Северен Регион — еден од регионоте на бразил, кому најпоследно му е дадена важност од страна на бразилската влада. Најголем регион е во Бразил со 45.27% од територијата. Придонесува со мал процент од националниот БДП. Се состои од државите Акре, Амапа, Амазон, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс.
Најретко населен е од сите региони на Бразил, со само 2,92 жители на км2. Повеќето живеат во градовите.
Географија thumb|left|Северна вегетација. зелена: Амазонска дождовна шума; портокалова: дерадо. thumb|left|Годишни врнежи. Амазонија претставува повеќе од половината останати на планетава дождовни шуми и се состои од најголемиот и најголемиот со видови во светот. thumb|right|Амазонска дождовна шума во Манауш. Влажните тропски шуми се најбогати со видови биоми, тропските шуми во Америките се побогати со видовиод тропските шуми во Африка и Азија.Turner, I.M. 2001. The ecology of trees in the tropical rain forest. Cambridge University Press, Cambridge. ISBN 0-521-80183-4 Како најголем тракт на тропска дождовна шума во Америките, Амазонските дождовни шуми имаат ненадмината биоразновидност. Повеќе од третина од сите видови на земјата живеат во Амазонската дождовна шума.
Регионот е дом на 2.5 милиони инсектски видови, десетици илјади растенија, и околу 2000 птици и цицачи. До денес, најмалку 40,000 видови растенија, 3,000 риби, 1,294 птици, 427 цицачи, 428 амфибии, и 378 влекачи се научно класифицирани Da Silva et al. 2005. The Fate of the Amazonian Areas of Endemism. Conservation Biology 19 (3), 689-694. Научниците опишале помеѓу 96,660 и 128,843 инвертебрати само во Бразил.
Разновидноста на растенијата во регионот е најголем во светот овде, според стручњаците, на еден квадратен километар 75.000 видови дрвја и 150.000 видови виши растенија.Photos / Pictures of the Amazon Rainforest Ова ја составува најголемата колекција на живи растенија и животински видови во светот. Една петтина од сите видови птици живее во дождовните шуми на Амазон..
Демографија thumb|right|Белем е втор најнаселен град во регионов. {| class="wikitable sortable" border="1" ГрадНаселение (2007) Манауш1,612,475 Белем1,408,847 Ананиндеуа484,600 Порто Вељо380,988 Макапа368,397 Рио Бранко288,614 Сантарем274,074
Економија Економијата на регионов во главно се заснова на плантажи за латекс, асаи, дрво и оревести плодови, како и минерали: злато и бесценети камења, каситерит и калај; рударство: железо и др.
Тривијалност Возила: 1,746,501 (март/2007); Телефони: 1,805,000 (април/2007); Градови: 449 (2007).
Образование Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем. Образовни институции федерален Универзитет на Амазони (UFAM); Федерален Универзитет на Пара(UFPA); Федерален Универзитет на Рондонија (UNIR); Федерален Универзитет на Acre (UFAC); Федерален Универзитет на Амапа (UNIFAP); Федерален Универзитет на Рораима (UFRR); Федерален Универзитет на Токантинс (UFT); и други.
Сообраќај Има само неколку автопати во северниот регион. Најважни се: Транс-Амазонски автопат, минува низАмазони, Пара, Пјауи, Марањао, и автопатот Родова Белем-Бразилија, кој минува низ Федералниот округ, Гојас, Токантинс, Марањао и Пара. Транспортот во регионов во главно се одвива по вода, и авион во главно во Амазони. Има два поважни аеродроми во регионот: меѓународен аеродром Белем, во Белем, and меѓународен аеродром Едуардо Гомеш, во Манауш.
Белешки
Поврзано Региони во Бразил
Категорија:Региони во Бразил