Адријан (латински: Publius Aelius Traianus Hadrianus или Imperator Caesar Traianus Hadrianus AugustusSalmon, 333) — третиот римски цар од династијата на Антонините. Познат е и како Публиј Елиј Трајан Адријан
Животопис thumb|right|300px|Римското Царство во 125 година, за време на владеењето на Адријан Адријан е роден на 24 јануари 76 во градот Италика, во близината на Севиља, денешна Шпанија. Според натписот на еден споменик, еден од учителите на малдиот Хадријан бил софистот Исеј од Атина.Маргерит Јурсенар, „Напомене“, во: Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004, стр. 331.
Со Римското Царство управувал од 8 август 117 година до 10 јули 138 година, а негов наследник бил Антонин Пиј. За време на неговото владеење, Римската Империја била во мир и спокојство во текот на 21 година. Во 120 година, тој го изградил храмот Пантеонот во Рим, една од најзачуваните објекти од времето на Римското Царство, како и храмот на Зевс во Атина. Исто така, во 122 година го изградил познатиот Адријанов ѕид во Велика Британија.
Царот Адријан покажувал голем интерес за уметноста при што и тој самиот пишувал стихови. На пример, есента 124. година, „на бреговите на Хеликон, крај Нарцисовиот извор“, ги напишал песните „Љубов“ и „Ураниската Венера“, кои се врежани на внатрешниот ѕид на храмот во Теспија. Според сведоштвото на Паусанија, приближно во истото време, царот Хадријан напишал уште една песна на Епаминондиниот гроб во Мантинеја, но таа не е сочувана. Неговата најпозната песна е „Animula vagula blandula“.Маргерит Јурсенар, „Свеска са белешкама за „Хадријанове мемоаре“, во: Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004, стр. 318.Маргерит Јурсенар, „Напомене“, во: Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004, стр. 336.
Значење и влијание Животот на царот Адријан е тема на едно од најпознатите дела на француската писателка Маргерит Јурсенар, романот „Мемоарите на Адријан“, објавен во 1951 година.Маргерит Јурсенар, Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004.
Наводи
Категорија:Нерво-Трајанска династија Категорија:Родени во 76 година Категорија:Починати во 138 година Категорија:Стари Римјани од 2 век Категорија:Римски цареви од 2 век Категорија:Конзули на Римското Царство Категорија:Нерво-Антониска династија Категорија:Римска Грција Категорија:Луѓе од Рим Категорија:Римјани од 1 век