мини|десно|280п|Поглед на Индија од вселената Географијата на Индија е разновидна, од снежни покривки на планините, до пустини, низини и висорамнини. Климата се менува од екваторска на крајниот јужен дел до ладна планинска клима на Хималаите. Индија го зафаќа најголемиот дел од Индискиот Потконтинент и има брег во должина над 7.000 км, од кој најголем дел лежи на Индискиот Океан. Индија на запад се граничи со Арапското Море, а на исток со Бенгалскиот Залив.
Плодната Индоганшка Низина зазема голем дел од северна, средна и источна Индија, додека висорамнината Декан зазема поголем дел од јужна Индија. На западниот дел од земјата се наоѓа пустината Тар, која е во еден дел карпеста, а во друг песочна пустина, додека источната и североисточната граница ја чинат Хималаите. Со сигурност не може да се зборува за највисоката точка на Индија поради територијалниот спор со Пакистан. Според Индија, највисоката точка (сместен во спорната територија Кашмир) е врвот К2, висок 8.611 м. Највисоката точка на неспорна индиска територија е врвот Кангченѕунга, висок 8.598 м.
Индија се граничи со Пакистан, Народна Република Кина, Бангладеш, Мјанмар, Непал, Бутан и АвганистанИндиската влада смета дека државата Џаму-Кашмир е дел од нејзината територија. Оваа држава се граночи со Авганистан. Примирјето под посредство на Обединетите нации, постигнато во 1948 довело до замрзнување на односите меѓу Индија и Пакистан, а областа која се граничи со Авганистан останала под пакистанска контрола. Шри Ланка и Малдиви се острвски држави, јужно од Индија. Земјата е поделена на 28 држави, 6 административно сојузни територии и територија на главниот град. Политичките поделби се главно поради етничките и јазичните разлики, а не географските.
Положба и големина
мини|240п|’Ртот Коморин е најјужната копнена точка на Индија.
Индија се наоѓа северно од екваторот, меѓу 8° 4' и 37° 6' јужна географска ширина и 68° 7' и 97° 25' источна географска должина. По големина, Индија е седма најголема земја во светот со вкупна површина од 3.287.263 км2. Растојаниетоп од најсеверната до најјужната точка изнесува 3.214 км, а од најисточната до најзападната 2.933 км. Индија има копнена граница долга 15.200 км и крајбрежје долго 7.516,5 км. Андаманските и Никобарските Острови во Бенгалскиот Залив и Лакадивите во Арапското Море, исто така се дел од Индија.
Индија излегува на Арапското Море на јуозапад и Бенгалскиот Залив на југоисток. На север, североисток и сверозапад се простираат Хималаите. Канџакумари (’Рт Коморин) го чини јужниот врв на Индискиот полуостров, кој се снижува и завршува на брегот на Индискиот Океан.
Територијалните води на Индија се простираат сѐ до 20 наутички милји, мерено од одредена почетна линија.
Политичка географија
Индија е поделена на 28 држави (кои понатаму се поделени на дистрикти), 6 сојузни територии и територијата Делхи. Државите имаат сопствени влади, додека со сојузните територии управуваат администратори, кои ги поставува сојузната влада.
Индија полага право на државата Џаму и Кашмир, но тоа го оспоруваат Пакистан и Кина, кои управуваат со дел од територијата. Кина полага право и на државата Аруначал Прадеш, која се наоѓа под нејзина управа.
Географски региони Индија е поделена на седум географски региони: Северни планини, кои ги вклучуваат Хималаите и североисточните планински венци; Индоганшка Низинa; Пустина Тар; Средишни ридови и висорамнината Декан; Источен брег; Западен брег; Гранични мориња и острови.
