Вилинско ракче (поточно: пелагониско вилинско ракче: ()) — ракче од от вилински ракиња (Anostraca) кое живее во Пелагонија, Македонија, поточно во наоѓалиштето Локви, кај селото Големо Коњари, Прилепско. Овој вид на ракче е ендемски вид во Македонија и живее само на територијата на Македонија и никаде на друго место во светот. На списокот на загрозени животни на ЕУ се наѓа и ова животно. Во Македонија се очекува да се заштити со закон.

Живеалиште мини|Локви – споменик на природата Живеалиштето на самовилското ракче е во неколкуте бари на месноста „Локви“, на десетина километри од Прилеп, покрај патот Прилеп–Крушево. Во 2003 година бил донесен закон за прогласување на месноста „Локви“ кај Големо Коњари, Прилепско за Строг природен резерват. Вкупната површина на резерватот била определена на 50 хектари. Подоцна, во 2010 година, месноста „Локви“ е прогласена за споменик на природата со површина од 15 хектари, кој во законската хиерархија е од понизок ранг на законска заштита.

Опис Ракчето е долго 2 см, својот животен циклус го започнува во рана пролет и го завршува при крајот на мај, кога полага јајца кои имаат дебела обвивка, која им овозможува заштита од студот преку зимата и сушата преку летото кога водата во барите пресушува. Скриени во трските, од јајцата напролет повторно се развиваат млади самовилски ракчиња.{

Наводи

Надворешни врски Sket, B. 1996. Chirocephalus pelagonicus. 2006 IUCN Red List of Threatened Species. Downloaded on 09 August 2007.

Категорија:Ендемска фауна на Македонија Категорија:Ракови