Остро лутиче () — еден од почестите видови на родот лутиче ширум Европа и умерените предели на Евроазија. Ова е влакнесто растение со извишени витки стебленца на кои стојат сјајни жолти цветови со пречник од околу 25 мм. На цветот има пет венечни ливчиња на 5 зелени чашкини ливчиња кои пожолтуваат штом ќе се развие растението.
На него има многубројни прашници вметнати под плодницата и цвета од мај до јули. Кај другите членови на овој род, многубројните семиња се присутни во облик на семенки.
Народниот назив „лутиче“ води потекло од фактот што тие знаат да предизвикаат „луто“ чувство на кожата. При ракување со лутичињата треба да се биде претпазлив, бидејќи тие во себе ја содржат состојка ранункулин, која тогаш се разложува и создава протоанемонин, кој може да предизвика воспалувања на кожата. Токсичните материи се разложуваат со сушење, и затоа секакво ракување на суви лутичиња е безбедно.
Во Македонија Во Македонија расте по влажни ливади и тревести места, како и покрај патишта. Ова е широко распространето растение, познато за низинските ливади, а се среќава и по планинските влажни ливади.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 122-123, МАНУ, Скопје, 1985
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година