануари 2009 со заработка од $2,380,376 на домашниот бокс офис. Светската премиера била на 27 февруари 2009, кога филмот се прикажал во 1,203 кина, една недела после оскарот на Винслет.
Филмот бил со заработка од $34,194,407 на домашниот бокс офис и $108,901,967 ширум светот.
Награди и номинации
66то издание Златен Глобус Најдобар драма филм - номиниран Најдобра споредна глумица во драма (Кејт Винслет)– победник Најдобро сценарио (Дејвид Хер) – номиниран Најдобар режисер во драма (Стивен Долдри) - номиниран
81во издание Оскар Најдобар филм - номиниранНајдобра глумица во главна улога (Кејт Винслет) - победникНајдобар режисер (Стивен Долдри) - номиниранНајдобро адаптирано сценарио - номиниранНајдобра кинематографија - номиниран
Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо
Наводи
Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Американски филмови