мини|десно|200п|Самрак на отворено море Самрак е времето помеѓу зората и изгрејсонцето и времето помеѓу зајдисонцето и квечерината. Сончевата светлина поминува низ Земјината атмосфера го осветлува долниот дел од атмосферата и површината на Земјата не е целосно темна ниту пак целосно светла. Самото сонце не е видливо бидејќи тогаш се наоѓа зад хоризонтот. Самракот отсекогаш бил популарен кај фотографите и сликарите, кои го нарекуваат син час, по францускиот израз l'heure bleue.
Самракот како мотив во уметноста и во популарната култура мини|Самрак над Охридското Езеро „Во зимскиот самрак“ (српски: У зимски сумрак) — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 59. „Самрак“ — песна на шпанскиот поет Хуан Рамон Хименес.Huan Ramos Himenes, Ja nisam ja. Rad, Beograd, 1977, стр. 48. „Самрак“ (англиски: Twilight) — песна на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021) „Зона на самракот“ (хрватски: Zona sumraka) — песна на хрватската рок-група Филм од 1982 година.Discogs, Film – Zona Sumraka (пристапено на 24.5.2021)
Наводи
Категорија:Делови од денот Категорија:Ноќ Категорија:Природни појави
ru:Заря uk:Зоря (заграва)