Американската тринга (лат. Tringa semipalmata, некогаш Catoptrophorus semipalmatus<ref>Pereira & Baker (2005), Banks и др. (2006)</ref>, англ. Willet), е голема крајбрежна птица (пескарка) од фамилијата Шлуки. Оваа птица се одликува со солидна големина и градба, и е најголема помеѓу трингите. Најсродна птица на неа е малата жолтонога тринга која е многу помала и изгледа сосем поинаку освен фината, јасна и густа шара на вратот која ја делат обата вида.
Возрасните примероци имаат сиви нозе и долг, прав, темен и робустен клун. Телото им е темносиво од горната, а светлосиво од долната страна. Опашката е бела со темен појас на крајот. На северноамериканските плажи оваа птица лесно се препознава по карактеристичната црно-бела шара на крилата.
thumb|left|Американска тринга во лет, со истакната шара под крилата Два подвида на оваа птица (кои може и да се посебни видови) имаат сосем различни средини и предели. Источноамериканската тринга се размножува во крајбрежни солени мочуришта од Нова Шкотска до Мексико и Карибите. Презимува на атлантското крајбрежје на Јужна Америка. Западноамериканската тринга се размножува во слатководни прериски мочуришта на западот на Северна Америка. Презимува на обете крајбрежја, од средноатлантските држави, па јужно барем до Бразил на Атлантскиот Океан, и од Орегон, па јужно до Перу на Тихиот Океан.
Американската тринга се гнезди на земја, на мошне скриени места во ниска трева, честопати во колонии. Се храни во калива земја или во плитка вода, и бара храна со боцкање по калта или собира директно од површината. Главно се храни со инсекти, ракчиња и морски црви, но исто така јаде и извесен растителен материјал.
Во доцниот XIX и раниот XX век бројот на американските тринги нагло опаднал со нивен интензивен лов. Оттогаш нивниот број е зголемен, но сепак сѐ уште се на ризик, особено со постојаната загуба на нивните природни живеалишта.
Белешки
Наводи Banks, Richard C.; Cicero, Carla; Dunn, Jon L.; Kratter, Andrew W.; Rasmussen, Pamela C.; Remsen, J. V. Jr.; Rising, James D. & Stotz, Douglas F. (2006): Forty-seventh Supplement to the American Ornithologists' Union Check-list of North American Birds. Auk 123(3): 926–936. ИДП: 10.1642/0004-8038(2006)123[926:FSTTAO]2.0.CO;2 PDF текст Тука е објаснет нивниот заштитен статус Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor'' 107(3): 514–526. ИДП: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 HTML извадок
Надворешни врски Министерство за заштита на животната околина на Конектикат: Животинскиот свет на Конектикат - Загрозени видови: Американска тринга За американската тринга - Корнелска орнитолошка лабораторија Информации и слики на американски тринги - Птици и птичарство на Јужна Дакота Американска тринга - Catoptrophorus semipalmatus - Инфоцентар за распознавање на птици
Категорија:Птици на САД Категорија:Тринги Категорија:Таксони опишани од Јохан Фридрих Гмелин