Паштунски јазик (насх: پښتو‎ - ), исто така познат и како авганистански,The American Heritage Dictionary of the English Language, Fourth Edition. Houghton Mifflin Company, 2004. 03 Jan. 2008. <Dictionary.com http://dictionary.reference.com/browse/afghani>."afghan." WordNet 3.0. Princeton University. 03 Jan. 2008. <Word Net http://wordnet.princeton.edu/perl/webwn?s=Afghani&sub=Search+WordNet&o2=&o0=1&o7=&o5=&o1=1&o6=&o4=&o3=&h=00> е индоевропски јазик што се зборува во Авганистан и северозападен Пакистан. Јазикот припаѓа во групата на индоирански јазициPashto language, Енциклопедија „Ираника“, 2008. Пашту зборуваат околу 38 до 42 милиони луѓе во целиот свет. Паштунскиот е службен и национален јазик на Авганистан.

Дијалекти Како последица на лошиот терен на кој живеат Паштунците, јазикот има многу акценти или дијалекти на паштунскиот јазик. Двата главни дијалекти се мекиот или јужен дијалект и тврд или северен дијалект. Пактика е грубо кажано границата помеѓу двата дијалекти. Поглавни одлики или разлики помеѓу дијалекти е во изговорот на следните две букви:

Јужен (Кандахар): Југисточен (Куета): Централен Ванеци (Тарин): Централен Вазири (Вана): Централен Хости (Хост): Северозападен (Гилзај): Северен (Нангархар): Североисточен (Јусуфзај):

Разликите помеѓу јужните дијалекти и северните дијалекти се претежно фонолошки и има едноставни разговорни правила. Морфолошките разлики помеѓу нив се многу мали и незначајни. Како и да е, централните дијалекти се лексиколошки поразлични и варираат од дијалект во дијалект. Јужниот дијалект од Кандахар е најконзервативниот дијалект во поглед на фонологијата. Паштунската азбука се заснова на јужниот дијалект. Одредени дијалекти покажуваат многу архаични особини.

Распространетост

Паштунскиот го зборуваат околу 27 милиони луѓе во западните покраини Северозападни предели, Белуџистан во Пакистан со околу 20 % од населението и уште 11 милиони луѓе низ Авганистан, што ги прави околу 35% од населението на Авганистан. Покрај Пакистан и Авганистан, значајно паштунско население има и во Иран.

службен стгатус Паштунски е национален јазик на Авганистан и службен јазик во државата. Јазикот се користи од авганистанската администрација, образованието, телевизиите и религиозните институции.

Писмо Паштуанска азбука Буквите на паштунската азбука се:Pashto Alphabet Table

ا ب پ ت ټ ث ج ځ چ څ ح خ د ډ ذ ر ړ ز ژ ږ

س ش ښ ص ض ط ظ ع غ ف ق ک ګ ل م ن ڼ ه و ى ئ ي ې ۍ

Букви карактеристични за паштунски Следните букви се карактеристични само за паштунски јазик: ټ، ځ، څ، ډ، ړ، ږ، ښ، ګ، ڼ، ې ،ۍ

Петте јаса на паштунскиот јазик Следните се петте јаса: ی، ي، ې، ۍ، ﺉ

Латинска паштунска азбука

Латинската паштуанска азбука е заснована на следните 41 графеми:

Aa ( َ ), Ââ (ا), Bb (ب), Cc (څ), Çç (چ), Dd (د), Ďď (ډ), DHdh (ذ), Ee (ې), Ëë (ہ), Ff (ف), Gg (ګ), Ģģ (غ), Hh (ه), Ii (ي), Jj (ژ), Kk (ک), Ķķ (خ), Ll (ل), Mm (م), Nn (ن), Ňň (ڼ), Oo (و), Pp (پ), Qq (ق), Rr (ر), Řř (ړ), Ss (س), Šš (ښ), Şş (ش), Tt (ت), Ťť (ټ), THth (ث), Uu ( ُ or و), Vv (ب or و), Ww (و), Xx (ځ), XHxh (ج), Yy (ى), Zz (ز), Žž (ږ)

Граматика

Паштунскиот е јазик што има реченици од типот П-П-Г (подмет-прирок-глагол). Придавките доаѓаат пред именките. За разлика од персиски јазик, именките на паштунски јазик имаат род (машки и женски) како и вообичаениот број на именки. Покрај ова, јазикот има и падежи и тие се: директив, облигатив I, облигатив II и вокатив. Глаголите ги разликуваат следните граматички времиња: сегашно време, субјунктив, минато време, минато продолжено време, сегашен перфект и минат перфект.

Фонологија Самогласки ПредниСредниЗадниЗатворени СредниОтворени

Покрај овие ги има и дифтонзите .

Согласки Уснени Забни Венечни Свиени Задно-венечни Предно-непчени Задно-непчени Ресични Гласилни Носни Избувни Струјни Слеани Приближни Вевни

се среќаваат само во странски зборови.

Зборовен фонд

Повеќето од зборовите во паштунскиот јазик се од самиот тој јазик. Зборовите што се преземале низ историјата најчесто се од арапско потекло, а додека во последно време се преземаат и од персиски јазик.

Примери Забелешка- Следната транслитерација го претставува јужниот дијалект.

Примери со зборот "tlël" (оди):

Команда:

Wë šawanxi ta xa! (се изговара како 'dza') (ти) Оди на училиште!

Сегашно:

(Zë) wë šawanxi ta xëm. Јас одам на училиште.

Сегашен Перфект:

Wë šawanxi ta tlëlai yëm. Јас имам отидено на училиште.

Минато:

Wë šawanxi ta wlâřëm. Јас бев на улилиште.

Минат Перфект:

Wë šawanxi ta tlëlai wëm. Јас имав отидено на училиште.

Минато Продолжено:

Wë šawanxi ta tlëm. Јас одев на училиште.

Субвјунктив:

Cheh zë wë šawanxi ta tlëlai. Јас би сакал да одам на училиште.

Прашања: Cë nameže? или Stâ num cë dae? (Како се викаш?) Çereh или çerta xe? (Каде одиш?)

Надворешни врски

Речник на паштунски. Извештај на Ethnologue за паштунски Слободен пштунски речник Паштунски софтвер за локализација и развој Етничка состојба на Авганистан

Паштунски фонтови Слободни фонтови: Слободен фонт за ASCI Слободен паштунски фонт (зип формат) Преземи слободен паштунски фонт Паштунски фонт

Наводи

Категорија:Источноирански јазици Категорија:Јазици во Пакистан Категорија:Јазици во Авганистан Категорија:Флективни јазици