Берово — град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини, чии општински граници се простираат на површина од 598 км2. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани, и претставува воедно административен и економски центар на Малешевијата и истоимената општина.
Етимологија
За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии.
Според првата, тоа го добило своето име по името на некојси сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар.
Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селца, Рибница, Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите малешевски села.
Географски одлики
Берово е сместено во источниот дел на Македонија во областа Малешевија, односно Малешевската Котлина на 846 метри надморска височина. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име "малеш - планина". Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината. Во близина на Берово се наоѓа вештачкото Беровско Езеро, коешто поради недопрената природа и чистиот воздух претставува поволно место за развој на туризмот и околу езерото изградени се неколку туристички капацитети.
Историја Османлиски период
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621-1622 година е забележано селото Берова, кое заедно со еврејската маала имало вкупно 55 домаќинства. Во 1830 година во Берово е отворено ќелијно училиште, каде учителствувал Петар Клисаров од Штип.
Во селото Разловци во близината на Берово, во 1876 година е дигнато познатото Разловечко востание на чело со легендарниот македонски револуционер од овој крај Димитар Поп-Георгиев Беровски кој е роден во градот Берово. Под српска окупација За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) Берово страда силно. Србоманските четниците на Јован Бабунски потпомогнати од српските жандарми и од војниците, имаат извршено повеќе злосторства и во населените места во Малеш, во Пијанец и во Кочансковиничкиот регион. По наредба на командантот на „Црната рака” Воин Поповиќ, четниците на Јован Бабунски жандармеријата и специјалните воени единици во Малеш и Пијанец во пролетта и летото на 1914 година убиле, претепале и уапсиле неколку стотици мажи, жени, деца и старци.
Од бележникот − спомените на монахињата баба Кирикија може да се види како српските четници и жандармите на Јован Бабунски крваво се пресметале со една група осомничени граѓани од Берово и од селата, во август 1914 година. Еве како е опишан овој настан: „Групата беше поголема. Во манастирските конаци беа затворени и чувани со удвоена стража. Жандармите во вечерните часови ги избираа жртвите и ги водеа во црквата „Света Богородица” каде што ги мачеле и убивале, а потоа мртвите трупови исчезнувале без трага. На неколкумина до денес не им се знаат гробовите. Неколку трупови се пронајдени подоцна, зариени под еден брег, а други беа пронајдени масакрирани дел по дел. На таков начин е погубена и попадијата Ордана Смокварска од с. Будинарци, ќерка на поп Јован од Берово. Нејзината ќерка Катерина, трагајќи по трупот на својата мајка пронашла само делови од главата, една рака и една нога. Расфрлани делови од човечки трупови, тогаш, можеа да се најдат насекаде.”
Монахињата Кирикија од Берово во своите спомени се потрудила да ги забележи имињата на сите од српските четници и жандарми масакрирани граѓани и тоа: Нико Трендов, Ефтим Чиплаков, Јордана (Ордана) поп-Иванова Тренчева, сестра на Нико Тренчов, Никола Иванов Фиданков, Георги Иванов Прдлев, Јован Црцев, Ефтим Тренчов, (Аце), син на Нико Тренчев, Софија Јов. Петрова, Султана Јантинска (веројатно се работи за жената и мајката на Ефтим Чиплаков), Георги Двојаков, Гаврил Грков, Гаврил Пецов, Јане Кофчегарски, Илија А. Кофчегаров, Јана Иванова Телеграфчиева, Елена Иванова Кофчегарска, Никола К. Манов, Атанас Иванов, Ефтим (Тимо) Ценев, Мехмед-оџа, Глигор Кирачев, Никола Миличин, Михаил Кржевски, Гаврил Ников и др. вкупно 27−30 души.
Овие затвореници биле изложени на толку морничави измачувања, кои и денес, по толку изминати години потресно дејствуваат и се пренесуваат од постарите на помладите поколенија. Имено, обвинети, како поранешни членови на Комитетот за евакуација на населението за време на Втората балканска војна, и како сегашни членови на Комитетот за прифаќање на воени дезертери и префрлување на бегалци во Бугарија и во Струмица, српските четници и жандармите ѕверски се нафрлиле врз нив и ги парчосувале на делови, а од крвта биле флекосани скоро сите простории на црквата во Берово. Штом поминало ова зло, соседите на црквата „Света Богородица”, уште наредниот ден по масакрот, потајно проговориле за начинот на кој биле ликвидирани жртвите. Всушност, поголемиот број од нив биле испотепани уште за време на распитот. На секоја од жртвите имало по четворица до пет џелати. Ги фаќале за рацете и нозете и така замавнувајќи, им ги разбивале главите од ѕидовите на црквата. Наредниот ден по злосторството, соседите што живеат околу црквата нашле делови од истечените мозоци по подот и по ѕидовите на црквата.