Планини мини|200п|Карта на ридските региони во Индија мини|200п|Физичка карта на Индискиот Потконтинент Големиот планински лак, составен од планинските венци Хималаи, Хиндукуш и Паткај, го дефинира индискиот потконтинент. Тие планини се формирани со судирот на индиските и евроазиски тектонски плочи кои започнале пред околу 50 милиони години и траат и денес. Во овие планински венци, кои воедно претставуваат и пречка за ладните поларни ветрови се наоѓаат и некои од највисоките врвови на светот. Тие исто така овозможуваат, монсуните да влијаат на климата во Индија. Бројните реки кои извираат во тие планини придонесуват за плодноста на Индоганшката Низина. Биогеографите , тие планини ги земаат како граница меѓу две екозони: умерениот појас, кој го покрива поголемиот дел од Евроазија и тропскиот и суптропски, кој го опфаќа Индискиот Потконтинент, Индокина и Индонезија. Освен тоа, овие планински венци го отежнувале продирањето на освојувачите низ историјата.
Индија има 10 големи планински венци, чии врвови се повисоки од 1.000 м. Хималаите се единствениот планински венец, на чии врвови има снег. Тие планини се: Аравали; Источен Гати; Хималаи; Паткај; Винџа; Сахуадри или Западен Гати; Сатпура; Каракорум.
мини|200п|Обоена сателитска снимка на Хималаите. Снимката ги прикажува врвовите на Хималаите со поглед од Тибет мини|200п|Врв на Хималаите во Сиким Химмалаите се највисокиот планински венец во светот. Тој ја формира индиската североисточна граница, кој ја одвојува Индија од останатиот дел на Азија. Хималаите се еден од најмладите планински венци во светот и се простира 2.500 км непрекинато и зафаќа површина од 500.000 км2.
Хималаите се протегаат од државата Џаму и Кашмир на запад до државата Аруначал Прадеш на исток. Тие држави со Химачал Прадеш, Утаранчал и Сиким се наоѓаат, главно во хималајскиот регион. Некои од врвовите на Хималаите се повисоки од 7.000 м, а снежната граница се протега меѓу 6.000 м во Сиким до од околу 3.000 м во Кашмир. Кангченѕунга, кој се наоѓа во Сиким е највисок врв на индиска територија. Голем број на врвовите на Хималаите се под снежна покривка во текот на целата година.
Шивалик или ниски Хималаи се состои од пониски планини и ридови од индиска страна. Поголемиот дел од карпестите формации се млади и нестабилни, па во врнежливите периоди лизгањето на земјиштето е редовна појава. Многу индиски ридски предели се сместени на тој венец. Климата варира од суптропска во подножјето на планините до алпска во повисоките планински предели.
Планините кои се наоѓаат на источната граница на Индија со Мјанмар се нарекуваат Паткај или Пурванчал. Тие се создадени со истите тектонски процеси како и Хималаите. Постојат три плланински венци во оваа група на планини: Паткај-Бум, Гаро-Каси-Јаинтија и Лушаи. Венецот Гаро-Каси се наоѓа во индиската држава Мегалаја. Климата варира од умерена до алпска, зависно од висината. Од едната страна на овие ридови се наоѓа Черапунџи, највлажното место на Земјата.
мини|200п|Венецот Винџа Венецот Винџа се наоѓа во поголемиот средиштен дел на Индија, во должина од 1.050 км. Просечната висина на тие ридови е 300 м. Се верува дека тоа се остатоци од ронењето на старите планини Аравали. Винџа ги одвојува географски северна и јужна Индија. Западниот крај на венецот лежи во источен Гуџарат, во близина на границата со државата Мадја Прадеш, додека остатокот од венецот се протега на исток и север, па сѐ до реката Ганг кај Мирзапур.
Сатпура е планински венец кој се наоѓа во средна Индија. Започнуива во источен Гуџарат, во близина на брегот на Арапското Море, а потоа продолжува источно до Махараштра, Мадја Прадеш и завршува во државата Чатисгар. Венецот се простира во должина од 900 км, а многу врвови се повисоки од 1000 м. Венецот има облик на триаголник, со теме во Ратнапури, а двете страни се паралелни со реките Тапти и Нармада. Паралелно се протега и венецот Винџа, кој лежи на север, па тие два венца во правец исток-запад ја делат Индоганшката Низина на север со висорамнината Декан на југ. Нирмада тече во депресија меѓу Сатпура и Винџа на запад кон Арапското Море.
