мини|Жирафа на ловиштето Итала Итала (англ. Itala Game Reserve) — ловиште површина од 290 км2 нерамен планински крај на северот на провинцијата Квазулу-Натал, околу 400 км северно од градот Дурбан во ЈАР. Ова е едно од најновите ловишта во ЈАР. Надморската височина се движи од 400 m до 1450 m, па затоа теренот се одликува со голема разноликост - од густо обраснати речни долини, па сѐ до тревнати висорамнини, с'ртови и гребени.

Во ловиштето живее секаков крупен дивеч, освен лавот.

Историја Во доцниот XIX век кралот Динизулу им го дал ова земјиште на бели земјоделци. Во 1973 одборот за национални паркови почнал да откупува поединечни чифлици и да ги претвора во резерват.

Занимливости Во Итала се наоѓаат два напуштени рудника за злато.

Поврзано Список на природни резервати во ЈАР

Наводи

Надворешни врски Владина страница на управата на провинцијата Квазулу-Натал Страница на организацијата Ezemvelo KZN Wildlife Официјална страница на Јужноафриканските национални паркови

Категорија:Заштитени подрачја во ЈАР