Два до три дена по злосторството, од страв да не ги снајде иста судбина, во Бугарија и во Струмица пребегале: 20 души од Берово, 10 од Пехчево, 22 од Ратево, 50% од населението на с. Русиново и 10−15 семејства од селата Владимирово и Мачево. По овој настан, црквата „Св. Богородица” во Берово не ја посетувале верниците, се до летото 1924 година, кога по втор пат била осветена. Српските четници и жандармите со посебна жед за одмазда се пресметувале особено со свештевиците и учителите кои живееле во пограничните краеви спрема Бугарија. За потврда на тоа зборуваат неколку изворни документи. Иако куси по содржина, тие даваат јасна слика на мачителите и на мачениците.
Втората светска војна
Вкупно 38 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Клима
Берово кое е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови.
Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина. На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 11,1 °C , а во Берово 8,7 °C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10 °C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18 °C. Просечната годишна минимална температура е 2,8 °C, а просечната максимална температура е 15,3 °C. Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември. Просечниот годишен износ на врнежи е 672 мм /м3. Главен максимум паѓа во мај, просечно околу 76,8 мм /м3, а секундарен во ноември -64,3 мм /м3. Главниот минимум е во август, просечно со 37,6 мм /м3, а секундарен во февруари. Бројот на врнежливи денови годишно изнесува 118. Во просечната годишна сума на врнежи снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај. Просечно,годишно има 42,2 дена под снежна покривка.
Релативната влажност на воздухот се смалува од јануари до август, а потоа од декември се зголемува, а просечната влажност на воздухот е 76 %. Просечната годишна сума на траење на сончевото зрачење изнесува 2.347 часа или 6,4 часа дневно, со максимум во јули од 10,2 часа дневно, и со минимум во декември од 3 часа дневно. Во Беровската Котлина маглата е ретка појава, годишно има само 8,4 магливи денови. Појавата на град е ретка, просечно се јавуваат 2,9 дена со град. Сланата е со помала зачестеност и се јавува 70 дена во годината, од септември до мај. Во Беровската Котлина се јавуваат ветрови од сите 8 светски правци, но преовладува северниот, со зачестеност од 147 % и брзина од 2,4 м /сек., кој е најмногу застапен во јануари, февруари и во март
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Берово живееле 2.940 жители, од кои 2.300 Македонци христијани, 600 Македонци муслимани и 40 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 228.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 3.150 Македонци и 50 други жители.
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Беровскиот срез имало 18.144 жители, од кои 3.619 во градот Берово, 1.687 во Пехчево, а 12.838 во селата во областа Малешевија. Од етнички аспект, населението го сочинувале 17.538 (96,6 %) Македонци, 313 (1,72 %) Роми, 152 Срби, 81 Турчин и 60 останати.
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 7.002 жители и спаѓал во групата на мали градови. Етнички гледано, населението е составено од:
Народ ВкупноУдел (%) Македонци 6.404 91,4 Турци 911,2 Роми 4596,5 Власи 60,08 Срби 140,1 Бошњаци30,04други 250,3
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
Јазик ВкупноУдел (%) македонски 6.816 97,3 турски 48 0,6 ромски 108 1,5 влашки 4 0,05 српски 11 0,1други150,2
Вероисповед
Во Берово се застапени следните религиски групи:
Вероисповед ВкупноУдел (%) православни 6.331 90,4 муслимани 556 7,9 католици 9 0,1други1061,5
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Берово:
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — 3.619 1953 3.946 0 60 79 3 47 — 41 4.176 1961 3.995 3 134 — — 30 — 127 4.289 1971 4.662 5 266 97 — 27 — 35 5.092 1981 5.513 6 128 300 1 19 — 103 6.070 1991 6.263 0 93 466 3 25 — 53 6.903 1994 6.267 0 97 327 2 27 — 32 6.752 2002 6.404 0 91 459 6 14 3 25 7.002
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Берово има 5.850 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 5.198Албанци 1Турци 60Роми 339Власи 1Срби 8Бошњаци 6Други237
Стопанство
Населението во градот и целата Малешевска област се занимава претежно со земјоделство. Поради специфичноста на земјиштето во Малешевијата најмногу се одгледува компир, по кој Берово е надалеку познат. Исто така Берово е познато и по беровското бело сирење. Со планот за изградба на граничен премин кон Бугарија со кој Берово би се поврзало со Сандански значајно би се подобрило стопанството на целиот регион.мини|Берово, 1920-те
Цркви
мини|десно|Манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово десно|мини|Манастирот Успение на Пресвета Богородица