мини|200п|Венецот Аравали во Раџастан Аравали е најстариот планински венец во Индија, кој се протега од североситочниот до југозападниот дел, низ Раџастан во западна Индија. Венецот е долг околу 500 км. Северниот дел на венецот продолжува во Харајана во облик на изолирани ридови и карпести гребени, а завршува во близина на Делхи. Највисок врв е Маунт Абу, висок 1.722 м, кој лежи во југозападниот дел на венецот, во близина на границата со Гуџарат. Градот Аџмер со своето езеро лежи на јужните падини на венецот во Раџастан. Венецот Аравали е остаток на стар планински систем, кој некогаш бил покриен со снег. Венецот се издигнувал во орогенезата Аравали-Делхи. Аравали ги спојува двата стари елови кои го сочинуваат индискиот кратон: сегментот Марвар на северозападниот венец и сегментот Буделханд на неговиот југоисток.
Западни Гати или Сахиадри се простираат во западниот дел на индиската висорамнина Декан, која ги одвојува од низините долж Арапското Море. Венецот започнува јужно од реката Тапти, во близина на границата со Гуџарат и Махараштра и се протега во должина од околу 1.600 км низ државите Махараштра, Гоа, Карнатака, Керала и Тамил Наду скоро до најјужната точка на Индискиот полуостров. Просечната висина изнесува околу 1.000 м, а највисоките врвови се наоѓаат во јужниот дел на планинскиот венец. Двата најпознати врвови на Западните Гати се Калсубаи (1.646 м) и Махабалешвар (1.438 м).
Источни Гати се прекинат планински венец, кој ги пресекува четирите најдолги реки во јужна Индија: Годавари, Маханади, Кришна и Каувери. Овие планински венци се шират сѐ до Западен Бенгал, на север низ Ориса и Андра Прадеш сѐ до Тамил Наду на југ. Тие се простираат паралелно со Бенгалскиот Залив и не се високи како Западните Гати иако некои врвови се повисоки од 1000 м.
Источните и Западните Гати се поврзуваат кај Нилгири во Тамил Наду. Анаимуди на Кардамом, со висина од 2.695 м е највисок врв на Западните Гати, а се наоѓа во Керала. Нилгиири се смета за дел од Западните Гати.
Индоганшка Низина
мини|200п|Опфат на Индоганшката Низина во Јужна Азија Индоганшката Низина ја сочинуваат големи алувијални рамничарски речни системи на Инд и Ганг-Брамапутра. Тие се протегаат паралелно на Хималаите, Џаму и Кашмир на запад, до Асам на исток. Просторот на алувијалните рамнини се наоѓа во државите Пенџаб, Харајана, источен Раџастан, Утар Прадеш, Бихар, Џарканд и Западен Бенгал. Индоганшката Низина зафаќа површина од , а ширината се разликува од должината за неколку стотини километри. Главните реки кои го обликуваат тој дел на системот се Ганг и Инд со притоките Беас, Јамуна, Гомти, Рави, Чамбал, Сатлеџ и Ченаб.
Индоганшкиот појас е најдолгиот непрекинат алувијален систем во светот, кој е обликуван со депозиција на приносите на бројните реки. Низините се рамни, без шуми и се погодни за наводнување. Ова подрачје изобилува со подземни извори на вода.
Рамнините спаѓаат во најинтензивното земјоделство во светот. Во Индогангската рамнина најмногу се одгледува ориз и пченица, но и пченка, шеќерна трска и памук. Познати и како големини рамнини, Индогангските рамнини се наоѓаат меѓу најнаселените подрачја на светот.
Пустина Тар
мини|200п|Џејселмир во Раџастан се наоѓа во пустината Тар. Пустината Тар (позната и како Голема индиска пустина) се простира во значаен дел од западна Индија. Пустината се простира во четири држави во Индији: Пенџаб, Харајана, Раџастан и Гуџарат и зафаќа површина од 208.110 км2. Пустината продолжува во Пакистан, каде се нарекува Чолистан. Најголемиот дел од пустината се наоѓа во Раџастан и зафаќа 61% од неговата површина. Во најголем дел, пустината е карпеста, додека само мал дел на крајниот запад е песочен.