Спортската сала Гемиџии позната и како Сала Парк или Сала 25ти Мај — повеќефункционална спортска сала во Велес и се користи за кошаркарски, ракометни и футсал натпревари. Овој спортски објект во моментот е со сместивост од околу 3,000 гледачи.
Историја Официјално салата била пуштена во употреба на 12 јуни 1982 година под името „25 мај“. При отворањето имало околу 4.000 луѓе публика, како за самото отворање, така и за првиот натпревар во салата помеѓу ОК Борец и ОК Работнички. На отворањето имало всушност организиран турнир, каде покрај ОК Борец и ОК Работници, учествувале ОК Вардар и ПК Авиа од Полска.
Наводи
Категорија:Кошаркарски собиралишта во Македонија Категорија:Спортски сали во Македонија Категорија:Спортски зданија во Велес