Рондонија (Rondônia ()In Brazilian Portuguese. The European Portuguese pronunciation is .) е држава во Бразил, сместена во северозападниот дел. на запад се граничи со Акре, на север со Амазони, на исток со Мато Гросо и на југ со Боливија. Престолнина е Порто Вељо. Крстена е по Кандидо Рондон.
Географија thumb|left|Мадејра (река). Територијата на државата претежно е покриена со Амазонска дождовна шума, но околу три петини од земјата е обесшумена и налесивање на територијава започнало дури после 1970-та. Повеќето од населението живее во урбани подрачја. Рондонија главно извезува дрвја, кафе, кокос и др.
Клима Екваторска клима владее до државава, нема сува сезона – преку сите месеци има силна врнежливост, околу 60 милиметри. Тропска дождовна шума е основната вегетативност.thumb|right|Јагуар во Амазонска дождовна шума.
Демографија thumb|Мадејра (река) и Порто Вељо. Според БИГС во 2007, населението брои 1,597,000 . со густина 6.6 ж./км2.
Урбанизација: 66.8% (2004); прираст: 2.2% (1991-2000); Домаќинства: 430,747 (2005).Source: PNAD.
Структура: 934,000 Пардо (53.8%), 590,000 Бели (37.0%), 114,000 Афро-Бразилси (7.2%), 35,000 Азијати или Домородци (2.2%).
Тривија Возила: 337,089 (март/2007); Мобилни телефони: 730.000 (април/2007); Телефони: 247.000 (април/2007); градови: 52 (2007).Source: IBGE.
Стопанство секторот за услуги зафаќа најголем дел од БДП со 54.1%, следен од индустрискиот сектор со 30.6%. Земјоделство 15.3% од БДП (2004). Државата извезува: дрво 83.6%, кафе 8.7%, гранит 3.2%, месо 3.1% (2002).
Удел во Бразилската економија: 0.7% (2005).
Образование thumb|Федерален Универзитет на Рондонија во Порто Вељо. Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции Федерален Универзитет на Рондонија (Unir); факултет за Научна Администрација и Технологија (Fatec-RO); факултет за Хумани науки (Faro); Факултет Порто Вељо (FIP);
Инфраструктура Меѓународен аеродром thumb|Аеродром Порто Вељо/Гувернатор Жорже Теиксеира де Оливеира Аеродром Порто Вељо/Гувернатор Жорже Теиксеира де Оливеира е сместен седум километри од градот, на секој час има автобуси од градот до аеродромот. Аеродромот има 98 летови неделно, повеќето кон останатите бразилски држави.
Автопати BR-174, BR-317, BR-319, BR-364, BR-421, BR-425, BR-429.
Пристаниште Cai n'Água пристаништето е сврзано со Порто Вељо до Хумаита, Маникоре и Манауш.
Племиња thumb|right|Домородци во Амазон. Племињата во Рондонија се едни од најизолираните. Првиот контакт со нив е остварен дури 1995, кога броеле само седум души. Во 2006-та се веќе шестмина.Сместени се во југозападниот регион на Рондонија. Друго изолирано племе познато како Каное од Омере живее покрај нивното село.Akuntsu and Kanoê, Survival. Посетено на 1st December 2006.
Малцински јазици thumb|left|Куќа покрај Амазон. Џеоромиткси (Јабути), Макро-Ге јазик, Гивиао, Н‘енгату, Тењарим, Амундава, Суруи итн. Некои од изумрените доммородски јазици зборувани во рондонија се: Тукуманфед, Карипунаа, Вирафед, итн. После 1960-тите, се зборува Померански (Германски јазици).
Знаме Знамето е дизајнирано од страна на Карваљо Фејтоза и адоптирано со закон No. 41 на 22 декември 1981-ва. Знамето ги има истите бои како и националното Знаме на Бразил, со ѕвезда во средината која ја симболизира новата држава.
Наводи
Рондонија е спомната во поемата "Плач за Рондонија" од Британскиот по потекло автор Ел Гогелехеад.
Поврзано
Бразил Официјална страница Бразислки туристички портал Рондонија Web
Категорија:Сојузни држави во Бразил